ДеМело мила, мало ти е сонцето, гушкај го и држи го во раце додека можеш, после самиот ќе ти плаче да го оставаш на земја кога ќе прооди Јас не би го оставала да плачи ни минута, премногу е мал за да ти е страв дека ќе го разгалиш....имаш време кога ќе поставуваш граници, ама со „исплачување“ можеш само несигурност кон вас да му создадеш (дека нема да му помагаш кога ќе има потреба, т.е. кога ќе заплаче) За оставањето на стомаче - па и доста ти се 20мин, ко за почеток...и мене да ме оставиш повеќе исто ќе плачам Менувај му позиција, легни и ти до него, ставај различни играчки на различни страни па кажувај му што што е Легни го на релаксатор и гледај да го анимираш додека лежи, да не го креваш. Претпоставувам само неколку секунди ќе можеш на почеток, ама со упорност, можеби ќе стигнеш и до пола саат/саат, а ако имаш среќа - можеби и само ќе научи да се занимава па ќе одмориш Едноставно некои деца се такви, нема врска со размазеност...не можеш да размазиш дете до 6 месеци, мада јас би рекла и до 9! Гушкање, гушкање и само гушкање, многу пеење и музика и шарени играчки За се` што ќе правиш - почнувај прво со мали интервали и постепено зголемувај, и никако ама НИКАКО не дозволувај да ти плаче бебе до зајдување.....со среќа и уживајте во моментиве, ќе ги бараш по 1 година
Моира, ми даде малку од самодоверба која ја имав изгубено од паметните совети кои ги добивам, искрено и јас се согласувам со тебе во целост. Само што сум тазе мамичка и од баби, мајки, свекрви само некој паметни совети добивам, во стил немој цело време во раце остави го да поплаче, така ке го научиш ке се разгали, што ке биде кога ке порасне и ке тежи повеке. Не ми е проблем по цел ден сум дома и си сме заедно и да си се гушкаме во раце, напротив ми причинува најголемо задоволство, само што ете ми се појави овај проблемот со вратчето, а некогаш и се случува низ дома да настане хаос немам време да средам, но и тоа нема да биде проблем и да го почекам мм од работа да се врати па да средувам, само што имам сверкрва која често знае да дојди без да се најави па кога ке го види хаосот низ дома превртува очи.Но и за тоа многу многу нема да му ја мислам, најбитно од се на свет ми е малечкото, па тие нека си го тераат нивното а јас своето. Поздрав и фала за одвоеното време
Ти мила ќе си го тераш своето и САМО своето (под ова спаѓа и сонцето, нормално ) и ич да не ти чуе за другите од страна. Еве прошарај на нет, ќе видиш дека сите истото го тврдат, чак што више и ПРЕПОРАЧУВААТ гушкање и држење во раце заради близината и правилен психо-физички развој на детето. Дете кое се осеќа сигурно во најблиските, секогаш ќе е поспремно за испитување на својата околина Еве ти кажувам од лично искуство - кога би можела да го вратам времето назад - нема да си го испуштам куклето од раце, криво ми е ептен што на моменти ги прифаќав истиве совети, ама после некое време се освестив и си продолжив по свое Среќа моја што ќерка ми не беше бебе кое плачеше за во раце, ама таа едноставно си е таква, ниту јас ја истренирав, ниту „паметните“ совети од страна.
И свекрвами така , и ја вади цуцлата на малата , демек да не сее навикнела со цуцалата Еј алоо ... или да не ја уЧам во раце многу да не ја нишкам , да не ја облакам премногу дебело и ред ред други работи триста Чуда . и друго па и јас немам многу време да средувам по дома , тс да биде се пицнато ,средуваме заедно со сопругот . И ако на свекрвами и преЧи и превртува оЧи зашо дома не ми е средено иЧ не ме интересира нека дојде да ја поЧува малата за да средам ако па не Така да јас најубаво си знам што е најдоброто за моето дете и никој друг .
ПАзете мамички и Mустелата не е добра , безразлика на цената (има канцерогени состојки), а Џонсон па ни под разлог , еве една страна која кажува за безбедноста на козметиката има и за бебина и возрасни.. Жалосно.. Спојлер http://www.ewg.org/skindeep/product/26329/Mustela_Foam_Shampoo_for_Newborns/
Мустелата не е воопшто добра, внука ми извади страшен оспи на кожичката од неа, го смиривме со Беколино, но сега веќе и тоа не помага. Мислам дека основната грешка е што на сите деца исто им се препорачува а не се сфаќа дека секое детенце има различна кожичка како и ние возрасните. Јас никогаш не би користела скапа козметика која може да биде лоша за моето бебче, поготово имајќи го примеров од сестра ми и внуката.
