Дур е малецко - после ќе се шлапаме во вода и ќе триеме Од тоа што читав битно е убаво да се исуши после мокрење. Не е страшно да се накваси. Секако нема да лежи толку мало
Првите 2,3 недела ја поливав со вода. А после почна да лежи во коритото. Ставам една превиткана тетра пелена под глава за да и се подигне малку и со друга тетра ја замотам и ја поливам одозгоре со топла вода. Бебе ужива, еднаш дури и ми заспа така. Спојлер: Слика
Како изумив на јекодерм. И јас го обожавам мирисот. Денес ќе си купам @forumce зошто волку замотано? Јас гледав на интернет дека е доволно преку градите малечко крпче за топлина. Јас имам купено од џамбо и со нив покривам ем затрљувам.
Мене ми е полесно вака, а и она штом не се буни, убаво ѝ е. И јас имам една крпичка за трлање, ама никогаш не сум ја користила, таа нежна кожичка нема потреба од трлање
Јас директ со вода . Какво крпче Ано? @forumce ова твоето е? Како лежи мирно. Ти ја "полеваш " со вода преку ова, па го тргаш и ја бањаш со шампонче? Јас искрено првпат слушам и гледам вака. И комплицирано личи. Ние со адаптерче во кадичка го бањаме.
Јас да се уфрлам - бебињата сакаат да се "ушушкани" На некои видеа кои ги гледав им ставаат крпче кога ги вањаат за да го имаат тоа чувство дека се "ушушкани", дека нешто ги допира Чудно, моментот кога им ставаа крпче, пешкирче на гради одма се смируваа бебињата.
Да моето е. Ставам ја врз пелената, полијам со вода, ја бањам со шампонче па пак полијам и ја замотам и врз пелената ставам вода. Уживка си навистина и многу е мирна вака. Свекрвата вака ги бањала мм и девер ми па сега и момата. Мислев нема да ѝ биде убаво, ама напротив.
Како што ти пиша и кукла, кога му се покриени градите со топло мокро крпче се чувствува посигурен и се смирува. А за трлање не мислев како ние возрасните. Таман работа. Само нежно проаѓам, како галеље.
Мене ми смешно вака изгледа бебето умотано. Јас моето му ставав една свиткана пелена под главчето и една издолжена на дното на коритото да не лежи дирекно на пластиката. И од сам старт се бања голо и си преткаше во водата...а еве га сега оди па извади го од вода плаче кога го плакнам. @Biodevojka може совет?
Ме потсетивте кога беа бебиња и јас ставав пелена тетра, така озгора на градите ама тоа првите недели потоа директно во корито. Исто така ставав пелена тетра свиткана на две како перниче под главчето.
Kukle ne se sekjavam dali se imas izjasneto za jekodermot, ama ako ne stavas toa zemi na mustela cold cream. Imam poveke raboti probano kako toa nema.