Можеби си требала дерматолошкиот гел на мустела да го земеш, да поскап е, меѓутоа се става по 1-2 капки, еве ние веќе 6 ти месец сеуште го употребуваме првото паковање. За пеленски осип можеш да ја земеш било која крема со цинк оксид или павловичева со перу балзам. За после бањање јас користам јекодерм. Друга посебна детска козметика не ти е потребна.
А како сте задоволни од Hipp колекцијата?Јас сеуште се двоумам која колекција да ја одберам ги прочитав сите мислења и секој различно,и сега стварно незнам што да купам Гледам некој го препорачуваат Еуцеринот,има посебна линија за бебиња или ...бидејќи не сретнав во аптеките...
Да ве прашам тие што користите Мустела за капење, дали користите крема за тело после тоа, која и колку често? Јас земав Мустела, па се мислам дали да земам некое млеко за тело за после капење.
Јас користам сапун Мустела за бањање и помада Мустела за ептен чуствителна кожа и мачкам од неа на целото тело и лице после секое бањање. Не е евтина, ама на моете бебе највеќе и одговара, плус многу долго трае.
Ajde majki pomosh!!!! Se izvinuvam za lat.ne sum vo moznist za kirilica Na maloto (1god. I 2mes) ovie dva dena od sonceto mu se isushi i vcrvi kozata na liceto Kako da se spravam so ovoj problem? Koja krema za cuvstvitelna koza so rh faktor da ja zemam? Vi blagodaram
Јас користам помада за тело и лице, ептен сум задоволна. Цена 1200 ден. и сапунче 360 ден. исто презадоволна и многу долго трае.
Се зависи од бебето. Јас од старт користам Бекутан сапунче и Беккутан млеко за тело, а за лице ја користам детската крема со плаво капаче, и детска витаминска крема исто на Бекутан. Презадоволна сум, кожата на ќерка ми свети. Доколку се појави некое црвенило или слично, употребувам крем со цинк оксид исто на Бекутан, а за поголемо црвенило или осип Алое фрст спреј, го има само во неколку аптеки во цело Скопје. Чуда прави! Алергична е на полен и лицето и се нафрла, со едно прскање нема веќе ништо.
Прашав и во аптека, мустелата многу ми беше скапа, околу 800 денари и аптекарката ми понуди хип исто немаат конзерванси, парабени, парфем, и сега за сега сум задоволна а не се скапи
Мамички ај ве молам споделете искуство со кремите за сончање. Сакам да земам некој крем, ама не знам кој е најдобар.
Зависи од возраста. Јас сум користела на чико.убаво и лесно се нанесува а 50 фактор, додека 50 кај бекутанот одвај се мачка.
Зависи од возраста. Јас сум користела на чико.убаво и лесно се нанесува а 50 фактор, додека 50 кај бекутанот одвај се мачка.
Доколку навистина ве интересира кој е најодбар крем (препарат за сончање), во европа според IMS HEALTH најдобри препарати за сончање издадени во аптека за 2013 се производите на Avene колекцијата за сончање. Искуствата на терен кажуват дека навистина се многу добри и имаат голем избор во зависност од кожата на телото... за сува, за мрсна, нормална... кожа склона на акни и др.
Започнавме со козметиката на Бекутан, ем пифатлива цена ем убаво мирискаат а и одговараат на кожата на моето бебе. Се бањаме со купката на Бекутан, потоа се масиркаме со млекото за тело исто Бекутан, а по потреба користиме и бебешка пудра пак на Бекутан. До скоро користев и шампонче Бекутан, ама сега го сменив со Нивеа бебешки шампон од кој исто сум задоволна. Најверојатно ќе пробам козметика и од некои други фирми,онака од љубопитност, но Бекутан ми одговараат и со цена и со квалитет.
Јас од чико зедов со 50 фактор е,многу е убава, лесно се размачкува, нема парфеми и е за 0+ и најмали бебиња можат да ја користат