Ние ја користиме мустела hydra bebe, исто има сува кожа, особено на обравчињата и сум приметила подобрување, а и генерално сум задоволна од мустела
Што ми препорачувате за пеленска регија да земам ? Павловичева? Купка и шампон 2 во 1 ке земам на Веледа, тоа мислам е и добро и исплатливо големо е . И дали да земам улје?
За пеленска регија користев перу крем. За бањање најдобро е маслена купка. Има на bioderma, uriage, eucerin..
Бебе од 3 месеци, не се мачка со фактор нели? Тоа значи дека на плажа под чадор сепак треба да го облечам во долг ракав или?
јас на 3м го мачкав со бебешки крем за сончање на еко козметикс и обавезно купачи со долг ракав со ув заштита, капче и под чадор.