Па воопшто не размислувам за парите, посебно не дури е новороденче. Сакам само да бидам сигурна дека ќе одберам квалитетна козметика... Мислам дека ќе биде Гамарде на крајот. А јас искрено од периодот пред да забременам и навака, почнав само со Биодерма Атодерм производите. Немам проблематична кожа, ама малку почувствителна. Мислам дека е одлична линија, барем кај мене осетив многу разлика.
Ние почнавме од старт со Uriage еве веќе 3месеца користиме и сум презадоволна можеш да ја ѕирнеш и неа
Јас би ти препорачала ако можеш да купиш минимално козметика или во помала милилитража. Моево после 2 недели се нафрли и имаше атопична кожа. Моравме да пробаме различни козметики додека не најдеме која му делува. Ми остана се што купував претходно
Не мора да значи дека ако е скапа козметиката ќе му одговара на бебе. Ќерката е со атопична кожа сите можни креми и маслени купки ги пробав. Ла Рош Липикар немаше никаков ефект, исто како кога ја мачкав со Хип. Мислам дека имуна стана на Биодермата. Повеќе и одговараше Алверде од 300 ден зашто е природна него Биодермата. Еуцерин не и одговараше пред 2 години еве ја сега супер и е, само тоа користи. Синот сега на мекици некој Чико му донел, мука нема. И тоа купка само, со млеко откако е роден не сум го намачкала. Убаво ти пишале пред мене ако има со помала милитража земи си помали, не знаеш како ќе биде, цената не е никаков показател.
Не ни има потреба од шлакање со млеко. Less is more и за големи и за мали важи. За почеток неопходно е само 2во1 шампонче и купка + крема за вцрвенето газе. Толку. Алверде, Бејбилав, Хип...нежни, со убав состав и пристапни цени. Како што кажа, не секогаш цената е гаранција за квалитет.
Јас за почеток нарачав денес од Гамарде, па ќе видиме. Планирам со Линимент да почнам да мачкам од старт. Исто нарачав и за пеленска регија крема, гел за бањање и млеко за тело. Гледам дека има креми за лице и некои други производи, ама мислам дека за новородено ќе биде too much, освен ако нема потреба во зависност од кожата. Па ако има реакција, ќе сменам производ или бренд. Или ќе додадам производ. Ме фаќа мала нелагодност бидејќи сум човек кој не остава на случајност ништо хаха, морам за се' да имам спремна опција моментално. И вака ме фаќа паника што ако и е кожата посензитивна, а јас не сум купила се' што треба за осетлива кожа. Не само за козметиката... Исто е и за алиштата, за детергентот дали ќе е погоден, за пелените дали ќе се погодени. Мозокот каша-попара.
Bioderma atoderm. Секогаш пред излегување ја мачкам. Кога ептен се вцрвенува ставам неколку пати на ден. Брзо ја смирува.
La Roche Lipikar. Секое бебе е различно, прашај во аптекиве дали може да ти дадат тестери, пошто може да се изнафрлаш пари додека најдеш што му одговара.
Почни со едно, нема преку ноќ да ти затреба друга козметика, додека се освестиш ќе одиш до аптека, или ќе порачаш од Зегин сабајле коа ќе станеш на врата ќе ти се Битно ги имаш информациите, знаеш што сакаш, па ако ова не одговара, знаеш што е нареден чекор Исто и за алиштенца, ако видиш дека се смалиле или нешто фали, одма можеш преку ноќ да прелисташ online од кај сакаш да земеш и да пратиш некој да ти донесе, до крај на ден ќе ти се перени, во ова време барем се ни е достапно
Нарачав колекција од Гамарде, Персил сензитив за перење. Почнав да перам веќе. Ако покаже реакција, ќе преперам се' со друг, и така во круг. Тоа е, не можам да предвидам што да очекувам. Алишта имам од 56ка до 9м изнакупено. Ако се роди поголема не е проблем. Ако се роди помала, ќе докупам 50ка, или малку ќе плива во 56ка. Не знам дали доволно чаршавчиња имам со ластик, ама за почеток ваљда 5 се доволни. Ако има нешто, дури сум во болница, ќе биде онлајн шопингот на најјако.
Јас земав две постелнини за почеток, викаш да доземам само чаршавчиња? Или збориш за овие што не пропуштаат? 35та сум.. бебе пред недела одговараше за 37ма.. ме фаќа паника да не се породам порано па да немам ништо спремно.
Јас 5 имам за горни, а што не пропуштаат 2. Што знам, не знам ни јас колку се доволни. Си мислам што ако ете денес еднаш пелената му пропушти, па после да поврати на чаршавчето, или два пати да поврати во ден. Нема да пуштам перална и сушара за две нешта. Подобро да имам резерви.
Тоа сакав да кажам, чаршав за креветче 2 ти се и повеќе од доволно, ако сакаш да си екстра може и 3, ништо повеќе, вадиш переш и враќаш Becutan без омекнувач бебешки ми се покажа како најдобар за бебе и дете со атопична кожа, од прв ден
Од стружанка зема такви што не пропуштаат? Да си земам и такви и плус обие пелени за на кревет што се, па ако ми снема да покријат пекениве дур се пере.
Јас секој ден пуштав бебешка машина и сушара, се собираат иако изгледаат како мали работички, така се погоди кај нас и тераше па може до 2 години секој ден, па секој втор
Од Стружанка зедов од тие моч-пелени, за на шкавчето за пресоблекување. Дебела им е мушамата за да се стават на креветче јас мислам, ќе шуштаат и потат многу. Од Оздилек од East Gate ги зедов непропустливите чаршавчиња. Леле секој ден и пеглање ли. Ако нешто ич не сакам, е да пеглам. Иако не пеглам се, пак ми е многу досадно. Јас па си мислам дека мало, еднаш на три дена ќе пуштам перална и сушара за неа. Значи нон-стоп ќе вртат дома хаха. Јас и еден час ако носам нешто, одма за перење го ставам, нема шанса втор пат да го облечам. Сега без дете колку перални пуштам само....