Има во Зегин и други подобро снабдени аптеки. Сум видела и во Тинекс, за Веро не знам. Има и во специјализирани продавници за бебиња (бебе супермаркет, бебирон...)
Becolino дефинитивно....позитивно е тоа што Dalia фирмата што го произведува има долга традиција и не е од вчера на пазарот,прашајте ги вашите постари сигурно ја знаат....Има се од сапунче до кремче,мојата внука имаше проблем со кожичката и после сите пробани можни варијанти ја советував сестра ми да го купи Becolino,чисто колку да пробаме,претходно се изнадава на пари за скапи средства,од Мустела до ЛинонаФет,кој од кој поскапи....Сега нашата принцеза има преубава кожичка,неодамна го променивме на кратко со Hipp ама се врати повторно осипот на кожичката така да се вративме пак на Becolino...И претходно имам пишувано за овој производ,сакав само да ви го потврдам доброто дејство на ова можеби најевтино средство на пазарот но се покажа како исклучително ефикасно... Тетка Ипол!
За бањање и, по бањање, само во зима за малиот користам една крема од невен на Регина ( германска е) не ја сликав, за лице во лето Бекутан, а есен зима ја користам и за мене а сум презадоволна и од лосионот за чистење лице, за се е кога имаат црвенило на газетo или негде, место со марамици, со памукче и со овој лосион, убаво ја лади кожата, ја негува и измислен е
Dali ste ja probale novata mast na Becutan so ribino maslo i dali se pokaza dobro kako sto e dobar jekodermot?
Не сум ја пробала, иако ја видов пред некое време. Сепак, мене Јекодермот ми беше незаменлив во првите три месеци, сега по потреба го користам. Инаку, сум слушнала дека течното рибино масло било најубаво, го има во аптеки.
Шампон од МУстела користиме и сум задоволна, не е парфимиран, а сепак дава пријатна миризба на косето За газето повремено Нивеа во туба, со цинк. Друга козметика засега не користиме Јекодерм за потпароци од време навреме, а кога беше помалечко бебенце, редовно користевме
На моето бебче веќе една недела му е исфрлено лицето со ситни црвени точки како бубулчиња. Имате искуство со нешто вакво? Се мислам да земам крема со цинк со која се третира пеленски осип.. инаку мачкам јекодерм ама сеуште нема подобрување. Help!
^ Моето имаше исто ваков проблем. Матичната докторка му препиша некоја течност Еозин мислам дека се викаше. Еден црвен раствор, со него се мачка, и бепчето е цело црвено Знам дека раствотор доста луѓе го имаат користено, имав слушнато за него и пред да ми го препишат. Не е лошо да се консултираш со педијатар.
Еозинот не се става на лице, барем мене така ми кажа матичната докторка. За вакви брунчиња кај деца помали од три месеци не треба да се секираш, затоа што малото се' уште се чисти. И син ми имаше доста, јас ништо не му ставав освен јекодермот, си поминаа постепено после третиот месец. Ако станат поголеми, почнат да гнојат или се придружени и со други промени, тогаш би требало да одите на кожен лекар.
Јас се сеќавам дека му ставав и на лице Еозин, ми стои сликата во глава - каков беше целиот црвен, ама не се сеќавам дали конкретно сум прашала или ми кажале дали се става на лице, сепак поминати се 5 години. Претпоставувам - да, бидејќи на лицето му беше многу исфрлено, па најмногу затоа го носевме на лекар, штом ни го дале - значи било ок. А ништо чудно порано да препорачувале и за лице, а сега веќе не, се менуваат работите.
и ние бевме мали индијанци од Еозинот ама не ми помогна. Во водата пар пати ставав и хиперманган (се сеќавам) ама и тоа не помогна. Отидов кај кожен лекар кога веќе биднаа како корупки и почнаа да се чистат на лицето ама се појавуваа на меките ткива и се утврди дијагноза аутопичен дерматитис. Не мора да значи дека и тоа е кај вас, ама почекај и ќе видиш дали ќе се чисти или и понатаму исфрла. Тука помагаат само овие кортико што се како Адвантан и сл. али на своја рака никако. Почекај некој период, ако не се исчисти одете на кожен лекар.
Ги имаме користено скоро сите колекции ама шампонот на Беколино ни е најубав, прекрасно мириса , не е воопшто скап и ќе продолжам да си го користам
се согласувам...... имам пробано и беколино,и нивеа,бубхен и пак на крај бекутан.... некако најсигурни се
Беколино е српски Бекутан, нема разлика, ги има истите состојки дури и ако заприметите ги има истите производи, искрено и двете фирми се одлични. Веќе имам напишано дека мојата внукичка од Мустела сиротата си виде мака, но едете после година ипол излегло дека не е Мустелата проблемот, џабе антирекламата, дерматологот рече атопичен дерматит, но мислам дека и тоа е клише веќе, секое дете кое има проблем со кожичката му кажуваат атопичен дерматит, јас мислам дека се во прашање гени, и татко и и мајка и имаат проблем со кожата па и она исто така, се може да биде, додека не стане навистина озбилно се третира колку може. Сестра ми стигна до Еуцерин црвена линија, сега засега вика дека е ок, освен оние ранички кои малата сама си ги има направено бидејки се чешаше како мечкине од дрвата, многу имаше мака сироткото мое мало девојче. Јас се раководам на онаа приказна која важи и за детергентите за перење, Ариел е наменет за западниот пазар каде се користат машини за перење Индесит и каде водата има друг квалитет, па така и ова, кај нас и во Франција водата и воздухот не се исто, Беколино и Бекутан се наменети исклучиво за нашиот пазар, можеби затоа и помагаат толку. Инаку да не заборавам да препорачам кај изразити проблеми со кожата го препорачуваат Авен Триксера, навистина помага, веке е пробано и проверено, малку е поскапичко но вреди и трае. Со среќа на сите нежни газиња, ве сака тетаАрхитетка
Беколино не е српски Бекутан... На страната на Беколино јас детално ги проучував состојките на производите и се разликуваат од оние кај Бекутан. Има некои производи кои мислам дека имаат подобар состав па затоа и прашував искуства да споделите од користење на Беколино производи, да знам дали да експериментирам и да ги пробам. Инаку и јас мислам дека Беколино, Бекутан, и слични производи од наше производство се со супер квалитет. За Бекутанот кажувам и од искство!
Јас на некои членки мислам дека веќе препорачав,али не е битно ќе се повторам. Има еден спреј-Гингира алба бебе,цинк оксид и уште нешто содржи,кои освен кај менување пелени-ако е многу воспалено,се дава и ако го касне нешто,ако се изгори,да се заштити од сонце или ако има алергија.Моја другарка работеше порано во таа фирма,и ми има кажано за спрејот.Тетка ми е докторка и навистина ми го потврди дека е ефикасен. Сега си купив и за мене голем спреј од 100мл ,550 ден од Зегин Кисела Вода,ќе си го користам како УВ заштита на деколтето -одговарал на 50 ка заштитен фактор .Почнав да ставам и на лице- во упатсвото читав дека може,за акни па ќе видам за резултат.Значи истото е и за бебе и за возрасен,разликата во мл. Eве го бебешкото Спојлер А дома го имам овој,само од 100 мл Спојлер
Не сакав да кажам буквално дека е српски Бекутан, фала богу, сакав да кажам дека е од рангот на Бекутан, не е како Мустела, Нивеа, Чико и слични изгор скапи производи, односно пристојни цени и слична понуда на производи. Секако дека е одлично, јас веќе во неколку наврати го изнафалив.