Скапа козметика, евтина козметика...30ка фактор, 50ка фактор Нивеа, Еуцерин, Бекутан бла бла бла Го плаќаме ли само брендот или навистина разликата е огромна како и цената на производите? Дајте ми некој совет како да изберам соодветна крема за сончање за 7 месечно бебе со светол тен!
^Битно е да не ја изложуваш малата на јако сонце без обзир на сп факторот. Сп факторот треба да е најмалку 15, се што е нагоре содржи и повеќе хемикалии, не мора да е специјално од детска козметика може и за возрасни, нема некоја разлика. Во содржината на кремата ќе гледаш да содржи цинк оксид и титаниум диоксид, тие две компоненти формираат филм на кожата која што ги блокира сончевите зраци и ги одбива и штетните ув зраци. Иако пишува дека заштитата е за најмалку 8 часа, мачкај ја почесто на 2-3 часа и обавезно пред да ја намачкаш целата, пробај на внатрешноста на раката стави и малку и чекај 24 часа да не има некоја реакција, ретки се ама за секој случај. Јас малиот го носев на плажа од 3 месеци после 17 часот, користев од тука домашен производ кој не содржи хемикалии и сум задоволна од заштитата.
Божица, ако не ја носите малата на плажа, немаш потреба од многу јаки фактори. Секако дека нема да излегувате во најтоплото, ќе ја вадиш рано наутро или приквечер надвор - ова кога ќе фатат големите жештини. До година не се препорачува никакво средство со заштитен фактор кај малечките, па јас за син ми не користев, го мачкав само со Јекодерм, а го вадев на сонце само рано наутро - од кај 7 до 8 максимум и приквечер, после 18:00. Инаку, ако веќе сакаш - многу ја фалат Мустелата со заштитен фактор 50, исто и Бекутанот. Еуцеринот не биле за деца под тригодишна возраст. За другите не знам.
Јас две три години со ред земам од средствата за сончање од Кам маркет, и сум задоволна. Синот иако има многу светла кожа не се случило ни најмалку да му се в црвени кожата, ама треба пазење, често мачкање, избегнување на најјакото сонце, а понекогаш и со маичка и капче го капев, ако останевме подолго на сонце. Инаку не се затрчувам по најскапите препарати, земам секоја година некои со средна цена 300 - 500 денари макс., мислам нема потреба, не значи ако е најскапо е и најдобро.
Бидејќи од бебе ја користам Мустела и ја наоѓав со живи маки затоа што порано ја немаше на секој чекор како сега и еднаш како подарок (стален муштерија ....се зезам беше некоја акција да оди заедно со кремата и се чуваше под тезга за свои купувачи или пак посебно ја продаваа за да печалат ) ми ја дадоа. Имаше 6 мес. кога прв пат го одведовме на море. Ќе си ја пофалам нависитна е фантастична ама и цената е, некаде околу 1200ден. После тоа земав и од Нивеа кидс и таа е добра а и онаа Каротен кидс линија. И тоа исклучиво 50-ка фактор понекогаш понекоја 30-ка ќе залуташе. Секоја година си го враќав бело детето од одмор со многу малку тен . Значи, штитат навистина а и башка што си пазев кое време да биде на сонце. Со оглед на тоа дека сончевите зраци се катастрофа за детската кожа сепак сум ЗА поголем заштитен фактор. При купување секогаш запазувајте го рокот на употреба, затоа што често знаат и ланска колекција која се печела на сонце по излози да ја изложат. Која марка? Таа што му одговара на кожата на детето. Ако не го пече, појава на иритација и сл е таа, немора да е најскапа битно да врши работа.
Ајде мамички совет... На син ми ништо не му мачкам на лице после бањање...Ама почнав да приметувам како ситни брунчиња по лиценцето од што се поти и од бацување (can't help it ) Со што да го мачкам по лиценцето??? Инаку за бањање ја користиме козметиката на chicoo, и пудрата на нивеа....
