А која на Веледа? Гледам има една со бел слез за сува кожа и со невен има. Сакам полека да почнам со ситници купување и лутам. Веледа гледам има доста добри искуства, а сега е и на некој попуст по аптеките па сакав да земам. А за пеленска регија исто имаат крема Веледа, искуства со неа?
Веледа со невен ја имав, најобичната. За пеленска исто Веледа од сам почеток користев и не ја сменив. Ептен по потреба знаев да вклучам и Бепантен ако и се зацрвенеше газето ама дали 2, 3 пати било.
Да знам, затоа си викам да си купам некои работи додека се на попуст и онака понатаму секако планирам да земам. Порано Мустела многу беше фалена и една од поскапите, но сега гледам Веледа повеќе ја фалат како поприродна.
На инчи апликацијата види која ти е подобра. Јас изненадена сум како извикани колекции се помалце добри од Хип или Алверде.
Јас користев за ќерката кога имаше 10 месеци, првиот одмор. Како спрејче беше и супер задоволна бев. Убаво се размачкуваше и некоја нормална цена беше. Со тоа ја мачкав на тело, а за лице Алверде Сенситив.
Aj ve molam sovet za mleko so zashtiten faktor dali e podobro carroten ili nivea (i dvete sekako 50spf). Prehlani na odmor go machkav so alwerde i ne mi teknuva ushte edno sredstvo od Bellina.
Бебе е скоро 6 месеци, од почеток користиме Мустела хидра бебе обичните купка и млеко за тело, ама на 2 месеци кога бевме на вакцина му беше посува кожата и ми рекоа да пробаме да го бањаме со маслената купка на мустела, и земавме таква плус стелатопиа млеко за тело од истата линија како маслената купка. Е сега, скоро ќе ни се потроши маслената, а и уште 2-3 пати имаме од млеково за тело стелатопиа, дали можам да го вратам на обичните мустела? имаат рок добар само ми е страв дека нели на се стои 6 месеци од отварање, за мене користам се до крај ама можно ли е нешто да му бидне на кожата ако е повеќе од 6 месеци отворена? Криво ми е цела купка скоро од 750мл и лосион од 300мл ни се останати..
Ништо нема да му биде Јас имам користено подолго од наведеното на амбалажата. Ако имаат сменето боја, мирис, структура, тогаш би фрлила. Во спротивно, би ги употребила.
Maјки,дали го имате користено овој шампон и какво искуство имате? Користев од бебе па до сега 2 год Мустела, сега земав од овој многу го фалеа
Девојки прашање, кај и да е треба да дојде бебево и сакам да купам од веледа козметика. Гледам дека колекцијата има еден цел куп производи, и голем дел претпоставувам нема ни да ми требаат. Што да купам да бидам спремна за новороденче? Претпоставувам крема за пеленска регија, купка, некоја крема? Помош??