Јас ја имав земено за малото лани, штити добро без да фати боја иако беше 90% од времето изложен на сонце. Само преемногу бело остава… тоа е маана зошто не ја купив и оваа година. И во вода кога ќе влезеше и излезеше после тоа пак имаше бело на кожата од кремата..
Јас втора година ја користам за малиот дека има добар состав и супер заштитува. Единствена маана е што остава бело и не се мие ни со/во вода Ама поради пристапната цена и составот ќе и простам
Ја има кај нас во ДМ? Не знаев дека Алверде имаат и креми со минерални филтри, баш сакам да земам и јас.
Да, ја има Некогаш ретко се наоѓа големото пакување, но има и помало. Јас земам залиха штом ја изложат сончевата колекција
Козметика за атопична кожа - лосион и маслена купка, има на Uriage, La Roche Posay, Bioderma. Од сите нив имам користено, ми помогнале во иста ситуација кога беше бебе, сега користиме масло од лаванда на еден германски бренд, во ДМ го има, не ми текнува моментално на име, поевтин е од овие погоре, но засега се покажа ефикасен, кожата му е мека, без лишаи.
Син ми е со атопична кожа и го бањам исклучиво со маслена купка. Досега ја користев на Uriage, а го мачкав со балсамот на Eucerin Atopi Control. Сега ќе променам со маслена купка на Eucerin и ќе го мачкам со балсамот на Bioderma Atoderm. Јас го земав и маслото од бадем на babylove, исто и тоа е добро. А кое е тоа масло од лаванда ако може слика
Од Weleda кремчето за лице убаво е? Сакам похидратантно нешто, а да не е полно хемија. Користиме мустела со авокадо, ама не ми се допаѓа некако.
Го има ли некој ова користено? Одличен состав има според incibeauty апликацијата. Нормална кожа имаме, досега сме немале ниту акни, ниту лишајче, ниту теменица. Со мустела сме од раѓање, ама ова ми фати око со подобар состав, а цената супер.
и мене ми фати око ова. Исто нормална кожа имаме ама заради составот би го купила. А често си менуваме