Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Јас од срце препорачувам Хипп - исто е чиста, без парабени, и многу нежна козметика.

    До пред неколку месеци и` ставав и млеко за тело после бањање, ама сето тоа го отфрлив и сега само ја туширам со Хипп, без дополнителни мачкања после тоа.
    Иначе мојата имаше многу нежна кожа како бебе, со атопичен дерматитис - сува и со лишаи, и само од Хипп и беше подобро, без никакви влошувања...едно време и Корине користевме, ама и` ја сушеше кожата, па престанав.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мамички, на бебушко мој малкуцка како да му се подлупнува кожичката кај рачињата и ножињата. Користев Натусан на Џонсон купка ама одма ја фрлив кога видов дека е на Џонсон, бидејќи секакви муабети кружат за нив, па си сменав проверена. Со што да го намачкам да се намали лупењето?
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Јекодерм ;)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Toa беше крема со цинк? Дека тука немаме Јекодерм туку цинк крема, се мислам дали е иста.
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    и малечкава моја се лупи кај рачињата и кај нозете јас и земав на бекутан со рибино масло мислам дека беше и гледам дека и помага, сепак се тоа е нормално и се обновува кожичката :)
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    да нормално е да се лупи не е страшно за 1-2 неделике и се обнови кожичката
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не е на база на цинк, цинкот уште повеќе ја суши кожата, оваа е на база на некое рибино масло. Мрсна е и нема убав мирис ама многу помага. И Пантексол е добра ама оваа Јекодерм е баш за таа намена и без штетни материи за бебушот.
    Нормално е на бебуши да им се лупи кожичката. На мојот само рачињата му се прелупеа а некои бебуши се цели прелупуваат.

    Бекутан со рибино масло немаше во мое време ама и многу многу не верувам на Алкалоид (незнам што состав има)
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Малиот наш има лишаи на лицето, од време на време на време му се губат, па пак му се појавуваат. Д-рите (го носев кај тројца педијатри) сите му дијагностицираа атопичен дерматитис и ми препорачаа да го мачкам со крема Еуцерин 5%, џабе, само му се влоши состојбата.
    Потоа му рекоа да го мачкам со крема пантексол и малку ко да му се подзачисти, ама па сега му се појавија лишаи на челцето.
    Инаку го бањам секој втор ден со сапуче Бубкен и телото му го мачкам со павловочева. Само лицето му е исфрлано, никаде на др. место. Ми рекоа дека до 1 годинка вака ќе се чистел. :?:
    Што користиш од Хипп?
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Кое го користиш од Хипп? Посебно шампон, посебно купка или? Јас баш еднаш прашував дали користите вака посебно или со шампон го миете и телото и обратно, со купка косата?

    Loli, на пантексолот му треба време да делува. Пантенолот не е многу брз но делува верувај. Јас секогаш дома си имам при рака пантексол плус. Само биди упорна! Помага и за пеленски осип.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Со купка и телото и косата...
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
  12. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Страшно!!! За пари да се дојде чоек е спремен се да направи,колку само зло има во нас луѓето. Немаат ни совест :|
     
  13. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    Јас па многу ги сакам бебешките мириси. Летово го пробав овој лосион на Џонсон, сакав да го купам пак плус и купката ...ама ме замисливте :x :worried:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Козметика за деца

    Не најдов ваква тема , а имам прашање, ако постои веќе заклучете ја.
    Сакам препорака за детска крема за лице, досега користевме бекутан, ама не ни одговара веќе, имаме многу сува кожа. За летоска не ни треба, ама сега за зима ептен. Имаме 16 месеци.
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    во зегин имам гледано мустела крем за лице за зимско време. би требало да е уба.јас имам мустела крем за настинки и е многу ефикасен.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ` Не фрлајте пари за Мустела, јес да е многу добра ама и Пантексол еве оваа
    [​IMG]
    ќе ви заврши работа. Цената и е околу 130-150 ден и е баш за сува кожа за бебуши.
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^Jас мака си мачам со лицето на син ми.
    Ми рекоа дека има атопичен дерматит и го мачкав со Адвантан баш на местото каде му се појави лишајчето и за три дена се повлече. Арно ама Адвантанот содржи кортикостериоди и не смее да се употребува многу често. Потоа го мачкав со Еуцерин 5% од црвената линија, немаше подобрување и ми рече д-рката да го мачкам со баш таа кремаПантексол. Лишајчето се изгуби, ама му се појави на друго место (сега има на обравчето на лева страна одма до ушето и пак му се појави на челото).
    Пак ја повторив истата постапка со Адвантанот, пак Пантексол ама сега не поминува :( ....и сега чаре?....со што да го мачкам.
    Разбрав и дека требало да не се влажни кожата, да не се мие често лицето со вода или пак да се става Бекутан масло во водата за бањање...па ајде го бањам на секој трет ден ама со сапунче Бубкен.

    Цел ден денеска читам различни искустава, некој препорачува крема де од Мустела колекција, де Линола, де Еуцерин, Хемел, па Бепантен, прочитав и дека имало некоја крема на Бекутан со невен, па некој лосион Еуцерин 12% омега, па посебна маслена купка за бањање на Еуцерин....искрено појма немам што да купам....
    Помош е добредојдена.
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас мустела за лице немам користено а ја гледав и пишеше дека е за во зимско време и неможам за неа да кажам каква е.
    имим користено мустела за на градината за настинки шо му го озтатнува носето е од таа сум задоволна па зато мислам дека и таа што е за лице требе да е уба
     
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Лолита јас ќе ти речам да не го мачкаш малото со све и свашта.Атпоичниот дерматит се појавува кај добри 80 посто кај бебињата и како таков сам се повлекува.
    Остави ја кожата слободно да му дише и можеш само со памукче натопено во невеново или маслиново масло да му го пребришуваш лиценцето.
    Поздрав,па се надевам за брзо дека ќе му исчезнат лишаите и брунчињата.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Мора да пазиш на исхрана. Претпоставувам дека тој сеуште цица а не јаде ама цица тоа што јадеш ти. Околу тоа што не треба да јадеш од пресно млеко, јајца, свинско, сувомеснато.....прочитај ја темата дерматитис.
    Од мое искуство Мустела ми помогна за да потоа се префрлам на Пантексол, а што се однесува до исхраната и ден денес пазам што му давам да јаде.
    Во глобала се тие 3 колекции - Мустела, Авене и Еуцерин кои имаат линија за аутопичен дерматит. Се надминува со тек на време како се стекнува имунитетот.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.