Биодевојка, а зошто обичните не? Јас следејќи ги твоите совети пред некое време ги најдов марамчињава во аптека, и тоа баш обичните ми паднаа во очи дека не содржат од состојките кои ги посочи како штетни, па дури имаат и помалку состојки од овие сензитив. Или ја сум утнала негде? Ај еве го составот и на обичните па те моллам кажи ми. Позздрав Состав: aqua, glycerin, polysorbate - 20, allantoin, chamomilla recutita flower extract, phentoxyethanol, sodium benzoate, parfum, potassium sorbate, citric acid
Здраво драга, откако ги разгледав двете марамици овие сензитив ми се подобри затоа што немаат polysorbate - 20 кој во случајов содржи 20 молекули на етилен оксид. Инаку во секој случај подобри се од многу други кои сум ги видела кај нас на пазарот. Поздрав.
Ми се наоѓа еден по дома, го донел некој. Сега го читам составот, и е многу лош според критериумите кои ги посочи биодевојка, со држи PEG/PPG, тоа знам штетно беше.
Според мене, Weleda. Незаменлива ми е, ама скапички се производите. Сепак, бавно се троши се, освен кремата за газе се исплаќа сакам да кажам, органска, природна козметика на база на невен. На второ место Hipp, синтетички производи но без штетни состојки. Слушнав пофални зборови и за Alverde и за Logona, но немам лично искуство. Поздрав
Кремчето за газе е 450ден, а шампонот не сум 100% сигурна бидејќи го купувам поретко, побавно се троши, но отприлика 850-900ден. Во Зегин знаат и на акција - 20%често да ги стават.
Има да, но не во сите дуќани на Зегин. Сепак можеш да ги замолиш да нарачаат во вашиот Зегин, неверувам да има некој проблем.
Здраво на сите мамици, ја цитирам оваа реченица затоа што пред извесно време ви реков дека шеа путерот многу тешко се наоѓа кај нас (мислам на оној чист и органски). Пред два дена во биокосмос купував некои работи и додека чекав си реков ај да видам какви масла имаат...и што да видам органски шеа путер 100% чист!!! Го донеле од пред 2 месеци. Тегличката од околу 200 грами (горе долу не ми текнува точно) беше 315 денари. Веднаш да споделам со сите вас кои сакаат да го користат и да гп пробаат или пак кои си прават сами дома проекти како маски, креми итн. Поздрав.
Ние користиме козметика на corine de farme за синко... Останатото што сме го добиле за поклон најчесто на бекутан го користам јас за мене.
Инаку бев во аптека и ми текна да прашам дали можам бебе да мачкам со масло и ми рекоа не многу било јако и не било добро. Прашав некоја поприродна и добра колекција да ми препорачаат и ми викаат Бекутан Се помислив да ги прашам дали ги имаат прочитано состојките ама ајде викам нема поента и си излегов. Изгледа сепак ке си земам на Хип за почеток па за понатака ќе видиме.
Mislis deka od becutan ne cinat? Mene bas tie mi gi preporacaa i sega neznam za koja kolekcija da.se odlucam?