Здраво на сите! Нова сум на форумов, а како идна мајка најдов многу корисни совети на темава. Се одлучив да ја користам Веледа колекцијата, меѓутоа незнам кои препарати точно ќе ми требаат на почеток за нега на новороденче. Ве молам тие што ја користите да ме посоветувате. Исто така ако може да ми кажете од каде точно ги купувате производите,бидејќи побарав во неколку аптеки досега и не можам да ги најдам. Исто и за влажните на baby care или на alverde, досега не успеав да ги најдам, па ве молам упатете ме да не лутам.
Производите од alverde i baby care ги има во ДМ маркетите. Јас, како што ми препорача педијатарот за малечката користев само Еуцерин сапунче за бањање а за пеленската регија се изнамачивме дури ја погодивме кремата, купив 7-8 различни на крај да излезе дека Бекутан со невен највеќе ни одговара. За тело повремено користам кокосово масло а за надвор Чико спф50.
Што користите за заштита од комарци? Поздрав, @Biodevojka , можеш ли да ни препорачаш некое безбедно средство?
Во зегин има. Ко за почеток, доволна ти е кремата за пеленска регија, шампон и купка (во едно), а слична на кремата за пеленска регија има и крема за тело, ама мене таа не ми се допадна многу. Го користев еуцеринот на почетокот, а сега користам кокосово масло за јадење / хип млеко за тело. Влажни марамици не користев, ја миев.
. Ти благодарам Kaetana. Прашав во зегин, ама ги нема, ми рекоа да им кажам кои производи точно ги сакам, па да ми ги донесат ако ги има на залиха. А за влажни и јас не планирам да ги користам нон-стоп, само за излегување.
Здраво драга, пред некое време ме прашаа за ова и мислам дека го пишав во темата за Дм не сум сигурна, ама еве и овде. Производот од десна страна (оној во гел на кој пишува бабу и кидс) е добар за деца. Поздрав.
Денес бев да го купам средството од ДМ но на декларацијата пишува дека е за ладење на местото после убод од инсекти, а не за заштита од убод! Некој друг предлог, те молам миличка!
Дали можеш да ми кажеш колку кошта целава колекција пошто во мојот град нема дм па да ја порачам по,некој да ми ја донесе
Здраво од другите што ги разгледав мислам дека имаше екстракти кои не беа баш за деца ама еве ќе разгледам уште еднаш па ќе ти пишам. Ова беше единствено ако не се лажам со ознака кидс. Ќе се слушнеме за некој ден. Поздрав.
На Чико имаш убави, заоблени се и неможеш да го повредиш. Ги видов дека им се на акција во сити мол 99 денари а инаку редовна цена е околу 300 и нешто.
koga sme kaj nozickite. Kako secete so noziki jas sama nemozam so nozicki a ne pa na bebence. treba da kupam i toa gledam ima i nozicki i grickalki za bebinja i se mislam sto e podobro.