охх, и јас ги мислев така, откако ја симнав апликацијата мислам дека домот си го сменив Многу продукти кои ги сметав за “органски“, „природни“, испаднаа дека се полни со хемија. Затоа е потребно да го читаме составот а не амбалажата...
Ако е медицинска козметика, не значи дека има добар состав. Најчесто медицинската козметика е полна со нафтени деривати, парабени, парфеми и конзерванси. За жал.
Даа и затоа маж ми, ми се чуди дека со скенерот низ продавница шетам И јас почнав многу да внимавам, особено за малиот, па затоа пребарав за купкиве и баш се изненадив.. Ќе си се држам до колекцијата на uriage Не знаев, затоа и ми беше чудно
Убаво е да ги провериш и твоите производи, шампон, купки, за тело ако користиш млеко или било што.. Не е нормално колку погрешни производи користиме без да сме свесни.. Исто и јас откако го добив малото се оптеретив се да е на природна база и да внимаваме многу
Дали од маслото клаваш и на лицето? Конкретно челото измеѓу вегите и е посуво па не знам дали да мачкам
Па нема некој мирис којзнае каков. Мене мирис не ми треба, колку повеќе има мирис толку повеќе хемија.
Има тема за креми со заштитен фактор за бебиња но мислам дека за деца од 6 и 12 години прашањето е поприкладно да го поставам тука. Прво за деца дали има креми со заштитен фактор за лице или со млеко за сончање мачкате и на лице и на тело? И друго,кој креми се добри,доколку некој може да ми предложи. По декларација голем број од ваквите креми се со прилично лош состав за децава затоа и го поставувам прашањето. Ке ја тагнам @koritsaki таа повеќе се разбира
@Aleks.mar благодарам Јас воглавно сум фан на креми со минерални филтри, ајде за мене можам да направам исклучок некогаш ама за деца гледам да користам такви креми. Моја препорака е оваа крема, не е прескапа и штити одлично, може да се користи и од најмала возраст. Најмало бебе од 0 месеци не сум мачкала со креми воопшто, сум гледала воопшто да не го изнесувам на сонце кога е најјако , да биде покриено и сл. Од 5-6 месеци па нагоре, да. Може и на лице да се мачка истата крема, таман работа да купуваш две посебни креми. Друга што ја користам и моментално е оваа Исто со супер состав, околу 600 денари, во Зегин ја има. Ја користам на ќерка ми (5.5 години има)
моето за 2 месеци ќе прави 6год. горе долу тука се. Затоа и те означив. Фала ти за споделеното искуство