Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Погоре набројав неколку органски и природни козметики која и да ја одбереш добра е. Доколку сакаш нешто поекономично може Алверде, или пак една нова видов Earth Friendly baby во ДМ ја продаваат околу 390 денари, потоа од поскапите веледа или Гамард кој е баш за бебиња од раѓање затоа што е многу нежен како поризвод. Потоа од неоргански ама сепак ок се хип кое го рецензирав (не е сто посто природо содржи и по некоја синтетичка состојка ама не е страшно), потоа логона која е органска. Од лично искуство кај внука ми ги пробавме на алверде и гамард кои се покажаа одлични. Имаш избор. Поздрав
    Здраво најискрено има многу синтетички состојки, ама сепак имам видено и многу полоши марамици.
     
    На mama89 и kristina.k им се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka , сакам да те прашам за линијата Mustela? Дали би ни ја препорачала? Скапа, ама ако вреди ќе ја купуваме. А вака да не дојде само пари да се даваат а квалитет да нема.
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја разгледам па да ви кажам. Доколку имате дома производи сликајте ги декларациите и постирајте ги овде за да ги видам. Поздрав
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Како замена за павловичева почнав да ја користам заштитната крема за газе на Хип, но бебуш се нафрли со ситни бубуљички после само два дена користење. Повторно се вратив на павловичева и сега ми е страв да експериментирам со друга крема ''помалку штетна''. Кремата на Хип почнав да ја користам за раце за да ја потрошам, но воопшто не ми се допаѓа кожата откако ќе се упие, имам некое нелагодно чуство и сувост на рацете
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мислам дека многу од анализите се сведуваат на тоа дали некои од состојките се синтетички или не, повеќе од тоа дали се штетни. Ако на бебето не му прија некоја крема, нема зошто да ја форсираш употребата.
    За бебуш користам моментално Хип млеко, крема за лице и шампон (уште пред да се популаризираат тука), но и павловиќева и А-дерма егзомега за црвенила и засега е се супер.
    За мене лично имам пробано и органска козметика, и поскапа и поефтина, и некои од препаратите ми беа ужасни, некои добри, па на крај се вратив на традиционалните. Не значи дека само она што е "bio" е добро.
    Морам да нагласам дека и благодарам на Биодевојка за анализите :)
     
    На Freyja, galapce, MissDior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    @darcy павловичева пробав да исфрлам бидејќи содржи нафтени деривати за кои @Biodevojka напиша дека од ЕУ се класифицирани како канцерогени (се надевам не сум сфатила нешто погрешно)
    Инаку имам една крема од weldeda calendula babycreme cream protective, баш оваа не можам да ја најдам на нет за да знам каде да ја мачкам
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво и на двете ако ми дозволите само да кажам нешто. Кога се користат креми со нафтени деривати или силикони ситуацијата изгледа перфектна и под контрола, меѓутоа тоа не е вистинската состојба на кожата. Исто како да си капнуваме восок на кожата, таа ќе биде мазна на допир ама не е нашата кожа, кожата е тоа под восокот и ако го оставиме така подолго таа ќе се задуши и исуши. Кога ќе ја промениме кремата и ќе се измие маската се покажува вистинската состојба на кожата која може да биде сува, нафрлана, масна итн. Тоа не значи дека органската козметика го предизвикала, туку традиционалната, меѓутоа не било видливо се додека не се измиле силиконите. Преминот е најтешка работа за сите нас (и јас бев во шок на почетокот) затоа што сме вџашени од вистинската состојба на нашата кожа и мислиме дека другава козметика нешто ни направила. Секако, како што имам многупати напоменато и органската знае да биде агресивна ако има состојки на кои сме алергични или доколку формулата не е убаво избалансирана (потребна е уште поголема стричност во органската козметика затоа што нема состојки со кои може да ја замаскираме состојбата). Затоа јас велам дека сѐ додека користиме традиционална козметика во никој случај не може да ја видиме вистинската состојба на кожата или пак да кажеме каков тип на кожа/коса имаме. Дури откако ќе ја измиеме маската ќе ја утврдиме вистинската состојба на кожата и ќе почнеме да користиме соодветна козметика за проблематиката.
    Поздрав и до двете и се знае повелете во секое време.

