Јекодермот може да го користиш и секој ден ако сакаш, нема штета од него. За газето не сум го користела, ама мислам дека нема да има проблем. Инаку за црвенилото земај крем на база на цинк оксид, има на Бекутан и на Corinne de Farme (од нив сум јас задоволна).
Од бекутан го имам ама не ни помогна кога го однесов на кожен ми кажа дека му е од тоа што носи пелени и некогаш е поцрвено некогаш избледува изгледа има врска и со храната што јадел и како му е мочката и каката.Ми препиша некоја масТ со кортико внатре во аптека да ми ја направат ама кога слушнав кортико да ти кажам и не ја зедов да го мачкам,а за кремата на корин де фарм се мислам дали да ја земам ама дали можи да ја користам секој дневно бидејки содржи цинк,инаку корисстам све од корин и купка и крем за лице све му е преубаво сега ги зедов и влажните бидејки заладе да не го мијам на секое бидејки се кака 3-4 пати на ден и влажните се преубави осетив на моја кожа кога си поминав на лицето да си ја исчистам шминката лицето го осејкав како да сум го измила со вода а не да сум го чистела со влажно а влажните немаат никаков мирис воопшто
Majki, potreben mi e sovet: maloto ima11,5 meseci i postojano imame problem so suvo i rapavo lice .Se obidov so hidrantna krema na eucerin,corin de farm,i eve sega na mustela no nema promeni.
Од старт користам колекција на Веледа и сум презадоволна. Една од најдобрите на природна база. И биодевојка имаше напишано рецензија за истата. http://biodevojka.blogspot.de/2015/03/blog-post.html
Блиска другарка за бебушот користи само Мустела. Ги порачува од една аптека кај Тинекот во Ченто и се многу поефтини за разлика од другите аптеки. Па ако има некој што ги користи нека праша таму или нека ми прати порака ќе му пратам број. Иначе стварно досега немала никакви проблеми со Мустелата.
Нас Мустелата ич не ни годи. Првично кога излеговме од болница го користев хидратантното млеко на Мустела но му се појавија како ситни топченца на нозете. Па мислев дека е од топлото и не го мачкав со ништо. Во меѓувреме ни се појави пеленски осип па ми препорачаа Мустела стелатопија. Бебе се откорна од пиштење кога го мачкав, па користев Еозин и Здраве со цинк оксид и се среди за 2 дена. Пред една недела ни се потроши кремчето на Еуцерин и викам да го намачкам со Мустела хидратантна по бањање и ми се исфрли на грбот и градите Си продолжив со Еуцерин крем со црвено капаче - ph 5,5 и презадоволна сум. Веќе не експериментирам со производи на Мустела.
За пеленски осип е мустела стелактив, стелатопиа е за тело. Ние само Мустела користиме и погодена ни е. Мојот реагираше на Џонсон бејби маслото за тело.
Другарка ми за пеленски исип користи Мустела 123 ( околу 400денари ја зема) зошто стелактив не ја правеле веќе. А за тело кремата стелатопиа ја зема мислам околу 1000 денари. Ќе се распрашам подетално и ќе ви пратам цени.
Јас ја имам стелактив ја земав околу 800 денари. Мене многу ми заврши работа со црвенилото кај син ми. Не знаев дека веќе не ја произведуваат.
Син ми имаше пеленски осип, беше болен и имаше проливче. Од проливот цело газе и тестисите му се направија како лишаи. Плачеше на секое менување пелена. Прво ставав на Хип крем за осип ама не помогна, после земав перубалсам од Галафарм и од тоа немаше ефект. На крај земав Мустела 123 за осип и за еден ден се среди. А кремите за дерматит сите се добри, само зависи која ќе ви се погоди, кај нас Мустела Стелатопија и Еуцерин Атопиконтрол немаа ефект, спасот го најдовме во Авен Ксеракалм. Малку вон темава, се полив со вода што врие, го чистев стерилизаторот и водата ми прели на прст. Прв при рака ми беше перубалсамот и се намачкав, ни плик ми излезе, ни црвенило, како ништо да не било
Во било која аптека побарај тестери, мене во Виола секогаш ми даваат и од Мустела и од Corine de Farme. Ако се продаваат во аптеката треба да имаат тестери.
Како што ви кажав претходно се распрашав во аптеката кај Тинексот во Ченто за цени за некои работи од Мустела.Им пратив порака на fb (аптеката се вика Јана) и ми одговорија Шампонче 410ден, Дерматолошки гел за новороденче 750мл 890денари, Стелатриа крем 660денари, Стелатопиа крем 1030 денари. Се надевам дека им помогнав на некои мајки кои ја користат оваа козметика.
Девојки а кокосовото масло може ли да се користи за бебчиња ? Знам дека е органско и е доста хидратантно па ме интересира дали би можело и бебешка кожа да се мачка? едит: за телото мислам.