Леле, уште набавки... Го зедов кокосовото масло од Био лифе, многу тешко ми мириса, не е оној мирис на кокос што е лесен, нежен...дури мислев да не е расипано нешто маслото! Како што сум осетлива на мириси, нема да можам да го користам! Ова шеа путер има ли некој мирис? Уствари јас сега се мачкам од Хип крема за трудници со шеа путер е и можеби ќе заврши работа и таа... сепак уште еден месец имам до терминот! Еве сликичка но го нема составот на кутијата а опаковката не ја чувам! Како што гледам ги содржи битните ознаки што ни ги посочи!
Ако кокосовото има лош мирис или е со стар рок или е рафинирано, нерафинираното мириса прекрасно и има многу лесна арома.
@Biodevojka можеби се зборело поназад ама многу страни се да ги читам, кои влажни марамици ги препорачуваш како најсигурни? Терминот ми е здравје во Мај и планирам да го мијам кога ќе сум дома, ама сакам да си имам опција и кога ќе одиме некаде, да не бидам досадна и напорна секаде. Јас користам моментално на Виолета влажни марамици за нас, за разлика од Бекутанот ми се многу помеки и понежни, а на ум ми се и оние на Бејби Лав марката на ДМ.
Читав и други постови тука, (ама одкако го купив) изгледа Bio life има најлош мирис! Инаку ова има рок до 2018 и пишува дека е нерафинирано, нехидрогенизирано, небелено, без вештачки бои и ароми... Незнам дали е грешката во моето паковање или сите се такви но не ми се купува ново од друг бренд! Како и да е, ќе го потрошам за чевли чистење!
Ќе го бараш кокосовото масло на на БИО ПЛАНЕТ. Најубаво мириса и лесно е за јадење. Ти иде цела тегла да ја изедеш од еднаш.
https://www.dm.de/babylove-oel-pflegetuecher-p4010355011237.html ангелче овие влажни ги имаше предложено биодевојка
Драга, без декларацијата не можам многу да ти кажам. Инаку шеа путерот е без мирис (станува збор за чистиот нели). Одличен е како мулти производ Здраво драга, оние од алверде се супер како состав. имаше и едни на бабулове ама не ми текнува кои беа, да проверам па ќе ти кажам. Пред некој ден видов една марка на марамици кои не се органски ниту комплетно природни ама не беа лоши. не м и текнува марката ама утре или задутре ќе проверам па ќе ви пишам. Поздрав
@Biodevojka Стварно си прекрасна и убаво објаснуваш.Читајки те тебе тука полека ги менувам производите што сум ги користела за доброто на моето бебе
@Biodevojka дали е ок да се мачка бебе со чисто кокосово масло? Јас си купив пред некој ден и после бањање до сега 2 пати ја имам намачкано по цело тело и брзо впива и обравчињата и беа како рапавки и сега и се измазнија и стана белка ептен, дали е од маслото или само по себе се измазни, не знам, важно ме бендиса ептен тоа масло па би сакала да знам дали е во ред за бебиња
Здраво драга, секако дека може, доколку станува збор за чисто органско ладно цедено кокосово масло. Сестра ми ја мачкаше малата (уште како бебе) и сеуште ја мачка со кокосово и има мека кожа како свила. Апликацијата на маслата не само што убаво делува врз кожата на бебињата, туку ја големува и количината на добрите масти во организмот. Читав едно навистина интересно испитување токму за маслата кои локално се нанесуваат на кожата на бебињата и кои имаат и одредена хранлива вредност за организмот. Доколку ве интересира ви оставам линк од едно испитување на педијатрите од одделот за педијатрија во болницата КЕМ во Индија. http://www.indianpediatrics.net/oct2005/oct-998-1005.htm Може слободно да користите бадемово масло, кокосово, масло од ориз итн, чисти секако, уште подобро доколку истите се ладно цедени и органски. Во секој случај според мене подобро чисти масла и едноставни производи со што помалку состојки, отколку производи со парафин, минерални масла пег и што се не!!! Поздрав.
@Biodevojka каде може да се најде чист шеа путер? Јас за градите користам ланолин од Lea mama ама штом е таква работата со ланолинот би сакала да продолжам со шеа путер, само не знам каде да го најдам .
Здраво драга, кај нас оној најчист органски малку тешко. Видов еден органски во биокулт ама не беше чист шеа путер (имаше и други состојки иако не ми текнува кои) а беше и доста скап околу 900 денари што според мене не вреди. Има во Ла Сој два вида на шеа путер едниот е од бугарска марка и тој е чист мислам дека освен шеа путерот има само екстракт од рузмарин ако не се лажам и еден што тие самите го прават ама не знам каков е го немам пробано. Јас најчесто го нарачувам од Италија кога одам (го земам ептен чист). Ај остави ме да го проверам оној на Ла Сој каков е, па ќе ти кажам. Оној со екстрактот од рузмарин не знам дали да ти го препорачам сепак ти си доилка. Види деновиве ќе отидам до две три места кај што според мене би требало да има па ќе ти кажам. Во случај да не најдам, ќе ти дадам од мојов што е чист и органски ако си од Скопје. Поздрав. ЕДИТ: Од еден италијански дерматолог дознав дека одлични за оваа намена се и маслото од бадеми (по можност органско што е полесно да се најде) исто така и чистото масло од невен. Исто така дерматологот советува пре секое доење да се мијат градите со вода и нежен сапун, па после доењето пак да се мачкаат редовно со маслава или со шеа путер. Поздрав.
Јас сакам да ја прашам @Biodevojka кој вид кокосово масло е најдобар за бебешката кожа? До сега не сум употребувала, а би сакала да почнам и за бебе и за мене
Здраво драга, било која марка (кај нас има повеќе) она што е важно е да е чисто ладно цедено нерафинирано кокосово масло и во составот да пишува само Cocos Nucifera Oil. Ако е органско уште подобро. Обично овие масла се во тегличка и сега (зимно време се во цврста состојба). Избегнувај шишенца со кокосово масло кои се во течна состојба затоа што сигурно кокосот (или арома на кокос) е помешана со други масла или во најлош случај со течен парафин. Кај нас имаш на пример на биокосмос, биолајф и уште едно во Зегин био нешто не ми текнува на името кои се органски, чисти и убави. Кое и да го земеш ќе биде супер. Поздрав
Ти благодарам многу @Biodevojka . За жал не сум од Скопје, па ќе мора да побарам тука кај нас бадемово масло ладно цедено, бидејќи шеа путер е потешко да се најде. Инаку јас од 4ти месец бременост до средина на 9ти се мачкав со органско кокосово масло и на градите, ама блиска моја роднина ми препорача ланолин како подобра варијанта и еве веќе половина месец се мачкам со ланолин... додека не го прочитав твојот пост за ланолинот и го баталив :/. Инаку термин ми е за една недела па затоа сакам да се информирам со што е најдобро да се мачкам за да си немам мака со доење . Фала многу на информациите и одвоеното време. Имај убав ден
Но проблем. Еве ќе се обидам деновиве да направам една мала статија за сите алтернативи на ланолинот и секако негата во бременоста. Ќе ја објавам и овде (се надевам ќе биде готова пред да се породиш ) Поздрав и во секое време.
@An-na и јас го користам ова кокосово масло, преубаво е. Користам веќе 3та тегличка, се мачкам на стомак и гради... Здравје Боже планирам и за бебуш да го користам уште од почеток