Јас од 2 месеци до ден денес ја мачкам на Хип кремата за лице и е одлична. Никогаш немал никаков проблем.
и мојата е месец ипол, до сега исто само телото и го мачкавме, ама почнаа како ситни бебешки акни исто да и се прават и земав сега биодерма за лице. иначе за облакањево и ја се размислував денес дека нагло залади, најверојатно боди на долги, чорапи, шпикозни, капа и ќебе горе би ја облекла. првата ќерка ми е во декември родена, нејзе почнавме во јануари да ја шетаме и вака ја вадев, количката секако доле си топли и заштитена е внатре кебе е доволно, за понатаму имам скафандерче.
Ќе ве замолам за ваши искуства и совети, препораки,иако знам дека секое бебе е различна кожа и различна приказна,но еве се двоумам за козметика конкретно за маслена купка Нема премногу сува кожа,но така почувствителна,и од време на време како лишаи на одредени места од телото и црвенила..Сакав од La Rose маслена но и да земам млеко за тело,па се мислам за која комзетика Дали таа,или Биодерма или Уријаж? Кој се поефикасни? Инаку бебе 6 м.
Уријаж има подобар состав и ја препорачувам. Но, секако која колекција и да ја одбереш нема да згрешиш, сепак ќе треба да видиш која ќе одговара на кожата
Ти благодарам многу На биодерма летово кога бевме на одмор земав заштитен фактор,ретко го користев но задоволна бев
Знам за Веледа,користев за бањање,а ја користам за лице од невен и за пеленска регија кремата и навистина сум премногу задоволна Ти благодарам
За Уријаж Немам досега ништо пробано од оваа козметика,па може и би ја пробала се надевам дека ќе имаме ефект Ти благодарам многу
Јас сум презадоволна од Биодермата, маслената купка и лосионот за мачкање. Ќерка ми е со атопична кожа и многу и одговара, кожата и е стакло а пред да ја користам рапава сува ептен и со брунки.
И јас и бебка сме на уријаж презадоволна и за мојата кожа и за неа. Мн убав состав има и ти ја препорачувам како бренд да пробаш
Ти благодарам многу Мислам дека ќе пробам од оваа козметика па ќе видиме Сега за сега ми треба маслена купка за бањање и за после бањање некое млеко лосион...па се мислев и дали мора да е од истата линија и тоа за бањање и тоа за после бањање? Претпоставувам пожелно е така
Јас се користам на уријаж и маслена купка и лосион и хидра крема и за пеленска регија.. лосионот за тело посебно нежен мирис што засекогаш ќе ме потсеќа на моето бебе
Ние користиме Биодерма зошто сме со атопична, ама мирисот на Уријаж млекото што го користеа во Систина ми е во памет уште, преубав мирис на бебенце
Ќе ве замолам за ваши искуства и совети, дали бебешката козметика на Weleda има ист мирис како маслото против стрии? Се мачкав со него во текот на бременоста и многу јак мирис на тревки има, многу тешко го поднесувам.