Точно немаат ни алкохол ни мирис ни лосион чисти се.Сестра ми 18м за внук ми ги користи нема никаков проблем а е со атопичен дерматит никогаш немал ни пеленски осип од пелените бејбилава ни од марамиците и јас 4м од само раѓање си ги користам.Сите сум ги пробала што се без парфем (плави,зелени,бели) и сите се исти не му направиле никакви промени ни еднаш сме немале пеленски осип или од влажниве..и пелените на Бејбилав исто пд старт ги користам
Мамички, сакам да ве замолам да погледнете што имам купено од козметика и да ми предложите што да докупам. Благодарам .
Најдобро од Зегин оригиналната павловичева купи ја Еве ти сличе, ама таа е, една е и само во Зегин ја држат.
Мими ти и до козметика стигна Јас абер неам, ни алиштенца не сум докупила Супер е сѐ, само онаа крема за ладно време верувам нема ни да ја употребиш сѐ до наредната зима И јас ти ја препорачувам Павловичева оригинал за газе, и јас планирам таа да ја земам, јас дури ја мачкав ќерка ми со неа после бањање од глава до пети
Сум купила крема за ладно време? Која е таа? Малата? Ме изнасмеа.....врска немам дека такво нешто сум купила. Си ги земав сите по ред од рафтот (читав и декларации ама сите ми беа исти). Ќе ја земам Павловичевата, од Еурофарм, како што кажаа девојчињата погоре, таман за поени. Инаку, да, стигнав, уште коритце и релаксатор од крупните работи и спремни за baby girl.
Освен оргиналната павловичева, една од подобрите е и оваа со перу балзам. Мене ми ја препорача мајка ми по нејзиното долгогодишно искуство во оваа област и кој ја пробал се нема пожалено. Секое црвенилце минува со неа. Лично и рачно си ја изработува хрватката. Само има еден проблем веќе е возрасна и не се знае дали ќе продолжи да ја прави. Ја има во одредени аптеки. Ако ја сретнете слободно пробајте, препорачувам.