Здраво Ве молам за совет, освен купка/шампон, лосион за тело и крема за поленска регија, дали нешто друго ми е потребно за новороденче од козметика?
Земи си и кремче за лице, не мора да мачкаш од почеток ќе видиш како ќе има потреба. Јас не зедов кога купував не знам зошто, добивме Мустела па ни се најде.
Weleda, особено кремот за пеленска регија, кога и да имал син ми некое црвенило или осип најбрзо ми помогнала, без да стравувам од штетни и агресивни состојки. Зависи и до кожата на бебенцето, кога имаше проблем со сува кожа и лишаи користев козметика за атопична кожа (La Roche, Bioderma, Uriage), ама после се свртев на Weleda, Alverde и Hallohebame (ги има во ДМ, а Weleda по аптекиве).
По колку време сврте на по природниве козметики? Јас првиот месец користев weleda за малава ама почна атопична да и станува кожата па се префрлив на bioderma (само за пеленска регија уште сме со weleda) Сега и е супер кожата ама страв ми е не ми се ризикува пак да и менувам. Мислев еднаш атопична засекогаш атопична или грешка сум? 3 ипол месеци сме
Јас го користам, ептен задоволна сум, мека, нежна, свиленкаста кожичка и не мириса многу јако. Цена и состав топ за разлика од други брендови.
Уф не се сеќавам поточно, но мислам дека пред година дена се осмелив бидејќи проблемот му исчезна и фала Му на Бога не се појави пак, но гледам скоро секој ден да го намачкам со маслото од лаванда на Hallohebame, тоа е всушност масло за масажа пред спиење, додека имаше проблем со кожата маслените купки ми беа најубави, а сега користам различни гелови за туширање, но гледам да се добри по состав.
Ние биодерма користиме буквално никакви резултати нема. Лишајчиња и стојат,кожата сува.. џабе. Се мислам дали да сменам. До сега со маслена купка ја бањав малце ми е страв сега да земам гел на хипп, ама гледам доста се фалени..
Јас не би ја менувала маслената купка, барем додека нема некое подобрување. А на еуцерин црвената маслена купка ја имате пробано?
Мора да испробате повеќе видови додека не ја најдете соодветната комбинација. Секоја кожа различно реагира или се заситува. А лосион користите исто на биодерма?
Не знам, пробај. Колкаво е детето? Јас откако земав хип да користам пошто кренав раце од се, прекинав и со млеко за тело да го шлакам, супер е. Со бебево здравје планирам Веледа да почнам од старт, а ова дека на хемии од мало го научив, исто шубе ми беше да сменам..