Јас ја капам со Мустела 2 во 1 до сега немав проблем, но сега забележувам дека има фатено ира на главчето коај лошо мириса... ве молам совет што да превземам, дали мислите дека е до мустелата и дали да ја мачкам со нешто? Имаме 2 месеци да напоменам.
Не користам многу за мачкање на обравчиња малку зошто му е суца кожичката еуцерин атопик а за тело преку неколку дена на чико лосионот. За газе одамна ништо... Се миеме и бе користиме ну влажни.. Го гледам составов на лосионот сигурно не е без некоја лоша состојка, само те молам @Biodevojka ако можеш да ми ги укажеш кој се... За да внимавам при купување во иднина.. Однапред благодарам
Мами каде да најдам сунгерче и ли нешто слично за капење на син ми само да не е кинеско се разбира,во зегин немаат ништо такво и во неколку други аптеки што сум прашала ,незнам дали имаат во еурофарм немам прашано пример, да се од бејбии нова или незнам некој друг бебешки бренд,или ако има добри во дм нека ми каже некој или нека постира слика па да јазангажирам комшивката да ми купи и донесе.
Mislam nemas potreba od sunger.Nebare bebinjava cel den se na niva pa aj da gi trieme.Toa e bar moe mislenje.
Знам дека е така еве скоро две години сме и не сме употребиле ништо ама сепак си викам колку пена дда се створи а вака само со рака го мијам а далеку од тоа дека ке го тријам.
Јас деновиве земав од Бебесупермаркет, 150 ден. Малку таму им се напунпани цените ама не ми текнуваше кај на друго место има.
Sunger i jas ne preporacuvam. Jas licno ne koristam a kamoli za bebe,dete. Nema potreba od pena.Sungerite se polni bakterii.
@ubavka1 ако веќе инсистираш на сунѓер, најдобро е да користиш природен сунѓер. Такво имаш во ДМ, некаде околу 600 денари кошта. Или уште поубаво ако оди некој за Грција таму се многу поевтини.
Ne zaprimetiv dali biodevojka napisa za vlazni maramcinja koi se podobri po sostav,ako nekoja zmae? Inace barav kaj nas vo zegin i po drugi apteki kolekcija na walete,nemaat
Галапче, ако ги замолиш во зегин можат да ти нарачаат само за тебе производи од линијата на Weleda, и тоа конкретно кој производ сакаш. Јас неколку пати така ми се случило, има аптеки (на зегин) во кои не дистрибуираат одредени производи бидејќи нема побарувачка, но ако нарачаат по потреба ќе им донесат. Е сега за влажните марамчиња јас ја прашав биодевојка што ќе препорача, но не добив конкретен одговор.
Некаде низ темиве ама незнам на која имаше биодевојка пишано за влажни некој од дм дека се добри мислам дека и имаше слика ставено само не можам сега да барам мислам дека беја на бејби лов портокалово или жолто кесе. https:/е /www.dm.de/babylove-oel-pflegetuecher-p4010355011237.html еве ги една страна поназад
Имав тестер од кремата за тело на weleda, денес ми текна да ја пробам, почнав да ја мачкам и осетив силен мирис на алкохол. Ја проверив декларацијата и навистина има алкохол, не знам како ова е соодветно за бебешка козметика но престанав да ја мачкам и не би ја купила кремата. Ако може појаснување од @Biodevojka за алкохолот во бебешката козметика.
Здраво, германските козметички компании го користат алкохолот како конзерванс на производите во комбинација со етеричните масла, затоа е присутен. За жал не може да сфатиме колкав е процентот (а фирмите никогаш не го кажуваат), меѓутоа еве од мирисот понекогаш може да се одреди дека е премногу. Мислам дека до 5% не прави проблем, ама ако ги прашаш фирмите сите ставиле до 5% никој повеќе . Во некои креми не се ни чувствува мирисот, додека во други да. Во моментов истражувам сеуште за дејството на алкохолот како конзерванс (има подвоени мислења) и ветувам дека наскоро ќе пишувам и на оваа тема. Најискрено до пред година дена користев и јас производи со алкохол, на некои не се чувствуваше многу кај некои да. Откако ги сменив тониците (тие се наопасни затоа што во нив нема масла), забележав разлика. Кај една крема (од она што моментално го знам) каде има многу масла алкохолот служи и да ја направи кремата малку помалку масна (со оглед на тоа што поради телесната топлина алкохолот испарува и носи дел од мастите во кремата со себе). Во некои формули претставува природна замена за силиконите во самата крема со оглед на тоа што ја прави кремата полесна. Како што реков сеуште истражувам на оваа тема и наскоро ќе ви пишам. Поздрав.