Не сум била сама. Јас елече само и облеков. Гледам се наоблечени со капи и шалови и само викам моето најлесно облечено.
Веќе се збореше наназад дека периодов немате потреба од креми за сончање посебно кај мало бебе. Немам искуство со кремава но веќе кога се збори за нив еве од мене една препорака за крема со физички филтри: Ја има во Зегин околу 500 ден е, таа со 50ка фактор е околу 800 ден.
И јас не сум мачкала дете со креми со заштитен фактор и сметам дека до годинка не треба да се мачка. Цело лето го поминавме надвор, бевме и на одмор и ништо не сум мачкала. Избегнување на јакото сонце, тоа секако. Годинава ќе изберам некоја крема со физички филтри, ама ќе мачкам само кога ќе сме на плажа.
Мамички, дали сте користеле Becutan прашок за перење алишта и омекнувач? Becutan козметика и Becutan пелени за новороденче? Ве молам искуства со нив ......или друг предлог.
Прво зедов бекутан 2 во 1 прашок со омекнувач и алиштата ми мирисаа грозно. Потоа зедов мерикс бејби и чико омекнувач (околу 2 месеци перев со него сега веќе 2 месеци со тета виолета жолт) и алиштата прекрасно мирисаат. Од бакутан користам само влажни марамчиња. За други производи од бекутан немам искуство. Од козметика за бебе користам еуцерин маслена купка и логона лосион од невен.
Ништо од Бекутан не користам, откако прочитав дека има нафтени деривати во неа, бегам За перење јас користам течен бебешки Ариел, можеш и Персил, Фрош, нека биде и Бекутан ако тој го сакаш, но секогаш пуштај на дупло плавење и од ниеден прашак ќе немате мака. Омекшивач јас ставив на Чико само првиот пат кога перев и никогаш повеќе.. Козметика поевтина, а убава по препораки тука можеш на Алверде, исто и на Хип ја фалат. Пелени Бекутан јас имав од Клиника добиено пакување и плус на поклон, ги искоростив, ама многу шкорави беа, повторно не би купила. Купи, види, пробај може тебе ќе ти се допаднат..
Peleni bekutan nikako... znaci dobiv ednas na podarok stavam pelena go ostavam bebe vo relaksator dodeka jadam pola saat ne pomina go zemam bebe mokro do vrat ... sreka vidov inace da spiese ke sedese 3 saati ke se nastine mokro... iskreno pampers cela nok ne gi menuvam po 6-7 saati nikogas ne se slucilo toa... a kremite samponce vlazni toa se si e ok...
Користев детергент Бекутан за мене и маж. За нас ми е океј. Мене убаво ми мирисаше, баш на бебе. Претпоставувам не би правел проблем и на бебе. Плави два пати и нема што да се плашиш. По мене сите дерергенти се полни хемикалии, а нормално да ги избегнеме не може. Влажни добив подароци за мекици и споредувајќи ги со Памперс уопште не се влажни. Дури ми изгледаат ептен суви. Па ќе ги користат мама и тато. Претходно кога ги користев јас , кога немав бебе ми се чинеа ок. Ама сега во споредба не ми се допаѓаат. Виолета(белите) на база на вода ми се подобри, после Памперс. А нема голема разлика во цена ако ги земаш во Зегин во пакување со 4 пакети. Шампончиња и друго немам користено. На Хип сме од почеток. Ги избегнувам оти читав дека содржат нафтени деривати и чудби . Иако јас уживам во мирисот на Бекутан.
бекутан влажните марами ми се добри и нив ги користиме секогаш. Доволно влажни и убаво мирисаат. Шампон и купка за поголемата ќерка сум купивала ама не бев нешто задоволна. Ја прават сува косата. И кремата со фактор Бекутан летото ја пробавме ама далеку подбри се Каротен со заштитен фактор. Обичните креми за лице, млеко за тело и лосионот Бекутан за мене ги имам користено ама на бебе не би ставила. Детергенти Бекутан не сум користела, а пелени освен Памперс други и немам пробано за ќерките.
Низ аптеки, маркети секаде ја има. Се на се еднаш имам до сега земено од локална аптека. Земав цела колекција ама само купката ја користам. Капнувам капка во вода и толку.
Меки се, не пропуштаат, не потат, нема мокро газе, ретко кој има реакција од нив, ама има и што се жалат и не им одговараат. Одбери си ти сама со кои ќе почнеш, па ќе видиш како тебе ќе ти се допаднат Имаш на Бејбилов, Пуфис, Виолета, Јес мислам да беа што само Зегин ги држи, Дајперс...
Definitivno da pampers moze se poskapi ama poisplatlivi... sto ako drugite se poeftini pocesto ke gi menuvas , ke propustaat ke peres poveke ... siromaviot dva pati plaka za se e taka ...
Jaa momentalno koristam bekutan prasokni omeknuvac za decata, od merak. Mnogu go sakam mirisot. Ok e. Kako i sekoj prasok. Kupkata na sebe sum ja probala i ja susi kozata, na bebe ne bi stavila. Na sinot imam staveno 2 3 pati peleni m, gi dobiv kako testeri, uzas. Kruti i mocki do vrat
Јас го користам течниот детергент+омекнувач на Бекутан од првите алистенца на бебе па до ден денес...Сестра ми 18м на внук ми исто од прв ден.Се немаат ни нафрлено ни едно брумче и двајцата.И јас и сестра ми цела бременост што не чешаше кожата само Бекутан со Овес ни помогна и ден денес се мијам со тоа...ни инфекции ништо (тоа што ми поминува при плакнење) Исто и за мене и сестра ми пелените на Бејби лав и марамиците се топ ни ми пропуштило преку ноќ а и на една рака можам да избројам дали 4-5 пати за 4м ми пропуштило странично преку ден но кога имало каки... Секоја кожичка на бебе е различна и не секој исто реагира од ист препарат...а дека во секој детергент и сл.има хемикалии има... Така да ќе си пробаш и сама ќе одличиш бебе што ќе му ставаш...