    Европската Унија ги класифицираше како канцерогени состојки од 2 класа (сеуште нема директна поврзаност). Поздрав.
     
    На galapce, joy1, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    И ние земавме мустела околу 800 ден беше купката помало пакување
    и 800 ден млеко за тело.
    Педијатар ми има кажано дека од мустелата нема ни 1 % шанси да појави алергија
     
  9. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа дека Mustela е една од посигурните козметики за бебиња. Другарка користи многу работи, мислам дека се што има во МК има земено, само ме чуди ценава што сте ја платиле. Она ги зема доста поефтино. Мислам дека претходно имам напишано за некои од цените, ама пак ќе прашам во аптеката кај што зема. Може сум им досадна на вработените ама ќе ме издржат :rofl:
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Вака мајки и бебиња,се јавив и прашав за некои цени и ми кажаа дека млекото за тело им е 660, а крем за лице 410. и ми спомнаа дека имаат и некое кремче за настинки да се намачка бебето за да му го олесни дишењето и тоа било негде до 500 мислам.
     
  11. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    @Среќа Каде се наоѓа таа аптека и која цена е кремата стелатопија за лице и тело?
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ККако може да е таква разлика во ценава ?
    Баш ке видам ако ја најдам фискалнава ке ја сликам и ке ви ја постирам.800 ден купка и 800 ден млекцето
     
  13. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имам претходно напишано ама треба да проверам. Аптеката е во Скопје и морам да кажам дека благодарение на другарка ми ја дознав и сум многу задоволна од односот и колку се услужливи. Обично им праќам пораки на fb и брзо ми одговараат за било што и да ми треба или им се јавувам и да нема нешто се трудат да ти најдат. Веќе ни е матична аптека :)
     
  14. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    И мене ме зачуди незнам зошто е така. Прашај ако не во аптекава и види колку пари се таму. Па ако земаш повеќе работи од Мустела и за секое имаш по 100денари разлика тоа е многу. Ќе му купиш уште нешто на бебушот со тие пари.
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    незнм јас се зачудив пак од овие цени.
    Мора да се работи за некоја грешка. Ги земав од зегин
     
  16. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е грешка зошто и другарка ми купува многу работи од Мустела и само од таму ги зема. Ако сакаш да ти пратам во порака број и прашај и ти за цените.
     
  17. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka , здраво!
    Те молам ако сакаш да ми кажеш твое мислење за Бепантен маста!
    Некои фармацевти ми ја пофалија многу, ја купив за брадавиците но дали да продолжам да ја користам и за мачкање на бебето?
    Поздравче...благодарам од :l: IMG_20151224_164004.jpg
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга кремава е на база на нафтени деривати со оглед на тоа што имаш состојки како paraffinum liquidum и petrolatum на високи позиции. Исто така мора да ти посочам дека има и ланолин кој не може да бидеме сигурни дали е чист. Верувај ми јас го избегнувам и во органската козметика затоа што ланолинот е од животинско потекло (се добива од волната на овцата) и не може комплетно да биде прочистен од пестициди со оглед на тоа што овците кога шетаат по полињата ги собираат пестицидите на себе. Малку производители на ланолин може да гарантираат чист ланолин доколку поседуваат поголеми терени и овците ги одгледуваат специјално за оваа намена. Поздрав.
     
  19. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Благодарам миличка!
    Ова малку ме збуни...на подготвителната за трудници акушерките ни кажаа дека ланолинот е најдобар за градите како подготовка за доење!
    Како и да е, време е за посета на ДМ за набавка на кремичка за бебули во исчекување!
    Поздравче и убав ден!
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Знам дека го препорачуваат сите и во Италија е исто, ама верувај ми пестициди содржи. Пред четири години еден хемичар во Италија направи истражување лабораториски на три типа на ланолин: еден беше чист, вториот сидржеше пестициди во умерена количина. а третиот беше катастрофа!!! И од кај да знаеме ние кој го имаат ставено баш во производот кој нас не интересира? Чистиот шеа путер ти е одлична алтернатива на ланолинот. Го има истиот ефект ако не и подобар. Поздрав.
     
    На Пчела и Sunshine_1979 им се допаѓа ова.