Ако се одлучуваш да земеш од овие - втората. Мене највеќе ми се погодила, но за нафрлено на газето највеќе помогнала мустела 123. Како што ти спомнале и членките погоре, убаво е да не ставаш секојдневно крема на газето само ако се нафрла. Не можеш да знаеш што крема ќе му биде погодена (секое бебе различно - различна кожа - различна крема); доволно е да земеш една за старт и не фрлај пари за џабе ахаха ќе си видиш со тек на време
Втората е уствари со цинк така, од таа по потреба се мачка? Гледам супер состав има затоа би ја земала таа, а не е скапа варијанта па ако не се погоди ќе менуваме
Ако ти треба мрсна крема и имаш така наумено да ставаш на беба земи си Павловичева. Од креми со цинк кои ќе смират воспалена и нафрлана кожа нема штедење. Користев веледа со невен и цинк, добра е не викам не... Ама една вечер се искакала, се нафрла. Користев маст за потпарено, веледата не ја спасуваше. Моментално прдка рандом и какнува и пак ми се исфрла, мустела 123 ми дадоа тестерче. Ќе потврдам дека е врв. Од бејбилав во предходниот пост имаш споделено една крема , скроз е нежна и хидратантна. Ама сепак мене на хипп таа 125 денари што е ми се свиѓа повеќе. А на бејбилав го земав маслото за тело многу е убаво, не е премрсно онака таманка за после бањање. Јас у глобала сум човек што не користи козметика, све сум пробала ништо не ми чини одма ми се презаситува кожата. Беба изглеа не е на мене хихи. Единствено ми треба кремичка за лиценцето за ладново да ја мачкам.
За одржување хидратација ако тоа сакаш, е одлична ^^ еве и оваа била за лиценце. Само мислам з нашето ладно зимо нешто појако треба, ќе пробаме ќе видиме
Јас оваа ја користам од почеток и сум задоволна. Погуста е, ама не е тешка или многу мрсна. Моето досега немало осип, јас не го мачкам често, еднаш на ден, некогаш ниеднаш. Јас често менам пелени, ич не сака да е мокар, така се навикна. И ноќе кога пие млеко, ја менувам.
Третата ја имам користено, но таа е за лице и тело, не е воопшто слична со павловичевата. Баш е нежна и хидратантна, нешто ко лосион. Таа од Алверде со цинк погоре што ја постирале ја сум ја користела за пеленски осип исто и Судокрем и задоволна сум од двете. Павловичева и пудри никогаш не сум користела. Ако нешто често ти се зацрвенува, па ај да земеш нешто помрсно да мачкаш како заштитен слој, ама секојдневно без причина нема потреба.
Препорака за лосион за бебе? Скоро 8 месеци е, летото не ставав фека жешко беше. На бејбилав користам шампон со камилица ама лосионот се прави грутки. Нема до сега проблем со кожа.
На бејбилав која линија е поубава, таа што е сензитив или ултра сензитив ? Мирисаат на бебе или слабо ?
Јас користев ултра сензитив на почетокот не мириса ич скоро, од неодамна ми подарија со камилица шампон на бејбилав и он ми е прекрасен. Е сега за лосион се мислам да видам на хип или некој.
Мајки,кажете некоја крема за лице за бебињата,сега како за овај период ,а да не е ѓавол и пол пари ? Инаку користам уријаж млеко,ама сакам некоја крема само за лице.
https://eliksir.mk/product/sebamed-baby-cream-extra-soft/ Оваа. Не е ѓавол ипол, 50мл, го прави лицето памук. @Dodo1 , можеш и ти да ја видиш. А за газе за црвенило, најтопло ја препорачувам Маст за потпорено. Кај мојата ништо со цинк не помагаше, од оваа со 1-2 аплицирања газето стакло. Никогаш не се оставам без неа дома.