Веледа е предобра природна бебешка и детска козметика, има одличен состав. Мириса на камилица, има суптилен и нежен мирис кој не трае многу долго, а кожата ја прави кадифена. Бебето не ни треба да мириса на козметика, туку на тоа што и е - на бебе. Не се води по мирис, туку по состав кој ќе одговара. Секако, како и секоја друга козметика може да не одговара. Јас ја користам и за трето бебе во моментов и сум многу задоволна. Во последно време пробувам и некои работи што се наменети за возрасни. Имај во предвид дека која и да ја земеш може да не одговара и да треба да смениш неколку додека ја најдеш онаа крема што ќе се погоди. Почни со природни козметики пред да вклучиш хемии како биодерма, Ла рош и слични. Хидрирај почесто чим нема многу сува кожа можеби само треба почесто хидратација, овој период од годината е и нормално да се потсушува кожата. Доколку има потреба вклучи хемија. И син ми правеше лишајчиња и после се што пробав биодерма кај него се покажа ефективна. Ама се среди кожата, веќе го вратив на Веледа оти не сакам толку јака хемија да мачкам без потреба. Исто литл Сиберика е многу добра природна козметика, ја имам користено и претходно и нарачав и сега неколку производи за поголемите деца.
Сосема ми е во ред бебе да не мириса на ништо и не ја разбирам потребата во Веледа да е налупано се ова од сликата за да мириса како што мириса… Составот океј секако најбитен е, ама мене лично ми е јак и неубав мирисов
И мене мн ми сметаше мирисот на weleda на невен, не ни помислив за бебе да ја користам - исто мириса имав тестер од аптека за пеленска регија
Ако не ти се брза, почекај до роденденот на Ист гејт на почеток на ноември. Сигурно во Зегин ќе има попусти.
Здраво, препораки за детски шампон? Моментално ги користам Биодерма, од млекото сум задоволна, ама шампонот некако и ја прави крута косата, може е до влакното, не знам, ама ми треба нешто што нема да ја суши, не можам убаво да ја расчешлам. Има две години и веќе и е долга косичката.
Јас го бањав моево со мустела шампончето до пред лето, сега со шампончето ултра сензитив на бејбилав, задоволна сум и од двата.
Веќе една година користиме Биодерма( поради атопичен дерматит ) , пред тоа користев Мустела . Дали цело време треба да ја користам Биодермата , зошто некоја разлика не гледам . Брунчињата на рацете нозете и лицето цело време си се тука.
Ептен, се користам од uriage и за мене и за бебка. Јас од прв ден ја користам за ќерка ми зошто сум задоволна и од мојата рутина. За нејзе користам маслена купка, шампон, лосион за тело, крем за лиценце во студени денови и најубавата крема за пеленска регија.
И јас користам уриаж супер е нежно мириса, земам шампон и млеко за тело а кремата за пеленска регија не ја користам секогаш многу суши пошто има цинк, ја користам само кога има црвенило
Не знам во која тема да прашам, мајки на поголеми дечиња со што им го миете лицето? На моето (5 год.) му се појавија како ситни црнки, брумчиња не знам како да ги наречам. Се мислам што да земам