Знам дека нема потреба, два месеци ништо не користев, освен за пеленска регија и Јекодерм по потреба. Ама не можам да го оставам така со сува кожичка. За бањање користев Еуцерин маслена купка и мислам дека повеќе му ја сушеше кожата. Сега сменив со Babylove шампонче и почнав со лосион. На сувите делови на лицето ставам Јекодерм, ама па не можам цел да го мачкам со тоа.
Пантенол крем на лице и ставам... на два дена ја бањам и тогаш само ставам, после бањање.. Многу беше осипана на 2м на лице, а ништо не ставав... и Јасна тогаш ми рече пантенол крем. Знам и да скокнам да не намачкам. Но кога мачкам, едно топче мало на прст го размачкувам и после на лице.
Јас не и ставав ништо на лиценцето, пред скоро месец и се направија црвени обравчињата и сува кожата. Ја земав на веледа face cream, сега е супер ^^ Не се мисли земи си ја ако си ја наумила.
Ние на Биодерма користиме колекција. Кожата и сија, дури и ја пофали педијатарот дека ептен убава и е. Е сега сакав и јас на Веледа кремата да и ја земам, пошо ние си атопична сме и не ја оставам без крема на лице, пошо мислам и од воздух ми се исфрла некад.
Здраво Имам прашање во врска со маслена купка. Бевме денес на педијатар и докторката рече да земеме маслена купка на Еуцерин, дека малата имала атопична кожа (инаку стара е 5 недели). Гледам сега во Зегин има различни, дали да земам масло за туширање или тоа што е AtopiControl? Кој има искуство, точно кое треба да се земе? Ако има некое друго, слободно препорачајте Имам видено дека Биодерма има исто таква линија, па со која имате подобро искуство? И на лицето има теменици, во пределот на челото, веѓите и меѓу нив, која крема би помогнала исто за нив, за атопична кожа?
Иначе и мојата е со атопична и потврдувам. Биодерма Атодерм користиме и кожата и е стакло. Од две миења и мачкања се среди.
Да, ама има поголем, тој ти се исплати повеќе. 1800 е тој, еве 3 месеци го користиме до пола е, трае.