Sega citav bas na net organskoto kokosovo maslo deka bilo odlicno za bebeskata koza, nekoj da ima iskustva?
10месеци го користам најизменично со козметиката со која го бањам и мачкам Корине Де Фарм. Најчесто го ставам во водата откако ќе го избањам и ќе му ја наполнам со чиста вода, ставам 1дна лажица во водата. Лице често му мачкам. Незнам дали е до кокосовото или е генетика, ама малиот никогаш немал проблем со сува кожа, перутање, бубулички и сл. Има свилена мекана кожа која највеќе ја препишувам на користењето кокосово органско ладно цедено. Не запушува пори, ја храни и хидратира кожата и пред све омекнува ( подетално ќе читнеш за бенефитот негов на сајтовите на гугле ). Пробај ставај во кадичката во чистата последна вода. Го оставам така се шлапа некој 10мин. Само ќе пазиш кога ќе го вадиш зашто се лизга од кокосот. Ќе приметиш кожата ќе му е свила .
Јас тоа го користам цела бременост за буквално цело тело и планирам да продолжам и за бебе да го користам (aко и одговара) по препорака на другарки што го користат за нивните бебиња.
Јас користев до скоро Мустела ама се утепав од пари давање за на крај чаре да си најдам и од 60 денари крема Здраве Бебе се вика, бугарска е.
Од кога е роден до еве 11+ само со орегиналната Павловичева е секое мењање пелена. Никогаш немал никаков проблем ни осип, ни црвенило ни ништо. Ептен сум задоволна и не ја мењам.
Сестра ми за внук ми веќе 16месеци ја користи Судокрем еве и јас 3месеци и сум презадоволна до сега немал ни црвенило ни брумки ништо...не ја менувам...
Судокрем не се користи секојдневно, ја суши кожата. Инаку најубаво е ништо да не се користи. Само по потреба креми на база на цинк оксид.
Судокрем не се става секојдневно. Има цинк оксид и се става само по потреба. Инаку ја суши кожата. Јас му ставам или таа или пенатен кога му е црвена кожата. Инаку е супер и за егземи. Мене таа и Бекутан со бадем и цинк оксид ми помогнаа да се решам од егзема за која не помагаа ни кортикостероидни креми. За секој ден ставам Бекутан витаминска или Бекутан со бадем.
Јас на секое менување на пелена не ставам ништо. За двајцата така функционирам, до сега проблем сме немале. По потреба само некогаш крем со цинк оксид ставам.
Не се будали со мустела. преценета е, јас ја користев за првата ќерка, ама по препорака на биодевојка сега ја пробавме на алверде детската колекција од камилица. И шампончето и кремата ми се врв, а цената е смешна. Колекцијава ми е идеална за новороденче.
I jas imam nekoj vid na egzemi koi mi se pojavuvaat povremeno. Zarem cinkot nema dopolnitelno da ja iritira suvata koza?