@wannaBeMomma ги преместуваа мислењата вчера па кој знае кај ми е тоа И мене ми рекоа со Јекодерм првиот месец најубаво или барем првите 10дена, па по со што сум одлучила со тоа. Кажав мириса тешко, чудно ама за лепота ќе се истрпи Туку членкава подолу спомна купка, имам, а имам и шампонче, па ми рекоа првите денови со шампонче, па кога ќе оставам бебе да се пошлапка само во корито тогаш можам купката да ставам во вода, така ли е?? Сапун не купив не ми ни текало, ми треба ли?? Ако да каков, Веледа нема мислам да имаше ќе ми понудеа, а и видев, не знам..
И јас користев влажни марамчиња Бекутан или Памперс, па мачкав со павловличева, бањав со Хипп, Корине де Фарме, Бекутан или Косили! Млека и лосини за тела само кога одевме на одмор! Дури и уште газето го бришеме со влажни марами, и истите шампони и купки ги користиме, ама ај веќе е голема! Проблем со пеленски осипи, црвено газе и сл НИКОГАШ не сме имале, и воопшто со кожат на бебето, можеби затоа и не стигнав да се информирам, не прчитав нешто во врска со тоа па си терав како знам. Вака кога ве читам сфаќам дека ептен сум била лабава во однос кон хемијата што ја пласкав врз моето дете, јас дури и не се сеќавам дека некогаш направив напор да премијам газе со вода наместо со влажно! Едноставно не размислував за опасноста! Мајка ми пак кај неа ВО НИКОЈ случај не користеше за моето бебе влажни туку памукче и вода! Мислам дека ако се е во ред и со второто бебе нема во целост да ги исклучам влажните ама ете би ги одбегнувала барем кога сум дома!
@emkaemka ,Emke моите израснаа со влажни Кога читам овде мислам едина сум што користи марамици и тоа од Кам купувам,па досега немале осип никогаш сем еднаш големата поради алергија на праска исклучок е не дај боже дијареа тогаш целосно во када ги пикам на миенје
Големото го бањав со Корин де Фарм, од болница ни дадоа такво, па продолжив дома. Малово со беби козметика на Алверде почнав, ама не му одговараше, продолжив со НатураВерде бебешката колекција, по препорака на @Biodevojka. Газето му го мијам еднаш дневно, навечер, оти не ми е изводливо преку ден (во куќа), а преку ден користам влажни марамчиња од БејбиЛав зелените или белите, како ќе купам. Други не сум пробала поради интензивниот мирис. Големото го мачкав во пеленска регија на секое менување пелена, малово по потреба, големиот почесто ми беше со црвено газе и пеленски осип отколку малово. Можеби има врска тоа. Од почеток и двајцата со Јекодерм ги мачкав, после тоа поретко, а веќе и не ставам ништо. Колку помалку мачкање, толку поубава кожа ќе имаат. Заборавив да спомнам, газе мијам без сапуни и купки само со чиста топла вода, темелно насекаде. Сапуни не сакам, ја сушат кожата дополнително, па не ги користам.
јас не користев бидејќи газе миев еднаш дневно т.е. во бањање само. онака користев влажни марамчиња и памук после влажната за да не останува мокро.
не ти треба сапун. Суши кожа. Јас секогаш си земам 2во1 купка со шампон, па со тоа го бањам. Кога беше црвец на рака ќе го намокрев и со тоа цел ќе го насапуњав и плакнев. А отпосле ставав малце во водата а он да си лежи па после ќе го насапуњав(м).
Јас едина сум што не користам јекодерм изгледа. Во ремедика ги бањаа со хипп и мустела ми рекоа и двете му одговарале кое сакам тоа. Имав бекутан од торта од пелени што ми пратија од работа, а и си го сакам мирисот многу. Ама ме разочара.Деф.е сменет. Кожичката почна да му се лупи уште толку а почна и на главчето-претходно немаше. Од влажните и од витаминската се исфрла и педијатарот ми рече да го сменам под итно. Купив хипп ама исто. Со еуцерин пх5 друга песна Ем мама го користи ем бебе. Му ставам и на лицето , има многу сува кожа. За пеленски осип еднаш имавме и ни помина преку ноќ со мустела со цинк. Оттогаш немал. Го мачкам со оригинал павловиќева ама не на секое менување.
Јас па си мислев да ставам купка во водата и да ја поминам така, па после со чисто водиче да ја посипам.
Dodeka ne padne papokot ne smee da lezi vo voda tuku da pominuva samo po nego. Kje ti pokazat vo sistina
Исто... го обожавам мирисот на јекодерм, на детство ме потсеќа, на бебе поточно. А оној на Алкалоид благе везе нема со оригиналот. Јас иначе и раце си мачкам со јекодерм и ден денес... дека ми е многу сува кожата. А и прва помош за изгореници ми е, не се прави ни плик, ниту останува лузна ако одма се намачкаш со него кога ќе се изгориш. Папчето може да падне и во болница не смета и такво бањање, барем еве, моиве немаа проблем, секако нема да лежи во кадичката.