Јас сликава ја превземав од нет, уште немам купено. А баш и ова како твоето го имаше, јојоба и календула...значи да си го земам за дете
Сите декларации кои ги стави се одлични!!! Поздрав. Здраво драга, јас ја користам моментално кремата која ја објави другата членка од алверде. Малку остава бела трага ама убаво треба да се размачка. Ова не е назначено како за детско, ама само со физички филтри е. Има едно специфично на кое пишува киндер или бабу па може да го земеш тоа. п.с. ова го имам рецензирано кај мене на блог. Остава бела трага (види ги сликите на блогот). Кога им го дадов на моите на употреба кога беа во Грција лани, ми кажаа дека кога ќе се намачкаш ако влезеш во вода уште побела станува кожата. Она другото кое го објави другата членка како крем не е толку бело. Друго нешто ако имаш повеќе пари подобро земи го на Лавера бабу со повисок фактор 50. На алверде има само до 30 па да не ти е малку како фактор за бебе или детенце. Лавера ако не се лажам некаде околу 600/700 беше. Поздрав.
Фала на советот. Но зарем повисок фактор не значи повеќе хемикалии? Имам од ланската година само пола потрошено на Бејбилав 30 фактор, но беше сосема доволно за ќерка ми (не е многу бела и брзо фаќа боја) но ептеееен остава бело и тешко е за размачкување па затоа сум во потрага по ново. Но би останала на 30ка фактор. Ако тој Лавера е 600, па и не е голема разлика, овој на Алверде е 500, и меѓу другото нема од тој со назнака за деца, а како да го видов пред месец и пол кога ги извадија за прв пат кремите за сончање.
Драга поголем фактор не значи повеќе хемикалии, зборувам за органските креми за сончање традиционалните не ги студирам па не знам како фунјционира таму. Повисок фактор во органската козметика се добива со комбинација на цинк оксид и титаниум диоксид плус масла кои природно имаат фактор (јојоба, морков, кокос), плус путери, плус други природни состојки. Целокупно составот на сите состојки и комбинации придонсува за факторот. Доколку и е ок 30 во тој случај земи, ти најдобро знаеш. Лавера мислам дека беше 600 или 700 провери ја има во Космо и во Биокулт. Не ми текнуваточно, ама нешто 700 ми се врти во глава. Како состав е одлична и има специфилна за деца. Исто така и Еко козметикс има одличен крем за деца ама е нешто поскап до 900 денари. Поздрав и заштити се убаво и ти и ќерка ти!!!
Не е потребен 50 фактор за никого, 30 е сосема доволно. Сигурна сум дека скоро никој не поминува време на отворено по најјакото сонце. Јас за син ми лани во Турција имав средство со СПФ 30, сосема доволно е. Бел е, не изгоре, само си доби убава боичка.
Читам наназад во темава, биодевојка за влажни марамчиња од ДМ ги препорачува на алверде или бејбилов. Алверде во ниеден дм не видов бебешки марамици?? Сте виделе ли вие негде? А тие на бејбилов како жолти постирани поназад исто ги нема, имаат öl- пред името а во дм нема такви
Јас за промена купив Алверде крема за лице, млеко и гел за туширање за син ми и искрено едвај чекам да се потрошат и уште еднаш да не купам. Мирисот ми е непријатен, а и кожата не му е толку мека и нежна како од Хип. Тотално се разочарав.
Тие што се со öl бе се влажни марамици, туку се мрсни марамици. Купив по грешка. Мене не ме бендисаа.
Здраво феминки,ме интересира дали некој ја има користено линијата на ЛОГОНА ? Мене ми ја предложија ради дерматитот на малата.
јас неодамна ја земав кремата со невен на логона, претходно користев мустела за бебуш. Има сува кожа и вака прв впечаток ја навлажнува убаво, како за почеток задоволна сум.
Ние сме со логона од почеток. И моето дете е со атопичен дерматит. Логоната му одговара совршено за редовна нега. Тоа ни го потврди и дерматологот. Само сепак се е индивидуално. Мораш да пробаш за да знаеш.
Fala ti na odgovorot, 3 meseci maka macime i nikakvo podobruvanje,probav so eucerin ama samo poloso se mislev pomegu aderma i logona, nke probam so logona pa daj boze da ima efekt
Јaс зa мaлoвo сaмo бекутaн мaрaмици кoристaм,пaвлoвиќевa,и бекутaн шaмпoн,др ништo.Зa мaчкње кoгa требa сo кoкoсoвo мaслo.Пoмaлку хемијa пoдoбрo.А и дa му сменaм еве 22м веќе е ми е стрaв дa не се иссипе.