Ако има нормална кожа, мислам ако нема проблем со кожата ништо од ова. Овие се медицински и се за кога се има потреба. Ако се е ок, земи си некоја полесна поприродна формула.
Ако ти одговара Бејбилов, врати се на него. Да не експериментираш, ние сме со атопична и стварно ката ни сија од Биодермата. Ама кога веќе си задоволна од Бејбилов, врати се на него.
Ај тука ќе прашам. Последниве денови гледам на 2 3 места на ноџето и на рачето има како суви места, како лишајче. Ја бањам со бејбилав ама скоро никогаш по тело не ја поминувам со гелот туку само пеленска регија вратче и мишки. После бањање со биодерма атодерм ја мачкам по цело тело. на друго место и е супер кожичката ама не знам зашто така има како лишајчиња. Ќе прашам и педијатар секако. Во ремедика знаете со што ги бањаат? многу убаво ми мирисаше бебе таму.
Од почеток ја користам Weleda пезадоволна сум .Ако имаш некој во Германија да ти донесе, таму поевтина е.Јас сега од таму замав,шампнчето е 270 денари поевтино од кај нас.
Со маслото, црвеното? А после тоа за мачкање памтиш? И мене ми е како во магла како да видов дека со црвеното од еуцерин, ама нели тоа нема мирис?
Аууу ич не памтам, седев на еден стол како умрена гледав мислам со хип ги мачкаа ама не сум 100% сигурна. Инаку не беше црвено туку бело еуцерин.
Сува и е кожичката. Ја мачкам со масло после бањање и пак е сува. а веќе не се лупи скоро цело се исчисти. Вчера на вакцина ја носев. и ја прегледуваше докторката рече да земам маслена купка. За еуцерин знам син ми во болница со него го бањаа . значи мирисот ми остана во нос. колку убаво ми мирисаше. незнам која да ја земам. @Feniksgirl а биодермава како мириса? има убав мирис? знам за бебе дека не треба мн да мириса ама барем да има некој нежен мирис.
Не мачкај масло, тешко е и затнува пори. Мачкај нешто хидратантно. Не секоја сува кожа има потреба од медицинска козметика, може само треба да ја хидрираш. Ако веќе сакаш да користиш маслена купка и јас за големите ја користам на биодерма атодерм маслената и кремата оти имаат пресува кожа откако се преселивме и само таа се покажа соодветна.
Во Ремедика со Бекутан ги бањаа повеќето, таа новата линија стварно преубаво мириса ама сепак е Бекутан, немам доверба ич.
приватна болница. толку пари зимаат. плаќаат жени за пораѓај . за со бекутан да ги бањаат бебињата. како божем немаат пари да купат поквалитетна козметика.
@Veki4kaa крема и маслена купка на La Roche Posay Lipikar колекцијата. На моето цело стомаче му се излупи кога беше бебе, од тогаш до сега, веќе е 4 год, само тоа користам и сме немале никаков проблем. Е не мириса посебно, т.е. мене никаков мирис ми нема, ама кожата му е преубава.
По билниците било која, користат козметика која им е донација.. Во Систина знам од Виолета имаа, во Чаир исто. Тоа беа се донации.
Ај тука може ќе ми помогнете. Ми искочи на фб, од некоја аптека попуст за Мустела и имаа како пакет производи. Не зачував и не ми текнува ич која беше, а баш убава цена беше за неколку производи.
Имаат Еуцерин за бебиња со проблематична кожа, па за да не дојде до антибиотски креми и ранички ублажуваат со нив. Другиве сите со Бекутан новата маслена купка и тој лосионот. А педијатрите нивни само Биодерма ја нудат…