Јас уште од Грчка имам зимано, има и производи што ги нема кај нас, многу ми се погодени. За после комарче каснато, за заби, путер за удрено, за газе Имаат убави работи што редовно ги зимаме дома, само да се погодат и на детето
Сакам да купам мустела козметика. Се мислам дали овој гел, или шампон? Дали сапун? Млеко за тело и за лице дали треба на почеток? И ако може слика од кои на мустела да земам затоа што има повеќе. Дали за пеленска регија павловичева и која?
Оваа линија со авокадото е топ, ние ја користиме од раѓање. За почеток имаш гел и шампон во едно на Мустела, и лосион за тело исто. Крема за пеленска регија имаме исто на Мустела и е топ. Крема за лице имам земено и ставивме неколку пати, ама не е неопходна.
Ја користиме втората и нема реакција некоја и супер е. Не ја мачкам на секое менување и си стои кремата. Мој совет: Земи си мало пакување, да видиш дали ќе има реакција , бидејќи не се сите бебиња исти, па потоа земи големо. Имаш 3 пакувања ( големини) од втората.
A зошто Павловичева? Има ли научно докажани факти дека Павловичева штити? Еве две деца ниеднаш не намачкани со Павловичева, никаква мака немаат. Мијам или бришам какано и ако е црвено ставам 123 од Мустела, на малово за скоро 2г имам потрошено пола китивче мало Судо крем и тоа од него и брат му мачкав еднаш кога се потпари, пола туба 123 и нецела туба Фризи дерм крема за пеленска. Од истите сме се мачкале и ние на раце, ја петици мачкав со таа на Фризи, никако да се потрошат.
Некој искуство со производите на Gamarde? Се мислам меѓу Gamarde и Мустела, ма да и Биодерма ми е во мисли..
Мустела е преубава. Ние почнавме со неа, ама се префрливме на Биодерма по препорака на педијатар. И двете се убави. Биодерма е повеќе медицинска да кажеме.
Гамарде има многу подобри оцени, само е малку поскапа па не е извикана. Мустела има добра реклама Биодерма чувај ја за проблематична кожа. Веледа исто има високи оцени.
Не е извикана зошто е препрепрескапа, некој со минимална плата ме може да одвои една половина за основните производи.