Мајки 2месеци сме и користам од раѓање уријаж козметика а облека и перам со персил сензитив. Откако ја прими вакцината за рота почнува често да ми се нафрлува на лицето и околу устата дури и кога ми лежи кај мене на рака. А по телото нема ништо. Дали има некаква врска со вакцината или и е понежна кожата што мислите? Дали да и сменам друга крема за лице? Кога ја мачкам и се смирува ама при контакт со некој одма се нафрлува дури и некои делови се суви.
Драга доколку нема поголеми црвенила или проблеми, нема потреба од креми за лице кај толку мало бебе.
Има една добра апликација INCI Beauty за проверка дали се добри козметичкиве производи. Го скенираш бар кодот и voila. Дава оценка од 0 до 20 во зависност од тоа дали имаат лоши состојки. Го правевме мислам овде муабет Бекутан. Е па 0 оценка има. И Косили многу ниска. А сè тука што ни препорачува Biodevojka има супер оценки.
Au krsh. Ke se zaigram sega Me interesira za Frezyderm od Zegin, Grcki se, bas gi forsiraat oni deka gi uvezuvaat. Ke pisam posle
Сè живо искенирав дома. Има на апликацијата и опција Search, може да си побараш за производите што те интересираат. Мислам дека имаше оценка 0 и Frezyderm ама види провери. Од тоа што проверив, сите производи од Веледа се супер. Повеќете производи за бебиња што ги има на Белина се исто така супер. Од поевтините, Алверде имаат производи со високи оценки, исто и Babylove од ДМ. Знам многу ги користат белите Виолета влажни - добра оценка имаат. Додека Мустела не се воопшто добри.
И јас ја користам апликацијава, мислам дека премногу ми се најде! Околу козметиката сум со Hipp каде е со одлична цена а оцена е 18
Може ли да ми препорачате добра крема за исфрлано газе кај едно месечно бебе? Редовно си се мачкаме со розевата павловичева на Галафарм ама приметив дека почнаа да му се прават црвени точкички на газето баш кај што му се допираат обравчињата па ми треба нешто поконкретно за смирување
Земи нешто на база на цинк оксид, и моја препорака ти е да престанеш да користиш крем на секое менување пелена, нема потреба. Газето треба да е чисто и суво, а со кремите е мрсно и му се трие повеќе од пелената. Од искуство ова, првото дете нонстоп го мачкав, постојано имаше пеленски осип, второто ич не го мачкав, немаше никакви проблеми со осип.
А зошто мачкате на секое? Ај пробај ти кога имаш добиено да мачкаш цело време павловичева да видиш дали е пријатно, не е. Исто е. Јас мачкам по потреба, ама мачкам да убие и облакам после. Не она дебел слој да седи ко некој фластер на газот. Некогаш децата плачат велиме без причина ама ете запрашајте се како би ви било да се намачкате на газот крема масна, да опнете пелена и да не смеете одозгора и да кажете ништо, зошто они не знаат да кажат. Не е пријатно.
INCI Beauty, најчесто ги формира оценките за производите врз основа на тоа колку состојки се “природни/од растителни потекло”. Сметам дека ваквиот пристап, дека се “природно”, односно од растително потекло е најдобро и најбезбедно, е многу погрешен и потенцијално опасен. Постојат многу несоодветно спроведени експериментални студии кои даваат погрешни факти, кои пак се пласираат од проповедницте на “природното” како апсолутни. Не велам дека се шо е синтетско е апсолутно безбедно, далеку од тоа, но многу голем дел од “синтетски создадените” состојки се со некаква придобивка за човекот бидејќи нивното создавање подлежи на макотрпен и темел истражувачки процес за придобивките и потенцијалните несакани ефекти кои ги има една состојка. Типичен пример е Вазелинот(Петролатум) и/или течниот парафин. Шо се однесува на природните состојки, за кои се тврди дека се апсолутно безопасни и за кои се даваат високи скорови на INCI Beauty, имаат потенцијал да бидат силно алергогени, комедогени и иритирачки, особено есенцијалните масла. Исто така, воопшто не ми се допаѓа ставањето на милион екстракти во козметипку производи, цитирајќи го нивното делотворно дејство, а не постои речиси ниту една релевантна клиничка студија која го докажува нивното дејство.
Mamicki, tie sto ja imaat koristeno, kako ste zadovolno od spf kremata za lice i telo na Mustela? Se mislam da ja zemam, gledam pisuva deka e 0+, nie sme dva meseca i znam deka ne se preporacuva mnogu da se macka volku rano ama koga shetame znae da mu pece sonce na nodzinjata na bebo i mi e strav da ne zagori, a ne mi se oblakaat corapcinja ili pantaloncinja na vremevo toplo e a mi se buntuva i on.
Ќе шетате кога не е јако сонцето, не мачкај ништо пред 6м. Од 1 до 5 нема искачање од дома и тоа е. Од сабајле и попладне и да не намачкаш сега не е страшно.