Чисто информативно во Зегин има 25% попуст на цела колекција за сончање на Еуцерин и за возрасни и за деца
Кажете крема за сончање до 50 фактор. Купив набрзина weleda само тоа имаше во аптеката ама не се размачкува бело е цело дете додека го размачкам урла се тегне ..
и јас сум користела такви густи креми кои оставаат бело и тешко се размачкуваат и никогаш не ги размачкувам скрос,останува белото.
Презадоволна, никад нема да ги сменам. Толку се нежни и со мирис и со хидратација..пробајте и ќе видите користам шампонче, крема за лице и млеко за тело од раѓање еве веќе 11м. Пробавме виолета ( исто нежен, убав ама мирисот ми беше чуден ) и мустела што ептен му ја сушеше кожата и ужасно мирисаше. Моево има сува кожа и зимава апла му се активираа егземи на лицето и под вратот. Одма се среди со јекодерм и кремичката на хип. На попуст ви се во Веро баш вчера земав
Hipp е супер, има добар состав, а прифатлива цена. Јас за син ми ко божем скапа козметика ќе користам од раѓање, од Еуцерин, Биодерма, Мустела (најдолго користев ова, што пари фрлив), зимна сезона обавезно лишаи му се правеа на кожата. Откако кренав раце и земав хип, супер си е. Е сега веќе после полни 4-5 години може и си го надмина атопичниот дерматитис сам од себе, ама додека ги користев горенаведените производи, немавме добри резултати.
Јас цела козметика на уријаж земав и засега еве 2недели сме одлично е… пеленска регија кремата засега чисто газе без никаков осип и црвенило држиме што ми е најбитно. Лиценцето и се перута нс неколку дена и денес приметив 2-3 малечки бубулички на обравче ама малечка е сите рекоа се чисти и ќе биде подобро од вториот месец… исто за лиценце засега остануваме на уријаж навлажнувачка крема. А хип што ни донесоа поклончиња ќе ги пробаме штом дотрошиме ова … таман ќе биде поголемка