каков шампон за коса користите за девојчињата? заради атопичен дерматит користам биодерма маслена купна, ама веќе има доста коса имислам дека не и одговара маслена купка, веројатно треба нешто баш шампон. не е ни мала, скоро 3 години
Мислам дека од Хипп имаш шампон. Јас за поголемиот користам хипп, добар состав има, му одговара. Би земала тоа.
Јас го бањам со овој на Алверде, има долга косичка Претходно исто со маслена купка, но веќе сменив со овој, а и супер состав има
Мамички дали кога шетате овој период ,на лицето на бебето мачкате СПФ крема и каква ? Овие денови кога беше сончево времето кога шетавме и се вцрвенуваа образите од сонцето.
Тука на линкот може да прочитате подетално https://www.dm-drogeriemarkt.ba/p/d/1696615/babylove-sensitive-stik-za-suncanje-za-bebe-spf-50
baby love имаат производи си добар состав за hipp не знам баш. На апликацијана ichy beauty најчесто препорачани се веледа бејбу лав и алверде.
Добра крема за лице да ни препорачате? Сува му е кожата на лицето многу, особено обравчињата.. Моментално ја користиме на Веледа кремата за лице, ама нема некој значителен ефект..
Јас му ставав од млекото за тело на Биодерма, дека пробав неколку детски креми за лице меѓу кои и бекутан сос и уште беше сув и црвен, само од биодерма млекото му се повлече.