Девојки, дали некоја користела козметика на Sebamed за новороденче? Гледам користите Alverde, но јас на почеток на бременоста ја користев нивната крема за очи и ми ги црвенееше очите, па не би ја користела на бебче.
Мила Алверде еве јас сеа скоро почнав да ја користам по препорака на @Biodevojka и козметиката им е органска/природна, без парабени и нее третирана на животни и баш пред да ја земам читав за неа и не наидов на ниеден неубав податок. Пред да ја пробам на синот прво јас ја пробав ( секад прво јас све пробувам ) и буквално со отворени очи и од шампонот ставав на очи, и од кремта за ветер и студ, па и од кремата наменета за лице малата. Искрено никаков проблем немав па ни он. Инаку Себамед ја користи другарка ми за малата и е презадоволна.
Jas. Super e. Posebno mi se svigja sto e ph 5.5. Najubava mi e extra soft kremceto za se go koristam epten hidrira.
Мене малку ми е страв од мирисите...може да направат некоја несакана реакција? Или да гледам и на мирис кога ќе купувам козметика? Размислувам дали е подобро ако воопшто не мириса.
Користам на Веледа шампонче и крема за лице, имам и за пеленска регија, но едно 5пати дали имам ставено, мириса убаво,, нежничко, на чисто, природна козметика е. Но бидејќи сме со дерматит на лице, ставам понекогаш крема на Мустела Стелатопија и бањам со маслена купка Стелатопија, смрдат не знам обичните какви се, но овие се ужас! На нешто обавезно ќе мириса, не знам дали има воопшто без мирис некоја козметика ти кога ќе бираш задржи се на состојките и штетните супстанци да ги нема
Mojata stelatopia ne lepi i poretka e po tekstura od atopi controlot. A ova bas e ko za telo. Stelatopiata e poodobra spored mene
Јас може да ти гарантирам само за Алверде, со оглед на тоа што другава ја немам никогаш пробано. Алверде ја користише сестра ми за двете малечки и беше презадоволна. Цената е одлична а квалитетот е навистина многу добар. Мислам дека е една од најекономичните козметики кај нас која истовремено е и квалитетна, природна и со состојки од органско потекло. Поздрав.
А какво ви е мислењето за Бекутан? Читав дека имаат штетни состојки и дека не се препорачува за новороденче, ама па луѓе што работеле во Алкалоид, велат дека е добра козметика.
Дали има некоја искуство со користење козметика Џонсон кај новороденче, поконкретно виолетовата колекција со лаванда мислам беше? Некако ефтини ми се видеа производите кај нас во маркет.
Мајки кои користите Мустела Стелатопија маслинеста купка, на син ми му се појави дерматит на рамењата и лактите на 3 месеци дали после бањање го поминувате бебето со чиста вода бидејќи на купката пишува да не се одмива и дали и колку сте задоволни од резултатот? Или што би ми предложиле да купам? Стелатопија користиме по препорака на педијатар пд Систина, ама мислам дека само прават реклама
Маслената купка ја користев само додека беше најисфрлен, не го одмивав, како пишува во упатството така правев, уствари пишуваше ако не се лажам да отстои 10тина мин во водата па да бањаш, јас оставав околу 5мин и ставав бебе.. И кремата ја користам и јас сум презадоволна, џам му го направи лицето и сеуште а се исфрли мачкам и минува за ден/два, само многу лошо мириса, да не речам смрди и се лепи Ако не сакаш Стелатопија види со А-Дерма тука доста ја фалеа, а и поевтина е..