Здраво драга, јас лично кога би требала за себе да ја купам, не би ја купила. Има премногу силикони од различен вид, потоа ПЕГ и ППГ и други нафтени деривати од типот на исопарафин. Сите овие состојки не се во склад со она за што се залагам. За функционалноста секако се оградувам да зборувам, со оглед на тоа што не се занимавам со традиционални козметички формули. Можеби овој производ е навистина многу функционален (нека потврди кој го користел), само како декларација за мојата филозофија е спротивен. Изборот е секако твој. Поздрав.
Девојки дали сте ја користеле и дали ја препорачувате бебешката козметика на weleda? @Biodevojka какво е твоето мислење за оваа козметика?
За поголемата ја користам веќе 22 месеци, исто и со малото веќе 3 месец. Презадоволна. Користам шампонче и уље од колекцијата невен, calendula. Кремите за пеленска регија и за лице од weisse malve. Веќе ја имам прашано Биодевојка, тогаш сподели позитивни критики за истата. Претпоставувам повторно ќе одговори и на твоето прашање.
Ти благодарам. Дали кремата за пеленска регија си ја мачкала и на лето и дали секојдневно? Моето бебе ќе биде летно па ме интерeсира.
Секоја сезона. Ништо не мачкам секојдневно, само по потреба. Некогаш недели па и месеци немав ставено. Третирам само иритирана кожа или онаа која има потреба од истото.
И јас веќе 12 месеци користам Веледа, менував чат пат ама пак се враќав на Веледа. Исто ко Дани и јас бе ставам декојдневно ништо, само повремено и по потреба. Многу сум задоволна.
Јас го мачкав само 10тина дена после раѓање, односно додека му беше сува кожата. После преминав на млекото за тело на Хип, не е мрсно тоа.. хидратантно
Пробав неколку пати и воопшто не му одговараше. Кожата по некое време му беше ко воспалена. Не одговара јекодермот по дифолт кај секое бебе. Покасно се испостави дека детето има проблем со кожата. Се префрлив на органска козметика кај ја користиме и денес,но не секојдневно. Мачкам по потреба и тогаш и сега.
Како декларација е добра, ама еве за искуство може да говори некој кој ја користел за бебето. Поздрав.
И јас исто така користам валеда. Бејби лосионот за тело лице и коса и млекото валеда од колекција календула. Прекрасно мириса и сум многу задоволна од истата. Пеленска регија исто така третирам по потреба со бепантен. Не мачкам ништо инаку. Само миење газе и ништо повеќе.
Ме интересира дали откако ќе се роди бебчето по дифолт мора на целото тело да се мачка јекодерм или може да се користи млеко/лосион за бебе како на пример на веледа?
Najubavo e celo telo, barem eden mesec. Dodeka ubavo da mu se obnovi koziceto i mnogu mi e ubav toj miris na bebinja.
Мене педијатарот ми рече никако да не го мачкам со било какво уље. Баш ми рече знам дека кружат совети да се мачка со јекодерм или уље ама никако так зашто не може кожата да дише. Наместо тоа од старт го мачкавме со хидратантни формули. Почнавме со Еуцерин, користевме и Веледа и Бекутан белото зашто по состав е ок. Не сме имале проблем до сега иако има бела тенка кожа.
Бидејќи кожата на бебињата им е сува после раѓање, најдобро е млеко за тело за да му ја хидрира кожата. ова од педијатар го имам слушнато.
Толку ми беше неубав јекодермот што ниту еднаш не му ставив. Го мачкав прво со Мустела, после со Хип. Моментално користам weleda за пеленска регија и лице и Хип за бањање и тело. Кожата му е супер.