Овие се на Tosama има 50 парчиња и се околу 100 денари. Во Зегин се поефтини, во Веро малку поскапи. На други места ги немам видено. Тие од ДМ се тупфери од памук овие се баш како марамици. И прилично се големи како дупла влажна доаѓаат. Некогаш ги сечам и правам две од една. Инаку такви тупфери како во ДМ ама 50 во пакување за иста дена има во Jumbo.
Има и марамици во ДМ, ама според мене се прескапи. Јас сонедна марамица ја бришам големата кака, тоа што е залепено за него, после одам мијам.
Organskata kozmetika od tipot na Logona, Gamarde ili Alverde moze samo da ja vlosi situacijata I da predizvika dopolnitelna iritacija. Pocnete da koristite medicinska kozmetika za da go resite problemot.
Здраво мајки што би ми препорачале за бањање на новороденче? Сапунче или шампонче и купка... која фирма? дали имате искуство со мачкање со кокосов путер за хидратација?
Јас ти препорачувам Веледа календула, со сапуни не сум најдобра другарка и не користам иако многумина викаат дека со Мерима сапунче, со Бекутан сапунче бебињата ги бањале, што знам мене некако не ми се става директ на кожиче, јас растварам во вода сеуште купка. Коко путер треба да се внимава многу, алерген е иако не толку силен, сепак треба да се внимава. Пробај малку прво, ако делува убаво мачкај, јас мачкав и многу убаво ми мирисаше бебето. Мачкав за теменицата, па знаев и цел да го измачкам наеднаш, иначе користев беби уље Веледа, кожата му е стакло.
Синко ми е 32 дена и по препорака на другарки кој израснаа деца ја купив цела козметика на Хип. И искрено сум презадоволна. Го бањам секој ден со Хип, со млекото од Хип го мачкам цел, кремата за лице е најдобра и имаш за пеленска регија исто на Хип крема која е навистина нешто најдобро. Секое мењање пелена и миење му ставам од кремата. Осто и Пенатен ја купив козметиката и нејзе ја пронав исто е добра.
И јас ке ти ја препорачам на Хип, млекото е доста хидратантно, ептен убаво и нежно мириса и башка Биодевојка тука кажа дека добар состав има нивната колекција Сега дека е поголем менувам купувам и Џонсон и Бекутан, но Хип имам обавезно дома и млеко и купка за бањање... до сега мака со кожата не сме имале.
Мајки ако може совет која козметика да ја купам за новороденче. Се мислам помеѓу Пенатен и Веледа. Но читам овде и добри коментари за Хип.
А кој од овие да земам за почеток. Извини ама незнам прво бебенце ми е и сакам да се спремам со време.
Може да ми кажеш во кои аптеки поточно го има еко козметикс, бидејќи го барав во зегин, еурофарм и други ама го нема. Иначе не сум од Ск, ама ако знаеш во која точно го има ќе испратам некој да ми го земе. Благодарам.
Здраво драга јас во Зегин ги имам видено. Чудно што ги немаат. Инаку во Скопје ги има сигурно во Сити Мол на штандот на Логона на приземје. Поздрав.
И јас од прв ден ја бањам со хип две во едно и супер сум задоволна. Не ја мачкам со ништо, на почетокот со јекодерм после бањање, после проретчив и сега не ставам ништо. На лицето никогаш ништо не сум мачкала.
И јас барав во Зегин и немаше. Провери и преку компјутер да не има во некој друг и не најде. Баш дека ти спомна дека е најубаво еко козметикс фактор барав ама не успеав да најдам. во виола влегов исто ама само еден спреј на Натуре имаа...
Мами кажете дали ги мачкате бебенцава со заштитен фактор, почнаа жештините па се мислам да земам. Ако некоја користи нека пише искиуство инаку за 5 дена 2 месеци прави бебушот.
Јас купив Веледа календула за пеленската регија и воопшто не му одговараше на бебуш,по 7 дена ми се "потсече" на препоните,па сменив со павловиќева и од тогаш нема проблем. Исто така го бањав со купката на Веледа 2во1 што е,меѓутоа многу му се суши кожата дури и лишаи суви има на рацете... Можеби не е од неа,но веќе нема да ја користам. Инаку по бањање го мачкав со биодерма за превенција од атопичен дерматит,а деновиве поради сувите делови го мачкам со интензивна крема од биодерма,на лице му ставам крем Логона и супер му е. Мој совет Логона од старт затоа што е баш неутрална,што не е случај со Веледа. (Барем кај моето бебе)