Хип шампон (мислам дека и во Зегин го има) и од Авон спрејчето од со Хело кити го имаме. Фини се и двете.
И јас Хип користам и спреј од Авон ама жолтиот ми е подобар од тој со хело кити. Имам добра четка земено па и без спреј не се буни и кратење на косата исто помага, помалку се плетка.
За малата користам мустела ама има доста сува кожа. Препорачајте ми некое масло да ја мачкам или па да менувам друга купка? Инаку има три месеци
Кики и на мојата малечка сега почна да и се души кожичката. Пред неколку дена забележав на ноџињата и рачињата а денес и на лиценцето. До сега користев Hipp па не знам дали да сменам. Пред месец и пол пробав со еуцерин масло и појави алергија со многу црвенило.
мустела и еуцерин повеќе се за проблематична кожа.Тоа е еден вид медицинска козметика.Од еуцерин се имам и јас нафрлено.За масло исто сеуште сте малечки.Пробајте со бејбилав има во дм млека за тело.
Ако има доста сува кожа тогаш мустелата ти е ок. Земи и млеко за тело мустела стелатопиа. Нас ни е таа добитна комбинација. Посебно сега за зимно време кога дополнителна хидратација е навистина потребна.Моето е исто со сува кожа и многу сакав органска козметика да користиме ама цели колекции на Веледа и Натураверде пробавме- џабе. Едноставно него не му одговараа. Не можеш да знаеш додека не пробаш, секое дете различна приказна
Јас зедов од Зегин со Фроузен е сликата,одличен е. Со мирис на малина е. Околу 130 ден. е А за сува перутава перутава кожа што да земам?На малите ептен им е сува кожата и им се лупи. Мачкав со павловичева, со невен од бекутан,со цинк од бекутан но ниедно не помогна. Ајде препорачајте нешто,само не Мустела и Еуцерин,медицински се тие.
Jas mackav johnson baby maslo od toa so lilavo kapace mn mu pomagase na moete dete duri bese bebence koga mu se lupese kozata
Јас би ти рекла јакодерм. Многу сте малецки. На внучињата на 2 недели старост им мачкавме разни масла, кокосово, па веледа па уште 2-3 ама ем се собираше како излупена кожичка по телото ем немаше ефект. И јас бев скептик за јекодермов ама за 2 дена немаа ништо, се исчисти се. Пробај додека се среди кожичката па после префрли се на козметиката што си ја избрала.
Мајки, не почнувајте од сам старт со медицински козметики, а Мустела и Еуцерин се токму тоа. Тие се користат кога кожата ќе има реален проблем, а не за секојдневно мачкање. Најубаво е ништо да не користите за мачкање (за бањање има солидни купки и шампончиња на природна база). Јекодерм е ок во најрана возраст, само што е полн со нафтени деривати, тоа е маката. Штета што нема нешто такво на природна база.