Благодарам многу за одговорт. Сега ме замисли со купкава на Натураверде, јас таква не најдов - само шампон. Прашав во Космо, ми рекоа дека немаат и не ни имале. Во Веро исто само 3 производи- шампон, масло и крема за пеленска регија. Или јас нешто пропуштам или козметикава ја има на уште некое место
@love make up Драга јас за колекцијата Уријаж не мислам баш ништо, во смисла не можам ништо да кажам ако не ми постираш декларација. Поздрав. Драга најобично бадемово масло и на телото и на главчето пред бањање ако има крупки. Јас ако не се лажам видов и купка...барем во Врео Џамбо, ама има слична декларација со шампонот (не е комплетно иста) па може да го користиш и него.
Ние земавме еуцерин пх5 по препорака на педијатар. Маслена купка и млеко за рело. Ни се лупеше телото и челото, со еуцеринот кожата му е свила. Му ставам и на лице малку. После доење педијатар ми рече да му го мијам лицето со водичка и сосем малку од млекото еуцерин да ставам ради ситни акнички што му се јавија.
@Biodevojka претпоставував не го ни купив чекав твое мислење, може некој предлог, превентива за вошки?
Драга имаше едно со одлична декларација, ама не ми текнува како се викаше. Ај ќе прашам па ќе ти пишам. Поздрав.
Дали може да ми препорачате добар крем за пеленска регија без штетни состојки? @Biodevojka ги препорача weleda (пробавме и не ни одговара), logona(но немале крем за пеленска), a naturaverde и alverde ги нема освен во Скопје...некоја друга добра опција итно ми е? Фала @Biodevojka дали можеш да ми кажеш што мислиш за составот на овој крем за пеленска регија на hipp? Благодарам @SophiaBella каде во бт ги има натураверде? И јас барав насекаде ама нема, немаше ни во веро на Широк Сокак... @Annath нема ли проблем со црвенило? Не ми е ќеиф да мачкам хемија ич, ама страв ми е да не се нафрли без ништо. До сега сме немале осип ни црвенило ама секогаш убаво чистам со чиста вода и памучни крпчиња (влажни не користам), па мачкам крем на секое...мислев сите користат креми на секое менување...
Во веро горе има, на широк сокак ја нема Натураверде. На друго место немам видено. Како што кажаа погоре во аптеките на Бети имало, ама јас не проверив.
Ако се појави црвенило, мачкам витаминска крема на Бекутан (со портокалово капаче) и следен ден веќе нема ништо. Фала му на Бога, нема такви проблеми. Големиов го мачкав на секое менување пелена, многу често му се вцрвуваше газето. Што помалку се мачка, тоа подобро. Најбитно е да се одржува чисто и суво.
Драга составот е ок, само за ланолинот знаеш дека не може со сигурност да знаеме дали е чист. Поздрав.
Мајки абе памперс сензитив влажните многу грдо мирисаат Предлог за други? Го чистам со туфери ама ова за навечер.
Фала . Дури чекав да ми пишете купив пак памперс Хипп немаа еурофарм. Следно ќе земам. Зегин сигурно имаат.
Od eurofarm zemam hipp, verojatno tie nemale momentalno. Mislam tinex imaa akcija na maramicite hipp golemo snizuvanje
Срцки ве молам за мислење и искуства со новата колекција на Chicco - Natural Sensation за новороденчиња