Дерматитис развива, Веледа нема да ти заврши работа, таа е за нормална кожа. Земај одма козметика за атопична кожа. Маслена купка и крема. Мене Биодерма ми беше многу погодена, имаш на Ла рош, Еуцерин, земај нешто и види која ќе одговара на кожата, имај во предвид дека некогаш првата што ќе ја земеш може да не се погоди. Ако бањаш секој ден, намали на 2 пати неделно.
Однеси на педијатар за ова ќе препорачаат маслена купка и атодерм лосион сигурно. Биодерма или уријаж нешто квалитетно и со убав состав. Веледата е масна и тешка јас не ја сакам со невен и тешко мириса колку и да е природна земи нешто понеутрално без мирис
дали може да ми испратиш слики, линк од bioderma ili uriage производите кои најчесто се користат од мајките за вакви ситуации? не знам кои да ги гледам, по раѓање ни кажаа дека има осетлива чуствителна кожа
https://zegin.com.mk/mk/uriage-bebe-1st-khidratantno-mleko-500-ml една линија имаат uriage за бебиња, во зегин ја има цела, маслена купка, лосион за тело, шампон, крема за лице, крема за пеленска регија еве линкче од млекото за тело
Здраво мајки, тие што сте користеле cicaplast b5+ на LaRoche, дали само со кремата мачкавте или стававте и нешто друго? како делува оваа крема? Треба прво да ги засуши или?
Никако да ги начекам производите на Weleda на попуст, да не има некој инфо кога вообичаено се намалени?
Во Зегин обично попусти на козметика има за Валентајт, 8ми Март, Велигден...и после за Нова Година и родендените на моловите.
Скептик бев за бекутан, но кремата е 10/10. И за пеленска регија, за околу врат и под пазуви, и исто така ја мачкам на лице 2 пати дневно ќерка ми и за бебешки акни и дека има многу сува кожа супер се покажа.
Па и јас пред малку бев земав балсам атодерм и ја земав на попуст. Не знам зошто немало попуст кај тебе.
Ако може некој да пише што се ми треба за бебе од козметика откако ќе се роди па и за наредните месеци? Да одам до Зегин да земам додека се на попуст Веледа, ама имаат повеќе различни производи па да не испоземам се без потреба.
Купка за бањање Млеко за тело, крема за лице Крема за пеленска регија со цинк оксид (смирува црвенила) Обична помрсна крема (јас павловичева користам) На почеток стерилни гази, алкохол/хидроген 3 % за папочето. После ќе докупуваш во зависност што ќе му треба на бебето. Може една козметика да не ти се погоди, па да мораш на друга да се префрлиш.