Немој од стружанка, катастрофа се. Јас баш прашував за нив во друга тема, барај памучно, тие со мушама се, во состав пиши памук и пвцсега ќе земам од локо кроко, а тоа од стружанка ќе го заменам за нешто друго
Мајки, привршувам со купување за бебе и ми треба малце помош. Се изначитав во темава и пак сум збунета За почеток ќе земам хип купка 2 во 1, и хип лосионче за тело (не планирам секој ден да ставам, еднаш на два три дена) Е сега ми треба крема со цинк (по потреба), која е најдобра? Читав за фрезидерм, мустела, судокрем или препорачајте друга. Исто, сакам крема за пеленска регија за посекојдневна употреба ама пак и таа би ја користела или само навечер или на 2 3 дена (не на секое менување). Павловичева, хип крема има една (не знам која и е намената), или некоја друга? И последниот, бидејќи термин ми е декември, дали ми треба крема за лице со оглед на тоа што ќе биде надвор многу ладно а ќе треба да се излегува за контроли и слично. И која? Еве ја кремата на хип што ја најдов, не знам дали е оваа за лице, за газе, или може и за тоа и за тоа хаха.
За секојдневна иако немаш потреба оригиналната Павловичева е топ, крема со цинк, најзадоволна сум од Веледа. Крема за лице не ти треба, премало е бебе, од кола на преглед ќе биде. Гледај колку што можеш помалку мачкање, шлапање бебе мало, поубаво. Хипов ти е супер избор.
Фала ти. Крема за лице на почеток ме ама после кога ќе шетаме надвор, а февруари март ќе биде? Тогаш веројатно ќе ми треба. И јас мислев павловичева оргинал да земам ете барем за навечер после бањање да ја мачкам ама некако тука не е фалена многу хаха. Па мислев да не има некоја друга.
Па со млекото за тело Хип можеш да си го мачкаш, не мора посебно. Мене за ќерката супер ми се покажа Павловичева. Од јасли е во градинка, таму по едно кило им ставаат, никогаш не била нафрлана. Не знам зашто не е фалена тука, ваљда сите се по модерниве "органски" козметики повеќе. 70 години постои, да не чинела немала да постои до сега. Синчето сега му ставам да речеме еднаш во 2, 3 дена, Веледата ако се зацрвени нешто после какање. Ќерката цело време ја мачкав со Павловичева, со атопичен дерматит е, никогаш немала проблем. Еднаш само ми се потпари, Судокрем одма ја среди.
Супер фала ти многу, уште да размислам дали со цинк да земам веледа или фрезидерм некако тие најмногу око ми фаќаат. А влажни 99посто вода на бејбилав океј ли се? И такви пелени На оваа Павловичева мислиш?
Да оваа. Влажни Виолета вода јас користам супер се. Бејбилав за ќерката користев пелени ок беа, марамици не сум користела. Искрено јас не користам Бејбилав зашто морам да идам во продавница да купувам. Правам онлајн нарачки Зегин и ми носат до врата се што ми треба. Со две деца не можам да шеткарам многу.
Јас ги користам на Бејбилав и за мене нема подобри влажни, се зезнав земав и Слипи и Виолета и свашта, џабе, тоа е жива глупост според мене, се лизгаат, дебели, мали и не ги бива. Е сеа знаат да се залепат една за друга Бејбилав, ама не е толку страшно.
@Dodo1 јас секојдневно ја користам розовата павловичева од Галафарм (највисока оценка имаше на апликацијата за природни производи). По потреба ја користам Веледа, подобра е од Фрезидерм.
Water Wipes влажни каде наоѓате во Скопје? Цело време онлајн нарачував, сега веќе нема ништо на страната
Јас само веледа користам за пеленска регија секој ден, еднаш до два пати го мачкам со неа, прашав ми кажаа може да се користи потенок слој за секое менување памперс ама нема потреба зошто кремата е тешка и мрсна,1-2 пати во денот ставам. Ниту еднаш ми се нема подпарено или зацрвенето.
Дали сте задоволни од кремата на Weleda за лице која штити од студ? Сакам да ја земам заприметив дека кожата на лицето на бебо е рапава
Од Веледа само од оваа крема не сум задоволна. Многу лош мирис, му ствараше гнојанички и ја фрлив. Можеби едноставно мојата беше расипана не знам.
Мајки вие што користите бејбилав козметика, која крема за пеленска регија е подобра од овие две(двете се со цинк). И дали оваа последната со белово капаче е добра замена за павловичева (зборам за ете посекојдневна употреба)
Не ти треба крем за секој ден, само ако има осип е доволно, и тоа кремот со цинк. Од искуство со две деца. Не фрлај пари за џабе.
Ретко потпишувам твое мислење ама да, потпишувам Две деца, ниедно немам ставено Павловичева, нит па на дневна база шлакани деца. Кога си иде од градинка преку пелена смрди на Павловичева, како плашат толку не знам.