1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Баш од тие причини, треба приоритет да му дадеме на нашиот Бекутан. Да беше Беколино поквалитетен и поефтин, разбирам. Ама кога имаме одличен домашен производ, зошто да купуваме странски?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Јас за малиот не користам никаква козметика за бањање, освен шампонот со камилица на Бекутан. Така почнав уште зимоска, кога забележав дека кожата му е екстремно сува, па дури и се чеша. Прекинав со користење на секаква козметика, го бањам само со чиста вода во која е растворена малку морска сол. Го мачкам исклучиво со Јекодерм, а на лиценцето со СОС крем Нутри Сензитив на Нивеа. И кожата уште при првото такво бањање му се оправи. И не планирам да ја прекинам таа практика. Можеби некој ќе ми рече дека ништо не се измива без купка, сапун или не знам што. Ама вака ќе терам се' додека не почне повеќе да се валка, односно да поминува повеќе време надвор, во дворот. Барем додека можам, да му ја поштедам кожата од хемии :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Цвеќенце од градината, Бекутанот и Беколиното се два сосем различни производи, Бекутанот е многу посилен од Беколиното, на детенцето од една другарка до ден денес му остана флека на кожичката од Бекутанот, прво бањање па со нерастворен Бекутан и доби детенцето изгореница, ете колку е благ, но постојат и случаеви кога нема никаков проблем. Цената, па исти се, можеби се работи за разлика од десетина денари, но исти се, со новите пакувања сметам дека Бекутан направија мала грешка, некои производи не се веќе исти. Но и двата типа на производи не можеш засекогаш да ги користиш, поготово ка девојченца, кога косичката ќе почне да и се заплеткува ни едниот ни другиот нема да те спасат, тоа знаат мајките на девојчињата со виткани косички.
    Аннатх, зарем милиш дека каканото газе се мие само со водичка и сол, а и сол, тоа зар не е малку силно за бебешка кожичка, па и морска. За мачкање, секоја чест, одличен избор, но за бањање дефинитвно треба да се користи средство.
    Веќе имам напишано дека малата на сестра ми имаше екстремно сува кожа, Мустелата можеби и ја влоши состојбата, Беколиното ја среди. Сега кожичката е пак сува и ништо не помагаше па почнаа да користат Еуцерин плава линија, но како што докторката рече, атопичниот дерматит не е болест туку состојба, не се лечи туку се третира.
     
  4. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Becutan ili bubchen
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Па јас не ставам кило сол, ставам малку. Башка што морската сол помага за чистење на кожата (одлична е за тие со атопичен дерматит, колку што сум информирана - не знам дали е точно оти немам искуство), но и секако, го плакнам со чиста вода на крајот. А газето му го мијам секојдневно, дури и по неколку пати оти моево ѕверче доста си ги полни пелените. Како и да е, оттогаш, да чукнам во дрво, проблем сме немале ни со црвено газе. И педијатар ми го одобри ова, ми рече дека нема потреба од средства секогаш.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Во тој случај терајте си така, и ја ке и кажам на сестра ми за солта и атопичниот дерматит па дај боже да помогне. Инаку штом не го бањаш со купка претпостаувам не користиш ни влажни марамици, тие се уште потешка хемија од купките. Јас искрено кога ќе имам бебче ќе си ги користам сите средства кои ќе ми одговараат, а за марамиците зна дека ќе си имам мака со постариве (мајка ми и мајка му) кои не одобруваат такви работи, но според мене е похигиенски така отколку да го бришам само со хартија и да му ставам на какано газе чиста пелена.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Марамици користам, по потреба, почесто кога сме излезени. Инаку, кога е мочкан, му го бришам газето со газички или памук со топла вода, па со сува крпа. А ако е какан, обавезно го мијам. Се трудам да ги избегнувам, само ептен, ептен кога мора ги користам.
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Да, помага ептен многу. Кога имаше само 6 мес. бебушот отидовме на одмор на море. Целиот беше исипан и за 2 дена јодот од морската вода целосно му ја обнови кожата. Како и да е не е штетно во никој случај
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Annath а дали после седењето во таа вода со морска сол го тушираш со обична , зашто јас мислев дека солта и ја суши кожата ако не се измие :^) ?
     
