Каков крем користите за лице препорачајте? на моево ко рапаво му е лицето, го мачкам само со павловичева ама ко да не му помага доволно, сакам да му е мазно. На обравчињата е поизразено зошто рацете во уста ги става и се лигави цело време, па дури и ситни црвени мозолчиња има.
И на мојава гледам дека павловичева не помага, како испукано ѝ е лицето. Крем за лице на веледа ли да побарам или како? И што ценичка е?
Земи ако не ти е скапо,балзам од веледа за лице со невен е ,за заштита од надворешни влијанија,многу е добар и бавно се троши.
Да за лице е специјална.малечко е ама како што ти пишала @azelea бавно се троши. Околу 500 денари. Јас ја начекав на попуст околу 400 ја земав.
Jas koristev mustela za sin mi do 18meseci posle smeniv hipp pa bekutan i nikakva reakcija nemalo ...eve i za malava sega koristam mustela
Нема што не пробав. На крај завршив со Бекутан со овес. Гледам дека се без парабени. Мириса убаво и нежно, и најважно е што косата делува чиста и не мириса на потче подолго време.
Мамички дали некоја од вас има користено бадемово масло или кокосово масло за нега на лице на бебче? моево бебче има брумчиња по челото и обравчињата
Ладно цедено кокосово што се продава во теглички да. А мислам дека може и бадемово ако е чисто и ладно цедено. Не сум видела такви кај нас. Кокосово има.
Ги пробала ли некоја? Сакам да го бришам со сувите марамици натопени со вода, ама трчањето во веце ми е проблем на сред мењање пелена. Може ли мицералнава вода да заврши работа?
@Biodevojka Ова е кремата на алверде за пеленска регија која ја препоча? Вчера ја купив па да знам дали ја погодив.
Драга ако не се лажам ова е кремот за секаква употреба, лице, тело...не е специфичен за пеленска регија...иако според мене ќе одговара и за тоа. Другата за пеленска регија мислам дека беше во тубичка...ама пробај со ова декларацијата е преубава а ќе може да го користиш за повеќе работи.
Сменив 3-4 фирми од кога е роден (10+ е сега ) , од пред 3недели почнав да ги користам ( по препорака на пријателка ) и мислам дека подобра колекција не сум сретнала. Ја користиме цела зелена колекција Корине Де Фарм : шампонот, млекото за тело и кремата за лице. Синко нема проблем со кожата и во Зегин ни ја предложија зелената колекција. И плавата крема за лице ја земав, од ладното малку му беа суви/рапави образите и за 2 дена направи магија . Презадоволна сум пробај ја нема да згрешиш. Кремата за пеленска регија не сум ја земала, останувам со павловичевата орегинална. А, ако некоја ја користи Корине Де Фарм кремата за пеленска регија нека сподели искуства.... Само да знаеш дека Плавата колекција им е за многу сува и чувствителна кожа, а зелената е само за чувствителна кожа. Не содржат парабени.
Мајки препорачајте ми крема за лице за мојата малечка, 3+ сме.Досега ја мачкав со павловичева (оргинал).