Да и јас не сум за кортико без да ти го препишат и доколку е сериозно секако. Може да ставиш крем со цинк оксид кој смирува иритации. Само гледај да е некој без петролатум или парафинум ликвидум или силикони. Поздрав.
Нормално е, двете ќерки имаа. Уствари лом беа еден период. Најважното е да не се чепка, посебно не тоа белкото врвче... само ќе помине и ќе се исчисти.
Речиси сите бебиња ги имаат и поминуваат сами од себе. Мене и педијатерот и кожниот ми рекоа дека цинк не се става на лице. И јас го имав намачкано 2 пати
Ме интересира дали некоја од вас има користено бејби лов од дм козметика за бебиња и како сте задоволни
Јас користам на алверде бебешката и едно saubar беше исто името.на дм марка е за туширање и сум презадоволна. Алверде за бебиња посебно се пријатни, органски, без мириси, а цената фантазија
Од Веро Џамбо е, сретство за миење шишиња и цуцли ^^сигурно го има и по други маркети, Рамстор верувам..
Не смрдат, карактеристичен мирис е. Може ќе ти се допадне, јас секакви користам, па и вакви, ок ми се сите.
И ја ќе пишев за влажните....ужас. Демек сензитив ама за мене се очај. Ги користев до скоро не знам ни зошто... и конечно ги сменив со бекутан.
^Избегнете користење на влажни,особено кај новороденче. Мој совет. Нема похигиенски и поздраво од директно миење под вода. Исклучок на пример во ситуации на лекар,гости,негде надвор и слично.
Да,јас на секое го носев. Што ми беше друго работа,дете на прво место Пет минути работа,во лавабо пуштав вода,сапунче и раат глава од разни иритации и глупости. Еве и сега како дечко од 3+2м после какање гледам да го измијам. П.С.Верувајте јас не знам што е нафрлано газе и слично.Дали дека имав таква шема на одржување хигиена или едноставно така ми се погоди,не знам...
Каков стрес,напротив,ретко кое бебе не сака вода... Немај гајле за погодување топлина,ќе се испраксираш за 2 дена. Гледам термометри за вода/корито купувате.Една од многуте непотребно купени дрангулии,а неискористени. П.С.И мене вака ми збореа,па си викав у себе"ај нека брка работа",со тек на време сконтав...
@PUPICA такви им се газињата јас од бебе со виолета влажни го бришам, какаше и тогаш и сега по неколку пати, таков метаболизам има, не е изводливо да го мијам цело време. Исто никогаш не бил со нафрлено газе, од ко е роден.
Да на секое или секое второ. Мојот на почеток добиваше црвен газ од било какви влажни марамици. Кога не го миев го бришев со Тото суви марамици потопени во чај од камилица. Дури и сега на 21 месец сеуште само со вода го бришам ако е само мочан, а ако е искакан или го мијам или прво со влажна па пребришувам со вода. По втор трет пат научив одма вода да погодиш.
^ Ова со одмивањево искрено ми е претеризам. И не дека нема проблем со иритации поради тоа што одмивате туку таква си е кожата на бебчето. Има бебиња склони на осипи е тие мора да се премиваат на секое. Мислам..личен избор е. Немам против кој си одбрал при се друго што носи едно бебе и да го одмива на секое...но јас за себе и моеѕо бебе одлучив да купам влажни со најмалку хемикалии и да почнам со нив. Следев и видов дека синчето нема проблеми со кожата, си терам со влажни. Дури на секоја промена на пелена не го мачкам со крема. Само неколку пати во ден. После бањање цело тело и пеленска регија премачкувам со логона масло и засега сме супер. Тоа одмивањето да не речам ја суши кожата дополнително...Прифаќам одмивање после какање...на почетокот го одмивав и јас понекогаш само после какање..ама и лето горештини беа па затоа... Идни мами не се оптоварувате со плус обврски акко не морате...