Девојки ве молам пишете ми што е доволно да се земи за почеток дали ова ми е доста веледа ќе земам Крем за пеленска регија Шампон за тело и глава Е сега ме буни ова што е подобро за тело маслото или кремот за тело на веледа ?
Почнав да разгледувам козметики за бебкава моја што треба да стигне за 3месеци. Гледам дека ептен ги фалите Веледа, јас маслово за трудници пред една недела го земав првпат претходно други користев ама многу јако ми мириса така мириса и бебешкава колекција или не? Too much ми е некако на тревки. Плус за мене земав тест за правам на uriage за лице, чисто да видам како бренд, мирис текстура, мн ми се допаѓа … и од систина гледам ги препорачуваат баш имаат соработка и тестери ми дадоа за бебе. од останати брендови што читкам убави Mustela и Bioderma ама ваљда за по проблематично кожиче суво. Јас и маж ми и двајцата имаме преубава кожа се надевам и она ќе наследи па се мислам со што да почнам
Јас од старт еве веќе 8месеца користам Uriage и сум презадоволна. Имам земено од Weleda за пеленска и тоа пред некоја недела да сменам и да видам дали ќе смири мало црвенило на газе мириса на невен дури кога ќе земеш да мириснеш газе за дали е какано осеќаш миризба на невен а не на каки ако не мириса многу јако каканото. Шампонот и млекото за тело незнам како мирисаат и дали се јаки ама за пеленска региија можам да кажам дека мириса ама безразлика на миризбата нас ни смири мало црвенило за кое што пробав Mustela, судокрем, павличева и uriage што си го користев и не помогнаа.
Преубав е, јас го земав кога се породив па добри 2г го користев заедно со Судокрем кога имаше повеќе црвенило. Сум мачкала и после плажа кога појави алергија на сонце.
Ние месец дена ги користиме производите на Мустела и супер ни се покажаа. Преубаво мириса, нежно. Сум слушала пофалби и за Веледа и Биодерма. Твој е изборот, види си според буџет, мада бебешката козметика која и да ја одбереш реално е скапа.
И јас и маж ми стакло од кожа имаме, па бебе со атопична. Мислам од воздух ми се исфрла ние почнавме со Мустела и се префрливме на Биодерма, ама немам зборови, значи и сија кожата, до сега сите и ја пофалија. Многу добра козметика, ама многу. Штета што немаат крема за лице за бебето, па сега се мислам на Веледа да земам. Таа да и ја мачкам на лице.
Јас сум презадоволна од атодерм линијата за мене во бременоста ме спаси и продужив да си ја користам, па за бебка ја земав АБЦДерм бебешка линија од Бугарија кај нас не знам зашто не ја носат, имаат и крема за лице, за пеленска регија, шампон за теменица и мицеларна. Чисто информативно ако некој го носи пат и сака да ја проба, мислам дека и Грција и Србија ја има.
Здраво мамички, ме интересира кои влажни марамици ги користите? И од кои сте најзадоволни? Како и од кој SPF фактор сте најзадоволни?
Знаете ли каде најблиску до нас можам да најдам на Aveeno baby eczema производи? Или од каде би можело да се нарачаат.
Ве молам предлог за крема за лице, значи немаме сува кожа туку во последно постојано на лиценцето и се појавуваат како мали брунчиња и акни, а мислам дека веќе е голема за акните кои се јавуваат постпородилно, бидејќи тие одамна и поминаа, сега сме 5 месеци.
Дај кажете што да земам за бебе. многу и се лупи кожата од како се роди. дали уште се чисти незнам. Ја бањам со натураверде купка и мицеларен шампон на чико. И со масло ја мачкам на бејбилав Ваљда сува кожичка има. некоја маслена купка ? Има друга мајка со слично искуство? со другите две немав ваков проблем супер и беше кожичката.
На ќерка ми така и се појави иста возраст беше отприлика. Еуцерин aquaphor од две три мачкања и помина по препорака на стар педијатар. Со неа од недоволно информираност користев бекутан реално сум немала проблем ,сеа не знам од која да земам...