Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    Опција ти или пребришување со вода. Јас купувам специјални туфери од дм, поголеми и си земам топла вода и го бришам, за да не е на чешма секое. Влажни максимално избегнувам. До сега се на се десет пати дали сум употребила и тоа ако не сме дома.

    А за топлпмерче, ако купуваш дигитално за бебе, повеќето од нив мерат и температура на течности и мислам на просторија.
     
    На emkaemka и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Делумно се согласувам со @Igle и @kristina.k ,зависи и од кожата на бебето,од организмот,но поголема е веројатноста да се јават иритации од разни влажни,креми и слично,отколку од одмивање со вода и мед.сапунче,некогаш само и со вода.
    На крајот,секој нели сам си одлучува како ќе постапи.

    Синми израсна со најмалку што е можно хемија на него.
    Со месеци го мачкав само со јекодерм,газе миевме со сапунче еуцерин.Шампон и купка негде после првата година почнавме по малку да користиме.
    Во меѓувреме многу ретко ќе ставев од маслената купка Еуцерин во корито.
    П.С.Постовиве за во детска козметика се]:)
     
    На Lolipop23, manako1, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.762
    Ми текнува и мене ми рече ама сепак се зезнав. Ужас, ужас! Хипп се многу подобри и не му го надрзазнуваат газето.

    Ах , кај можеш така. Мене неизводливо ми е. Кога беа грчевите уште под чешма фалеше да го ставам . Си купив туфери од дм и со млака вода бришам. Кога не сме дома или навечер хипп влажни.
     
    Последна измена од модератор: 2 ноември 2017
    На Вереничка, VDT2906, Seduction и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    а во систина докторката пакажа да се мачка газе со витаминска крема и да се масира телото на бебе со некој бебешки лосион/крем..
     
    На sofi2107, emkaemka и eli25 им се допаѓа ова.
  5. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Да,газе мачкав со витаминска на Бекутан,а телото со јекодерм.
    Не користев млека,лосиони и слично.
    П.С.Чисто инфо...во Ремедика викаа користете се од Мустела,нема подобра колекција,за што и да е...јавна тајна е зошто.Не знам дали уште ја тераат таа шема.
    Сакам да кажам дека некој педијатар може да фаворизира друга колекција.
    Нашата екс педијатарка се крстеше у Авицена...
    Ме разбираш што сакам да кажам.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Јас го бришам со памук и млака вода кога сме излезени и кога е постудено. Кога беше топло и јас како пупица на чешма. Марамици досега ниту за мене ниту за бебе не користам.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не спомна воопшто докторката бренд. Него како пракса да го имаме.

    @eli25 се попали ептен откако чу дека може да се прегрее бебе :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    109.379
    Пол:
    Женски
    Околу бришење на газе и јас купив тупфери, влажниве за нужност..
    А за креми на моето му зедов и крема за лице, има и на сличето 8) Јекодерм посекако ќе ставам ако е ептен сува и првиот месец обавезно :) (марка сама сум одлучила која по џебот)..
     
    Последна измена од модератор: 3 ноември 2017
  9. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Zatoa zenski ke si zemete od zegin suvi maramici na tosama, se mokrat so voda i isto ko vlazni maramici se samo sto ne gi sodrzat site tie hemikalii. Nie od pocetok sme so niv, a sega gi koristam i za lice brisenje posle jadenje i za se
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јекодерм јас ич не го сакам - многу ми мириса лошо. Планирам веледа и за тело да земам, демек органска е.
     
    Последна измена од модератор: 3 ноември 2017
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.177
    Допаѓања:
    17.749
    И јас често ја бришам со туферчиња и млака вода. Газе мијам само ако ептен е искакана. Иако најмногу користам Виолета влажни марамици и витаминска на Бекутан и до сега се нема исфрлено.
     
    На Вереничка, kukla21 и emkaemka им се допаѓа ова.
  12. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    109.379
    Пол:
    Женски
    Имам и јас и за тело и се комплет Веледа, жимити уље не зедов таа ми рече не ти треба тоа од старт, ако е ептен сува ќе купиш, мрсни се, а не се евтини па да не ти стои само..
    Јакодермот ми го препорачаа првите 10тина дена обавезно бидејќи им е многу сува кожата, за мирис да гадна е, ама за лепота ќе се трпи :angel:

    ^^имам јас место во вц и каде да го складирам, па не се ни замарав за големина на корито :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Јас првиот месец користев влажни Виолета и одвреме, навреме мачкав Веледа за пеленска регија.
    Потоа почнав да го одмивам на секое какање и не мачкам веќе ништо.
    Бебе е 10+ и кака по 5-6 пати на ден ама не ми е тешко воопшто. А тој го обожава тоа, живи радости е кога ќе дојде време за газе миење.
    Влажни користам кога сме излезени, сеуште на Виолета со бадемово масло, најубави се.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    И јас двајцата по какање обавезно ги мијам. Првиот беше какан почесто, второво не кака секој ден. Најхигиенски и наједноставно, него да шлакам со марамиците, ова ми е буквално минута работа. Можеби дека од спална се влага во купатило и ептен ми е на дофат. Дур беа мали под чешма во мијалник ( како во чаир што ги бањаа на чешма) сега поголемиот со тушот.
    Незнам зошто, но моиве кога ке се искакаат цели се лом,шљакатарник :puke:и стварно со марамиците само уште повеке се ушлапува и е неизводливо.
     