Познато ми е тоа со бацувањето на сите им кажуваш дека е мало, никој не те рецка. Нема врска, вака, кожата кај бебињата се чисти до три месеци. Јас во тој период мачкав исклучиво јекодерм (досадна сум со него, знам ама најдобар е), не се секирај, не е толку мрсен колку што беше порано. Не мора ништо да ставаш, само ќе си се исчисти со тек на време, може да го чистиш со памукче со чиста вода. Само ќе ги пратиш брунчињата да не му се воспалуваат. На телото може да ставаш и кремче со цинк оксид, ги суши. Јас на син ми сега му ставав околу вратот, од топлото се исфрли, од кремот со цинк оксид (на Бекутан) веднаш му помина осипот.
и на моето и се појавуваа брунчиња и гнојаници мали ама исчезнуваат Иначе лицето после бањање и го мачкам со Бекутан со цинк , а телцето со Пенатен а иначе моето во спиење си го дере лицето Ноктињата и ги сечам ама ете сабајле гледам кај окцето партал се напраила кожа си одрала и и намачкав од бекутанчето со цинк ( многу е добра) и и поминаа
Нас патронажната сестра ни кажа дека креми со цинк оксид не се препорачуваат за лице, туку стриктно за газето и тоа ако е исфрлено или пак за превенција. Ние на лицето му мачкаме обична витаминска крема на Бекутан.
Здраво мамички. Јас пред некоја недела најдов една книга "Народен лекар" (мајка ми ги има сите до една) и во неа има многу корисни работи и за бебиња. Прочитав како се прави една билна крема, за нега на детската кожа, и си викам, ај да пишам. Зошто нели, природното секогаш е поубаво. Еве го рецептот. "Билна крема за нега на бебето Во 1/2л масло потопете една дланка корен од бел слез и оставете го да отстои десетина дена. Секој ден проматете и на крајот процедете. Маслото сипете го во шише. Во друго шише од 1/2л ставете полна дланка корен од слез, посипете со вода и оставете да одстои 24 часа, процедете и вратете ја водата во шишето. Измешајте со миксер по 1/2кг ланолин и вазелин и кога смесата ќе се соедини постепено додавајте ги слезовото масло и слезовата вода. Кога сите состојки добро ќе се измешаат, затворете во сад и добиената извонредна крема користете ја за нега на детската кожа. Совет + За мека, свежа и убава кожа добро е децата да се искапат во 5 литри вода во која се ставени 2 лажици мед и една лажица масло од лаванда. Кожата кај децата тогаш е свежа, мирисна и црвена." И уште неколку совети од книгата, не се за козметика, ама не знаев каде да ги напишам. Спојлер "Често грешиме кога на децата не им даваме да одат боси, па дури и на плажа им велиме да земат папучи, што е погрешно. Нека одат што повеќе боси, на песок, чакал и косена трева, што е извонредно особено за рамни табани. Младите мајки би требало за тоа да водат повеќе грижа." "Против каснување од пчела Веднаш штом детето го каснала пчела или оса, расечете главичка од кромид и тријте две до три минути на каснатото место."
Не би ти ги препорачала зошто ги имаат скоро сите парабени во составот.Јас избегавам дома да користам козметика која што е токсична поготово за ќерка ми многу работи исфрлив од употреба баш поради сите тие конзерванси. Се трудам колку можам да си дозволам да купувам по природно Денеска барем можеме со малку да си приуштиме нешто што кошта релативно евтино на пр. од ДМ на Алверде за купка и шампон во едно прекрасно мириса малата ја бањкам со тоа веке 3 месеци а и јас и мм се тушираме со истото.Целата колекција топло ти ја препорачувам
Вчера требаше да и купам крема за пеленската зона на цуцкава моја но, по две потрошени кутии бекутан со портокалов капак а периодов доста читав за тие бебешки козметики, се разочарав кога видов дека има конзерванс и тоа Methylparaben, Propylparaben + има и парфем. Сакав да земам Беколино, читам состав и таа има конзерванси дабетер состав (Methylparaben, Ethylparaben, Butylparaben, Isobutylparaben, Propylparaben, PEG-8 + парфем). Се фатив да ја погледнам Хип кремата и таа немаше конзерванси и не беше парфимирана и решив неа да ја земам. Но сега гледам на дм кремата дека исто така нема конзерванси па би ја пробала следно неа.