Пробав ништо да не користам, ама откако газето наеднаш се вцрви и каките се залепија на кожата и дополнително се влоши состојбата, еве веќе месец дена на секое менување пелена мачкам павловичева оригинал. Мрсното не дозволува да се залепат каките , а газето е супер од тогаш, ни црвенило ни мозолче.
И јас ја користев само неколку дена, ама ме интересираше колку често смее да се користи за да знам за друг пат. Фала на инфо.
Дали можеби имаш слика од млекото за тело Еуцерин? не знам дали мислиме на истото, јас сакам да земам со пх5.5, само да ја хидратира кожата.
Јас ја земав оваа крема затоа што малечката ми се исфрли на лицето.Кога ја прашав др.таа ми кажа дека не е за цело лице туку се става на местата каде кожата е иритирана
Мајки да ве прашам до сега еве скоро 6 месеци за бањање на бебе користам мустела ни одговара ептен сега пошто ми е при крај сакам да си купам нова, но слушам некој коментари као ме требало да продолжам со нејзе демек не било здраво ќе му с навикнела кожата само на неа после ќе му реагирала на секоја друга козметика. Некој вакво искуство или мислење да ми каже може ли?
Мајки што мислите за млекото за тело на chico?До сега ја мачкав со јекодерм сега се мислам со што да продолжам.Искрено се мислам помеѓу еуцерин и chico.
Што козметика препорачувате зс новороденче, јас земав џонсон дали се добри или дс набавувам нешто друго
Хип користам и препорачувам. И на џонсон имам, еднаш само ја избањав оти ова на хип не ми е потрошено. Убаво е и тоа, мислам дека не пече на очите, а и кожата и го поднесува. После бањање ништо не ставам на телото, кожата ѝ е топ. Само обравчињата ѝ се суви па на нив мачкам павловичева. И на газето ретко мачкам, само кога ќе се вцрви, ама тоа е ептен ретко.