    На PUPICA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    109.379
    Пол:
    Женски
    Сите вие кои кажувате дека бебињата ги шетате до вц на секое менување пелена сигурно сте во станови. Епа јас сум во куќа и тотално неизводливо ми е на секое бебе да шетам до вц, мислам можам ама уште првиот ден бронхит ќе закачиме. За да стигнам од детска до вц морам да поминам со голо бебе во рака ходник од 20кв, го топлиме ама повеќе од 16-18степени ипак не е таму, 5чекори се ама.. Во вц било што да ставам за пресоблакање не ми е изводливо, затоа и зимава ќе се бањаме во соба, ќе носиме топла вода во кофа и посипување, а тоа да се прави повторно на секое менување пелена пак е неизводливо, да не редам зашто.. затоа ќе ,,ризикувам,, со влажни и бришење со тупфери, па и со влажна пелена да пребришам ако толку сме лом :)

    Туку како во мијалник бебе одмивате?! Знам бебе, нежно, мое, најмило ама комплетно нехигиенски ми е тоа, не дека сум кој знае колку гадлива ама јас во мијалник заби мијам пример, а ипак каки се каки.. или на секое треба да рибам со Полипарид, па и пред и по миење на бебе :^)
     
    На НаталиЛили, mal.ecka и alisijad им се допаѓа ова.
  16. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.764
    Пол:
    Женски
    Јас користев марамици на бејби лав, немаат никаков мирис и според составот ептен соодветни за бебе, искрено не е изводливо бебе се искака па трчај под туш, и јас живеам во кука, некогаш плаче, кенка уште да го мијам, па и по неколку пати на ден многу е.Тосама ми ги кажа цимерката ама тогаш кога ги барав не ги најдов и останав на влажните.
     
    На joy1 и emkaemka им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Затоа спомнав дека од спална се влегува дирекно во големиот тоалет кај мене. Да треба да одам низ ходник па во тоалет да го мијам и јас не би, ако сме со парно. Инаку никаде не го допираш бебето, незнам дали си гледала во болница како ги мијат. Во една рака држам бебе, ставам само газот пот чешма, со друга рака мијам.
    Всушност кај секој е индивидуално, праксата ке ти покаже како е најсоодветно за твоето бебе. Големиот ми е со проблематична кожа, лесно му се воспалува, од средства, козметики, влажни, па мора многу да се пази. Баш минатата недела еден ден имаш пролив, а бевме на поседок кај баба, таму кука,сеуште не греат и не беше изводливо да го мијам, па со влажни на секоја пелена го бришев. Кожата му се воспали цела во пеленската регија што уште ја лечиме и оваа недела во градинка неможам да го пуштам ради тоа.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    109.379
    Пол:
    Женски
    ^^ моментот ми беше дека ние останатите кои/ќе бришеме со влажни знаеме дека најдобро е што помалку хемија и не ни е тешко било што за бебе. Иако не верувам дека и да беше инаку ќе се шетав толку со бебе до вц и назад, понекојпат верувам да да, ама секојпат мене не ни иде пак, плус и за кожата да впива толку вода.. Јас искрено за мене не користам влажни ама тоа ми е опцијата и секако ќе се надевам нема да е беба на мене со осетлива кожа и склона на иритации (fingers)
    Значи влажниве на памперсов ако не ми ги бива да пробам со Бејбилајв, Виолета со бадемово или Хип (y)

    Околу мачкање на пеленска регија и воопшто по тело/лице повеќето кажавте дека не мачкате ништо. Јас ќе пробам да мачкам, што знам нормално ми е за хидратација на кожичката, барем по бањање посекако, а и зима оди па не би изнесувала бебе надвор со суво лице (затоа и купив крема специјална само за лице). Ако е на мене ќе уживаме да се шлапаме со креми, ама ако е на тато ќе вриштиме од што ни е мрсно :lol:


    ^^ ајде искуство ќе не научи и сама беба ќе си покаже, нека се роди прво.. :angel:
     
    На Melinda85, mal.ecka и irena.1 им се допаѓа ова.
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Јас не го миев, некако неизводливо ми беше, само со влажни го брошев и тоа прво со памперс па со бекутан. Немаше никаква реакција. Пеленска регија исто мачкав а и тело и лице. Пеленска веќе не мачкам освен по потреба. Со јекодерм мачкав само 2 недели дека се роди сред лето, ама овојпат ќе мачкам мнооогу подолго. Преубаво ми мириса на бебе, масен е и ја обновува кожичката. Надвор на ова ладно никако без заштита на лице, на нашата кожа и смета а не па на една рака бебе. И така :)
     
    На emkaemka и snegulkata им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    нема да утнеш. од прв ден користам веледа, и купка и лосион и за пеленска регија (ова сега го користам и за вцрвенето газе).