Обично пред нова година имаат само, за блек фрајдеј одредени козметики само и неспоредливо со попустите што се пред празниците
Ја зедов маслената купка на Уријаж и млекото за тело, многу ми се допаѓаат како за прв пат. Јас си го имам за мене млекото за тело од другата линија со термална вода и многу слично ми мириса со бебешково, на чисто ептен убаво.
Нелиии… нај нај! Скоро секој што ја држел ќерка ми ме прашал леле на што мориса вака убаво … или маж ми што би рекол на бебе
Мамички приметив дека на бебка ноџињата и се малку посуви. Дали имате да ми препорачате некој лосион?
Синко кога имаше проблем со посува кожа ми помогнаа La Roche Posay, Uriage, а после се префрливме на Веледа со бел слез лосионот.
Масло Веледа користам само за масажа после секое капење и кожата и е премека, мирис на невенот од маслото нема други парфеми внатре, конзерванси чуда. Лосионот исто од бадем е добар ама маслото ми е врв.
Здраво девојки, Имаме сет од Weleda, купка за бањање, масло, крема за тело, за пеленска регија и сл. Како се користат? Што кога треба да се користи? На кои интервали ги користите? Бебчо е 5 недели, има чуствителна кожа (така кажаа во болницата)
Купката е за бањање на бебе, маслото е за хидратација и се користи на сува кожа после капењето. Крема за тело исто така се користи на сува чиста кожа. Кремот за пеленска се користи на пеленската регија кај бебе по менување на пелена. Мој предлог е да го користиш кога има потреба, зацрвенета кожа и сл, не постојано. Најдобро е да не се претерува со сите продукти за да не се презасити бебешката кожа.
Ти благодарам многу за одговорот, можеби можеш да ме посоветуваш и за лицето што да правиме? Моментално има почетни бебешки акни, milk spots и не знам што да ставам на лицето за ова? До сега не го мачкаме ништо на лицето, дали да земам Weleda за лице исто, жолта невен серија? Или нешто друго треба за лицето? До сега избегнував да го мачкам по лице но изгледа ќе морам нешто да правам, околу веѓите понекогаш му е и сува кожичката.
Бебешките акни со тек на време сами ќе се повлечат, исто и за сувата кожа околу веѓите. Ептен е малечко затоа сеуште е така кожата. Колку што знам кремата за лице е повеќе за заштита на лице од ладен ветар, студ, не ја имам користено на Веледа, можеби сум грешка. За некои неправилности на кожата јас сум повеќе да се мие лице и тело со атодерм линијата на Биодерма, ептен помага. Почекај да поминат недели, би требало само од себе да се среди.
Ти благодарам, ќе се консултирам со Јадранка во Ремедика за лицето, но мислам дека нема проблем доколку продолжам на другите делови со Weleda, а за лице да земеме ова што ти го препорача, бидејќи мислам дека и докторката го има спомнато тоа за лиценцето. Најверојатно нема никаква штета да се користат различни козметики за различни делови од телото нели?
Здраво мајки, имаме како осип кој беше само на лице но се шири надолу, од што може да е ова? користиме само веледа колекција, има чуствителна кожа. Ве молам за совет