  10. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Не може да се има универзален шампон за секое бебе. Секое дете различно реагира на секој шампон, исто како и ние возрасните. Дали тоа што е ефикасно за мојата кожа одговара и за секоја? Не! Секој со своето искуство. Јас и за двете деца користам бекутан и сум задоволна, не им лути на очите и за среќа не сме имале проблем со алергии. Инаку за постароро еднаш добив од чико купка и ми се бендиса многу па купив уште една, ама се покажа појака од бекутанот оти му ја исуши кожата. А малата од болница ја зедов со осип и рани кај препоните. Мачкав од павловичевата на галафарм, па со еозин, ама не поминуваше и на крај по старски со салце изматкано во девет води и помина за два три дена.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    34.384
    Пол:
    Женски
    За бањање користиме Пенатен . задоволна сум :)
    За телцето користиме Бекутан , мајками ми го донесе од Мk , а скоро при крај сме па ке мораме да смениме друго ;)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Јасно дека го туширам со обична вода, мора така. Точно е дека солта ја суши кожата. Го бришам со тапкање и на малку влажна кожа нанесувам јекодерм. Внимавам на превоите, препоните, под пазувите, на вратчето - таму убаво го бришам, оти не е убаво да остане влажно, може да се јави осип.
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.481
    Пол:
    Женски
    Мамички да ве прашам, дали и од кога почнавте да им ги мачкате лицата со кремче на бебенцата?
    Јас не сум почнала но сакам бидејќи приметувам дека на образите и е малку суво кожичето, дали од што ја гушкаме и бакнуваме дали од сонцето (од кое гледаме да се скриеме, барем директно).
    На телото се мачкаме со производите на бекутан, со масло и витамниска крема.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Секогаш после бањање го мачкав со крема по лицето (и ден денес, сега ја користам Пантексол, одлична е за сува кожа)
    Кога излегувавме да се шетаме на сонце и ден денес го мачкам со заштитен фактор крема
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Со бекутанче и ништо друго.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Божица, ако имате проблем со сува кожа на лицето, земи јекодерм, тој пружа и заштита од сонце. Цело лето лани јас син ми го мачкав само со јекодерм на лиценцето, и фала му на Бога, поминавме без проблеми. Инаку, лицето му го мачкав од раѓање.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    А моево синче неке никако за лице да го мачкаме, гибаме, не ме остава ни млекцето да му го избршам од лицето кога ке се наручка.. :lol:
    Вака, на лик нема некоја потреба од креми добро му е лиценцето,не е суво.
    За бањање користиме Корин Де Фарм,а за под пеленки Бекутан со цинк оксид со препорака од педијатар.
    И масажа правиме со маслото од невен на Бубишен.
    Мислите дека има потреба да му го мачкам телото со некое лосионче, не покажува знаци на сува кожа исто и за лицето?
    А да, и под вратчето кожичката што му е целата е разранета од што му се споени гушките и само мавта со главчето на ваму на таму, и му се разранило, го мачкам со цинк оксид ама непоминува :( Чаре?
     
  18. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Деновиве е потопло и можно е да е потпарено под вратчето, пробај наместо со крем со бебешка пудра, на пр. Бекутан да го напудриш? Јас така правам и сум немала проблем со првото дете, а многу се потеше, а и со второво така правам, после секое капење околу вратчето и под мивчињата пудра и ставам. Мое мислење од пудрата не доаѓа до триење на кожата и помалку потење има. А има и една крема која ја прават само во една аптека во мојот град, се вика маст за потпарено, не е скапа, 100-200 ден., а многу помага. Знам луѓе од други градови иделе ја купувале или јас за нив сум ја купувала. Во порака можам да ти кажам каде е тоа. А пробај и да го облекуваш помалку, подобро е малку да му е поладно отколку да се претоплува детето, можи и до тоа да е... А мислам дека ако кожичката не му е сува не мора на секое да го мачкаш со лосион, само кога го масираш, оти така ќе го навикниш и да не има понатаму проблем да мора нон стоп да се мачка со нешто. Види ти си знаеш најдобро.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски

    Не знам колкаво е твоето малечко, ама не е лошо да го ставаш почесто на стомаче - ќе го подига главчето и ќе му се суши тој дел што му е разранет. Пробај и со бебешка пудра, ставај ја 2-3 пати дневно, и секако, секогаш кога го бањаш убаво да го избришеш, ама тоа сигурно веќе го знаеш :) А за лицето - ако нема промени, ако му е убава кожата нема потреба од мачкање. Ама ако сте надвор, пожелно е да го мачкаш за заштита.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Да и јас го помислив тоа со пудрата, сега за топлите денови е најидеално решение,и за лиценето планирав деновиве да земам крема со заштитен фактор.
    Иначе сме 2.5 месеци и го ставам на меше колку што можам почесто само мојов немиренко повеке од 20 миниути не сака, се лути, кенка, нервоза го фака - обожава да е во раце, нели како и сите бебиња само што мојов целото време додека е буден сака во раце(и да шеташ, никако во едно место , како детекторче да има во газето, а си во едно место одма песна пееме) и само со главчето шара лево десно гледа се му е интересно и од тоа му е разрането цело вратче.
    Сум пробала да го оставам, малце да поплаче, да не го кренам ведаш во раце, ама тогаш крева бунт не виден, плаче прво малце после стигнува до црвенеење помодрување и зајдување.
    Да се разбереме не сум мајка која многу попушта напротив сум стого восптиана и не мислам да го разгалам и да му одам по кефот за се, али овие месеци дури е уште малечок морам така да правам друго решение не ни имам.Еве ако имате некој предлог добредојден ке ни е.(Само не остави го да поплаче зашто ви кажав што се случуа кога ке го оставам да поплаче)
    Извинете што забегав од темава.