Od sam start sme so Hipp.Mesec ipol negde stavav edna kapka od kupkata vo voda.Ja plaknevme so caj od kamilica rastvoren vo voda.Ne ja mackav mleko,si mase cista kozicka.Nit crvena nit se lupese.Posle pocnav da ja mackam.8 Meseci za nekoj den,uste sme na Hipp. Patem vo Ramstore imaat akcija Denes si kupivme
Во систина на предавањата беше потенцирано да се мачка новороденче по телото заради хидрација на кожата. Баш имаше прашање за кокосовото масло и беше кажано НЕ заради дишење на порите.
Не кажа ништо за јекодерм. Кажаа детски хидратантни креми/лосиони. Јекодерм не беше спомнато. Јас не сум купила до сега.
Јас Неда ја мачкав со Јекодерм ама татко и се пожали дека детето лошо му мирисало. И престанав почнав со Corine de farme од Зегин да ја мачкам. Ми направи едно суво делче на едната страна од градите. И фатив цело тело со Павловичева оригинал да и го мачкам. Преубаво, се упива брзо, убаво мириса, сувото го снема. И сега само тоа користам и на Weleda од невен за пеленска регија оти многу ми се вцрвува брзо на дундето.
Lele be majki pomirisav bebe na edna drugarka.Ke si isturev crevA.Ne e ubavo da kazam ama...prasav so sto go macka.Jekoderm.Auuh.Jas nikogas ne kupiv toa
Со влажни не бришам баш ради тоа а пелени сменив 3 врсти и сега конечно со Даиперс се потсмири. Од болница си дојдовме со црвено дунде и стасавме до рани отворени за два дена. Со А дерма ни се среди ама од време на време пак се јавува, многу поблаго од тогаш ама сепак ако повеќе од 2 саата и стои пелена несменета одма вцрвува. Мајка ми вика дека и јас сум била такво бебе. Па оти е многу бела жарче и се прави.
Не купив ни јас јекодерм баш поради страв од мирисот. Логона во Плодност ми дадоа, презадоволна сум, убаво мириса и за еден ден престана да и се перути кожичката.
Мајки, за почеток каква Мустела користевте? Стелатопиа или обична? Во аптека ми рекоа дека стелатопиа е ако има проблем со кожата.
Прашуваш за во старт?? Ќе си зедеш ,,обично,, млеко за тело, па понатака ако не дај боже имате мака со кожичката ќе зедеш Стелатопија, таа да е за проблематична кожа склона кон иритации и атопија. Инаку од искуство, јас со овој памет не би купила никакво, па ако треба, многу е сува кожата ќе се купи соодветно. Би зела само шампонче, маслено ли, купка ли, обично сеедно, за мачкање ништо. Првиот месец не го мачкав по тело со ништо, уствари едно 2-3пати од мерак го намачкав, па и толку вриштеше кога беше гол што само побрзо гледав да му натнам облеката од вториот доби дерматит па ете почнавме со Стелатопија, а млекото за тело ене го дреме веќе 6м, а не се евтини богами ни Мустела, а јас Веледа имав земено На лице првите 10тина дена мачкав Јекодерм (некој го мрази мирисот, некој не, мене сеедно ми беше, стакло му се стори кожичката)
Моево е 2.5 месеци и само 2-3 пати(еднаш месечно ќе му дојде) ја имам намачкамо со уљето од веледа. Здрава кожа не третирам никогаш. Исто се однесува и на пеленска регија и на лице.
Дали сте користеле некој шампон што е против перутење кај деца? Кај малава моја се појавија пред некој месец како корупки, за првпат. Користевме мустела пена против корупките и се исчистија. Еве сега пак ѝ се појави како перутење, ама на одредени места, дури се и разранети, изгледа се чешала во спиење. Ја користам цела колекција на хипп, по препорака на дерматолог, затоа што има сува и осетлива кожа, ама ете шампонот изгледа не ѝ одговара. Има некој вакво искуство и да каже каков шампон користел?
2,5 месеци ли порасна дундето? Леле како вчера да пишувавме машко ли е или женско. Колку бргу мине времето. Кога се роди џивџи на почетокот неколку пати ја имам мачкано со алверде кремче по телото, сега ич, ептен мазна кожа има. Лицето обавезно секој ден, зимскиот период многу ѝ беа суви и црвени образите ама помина тоа. Сега ретко сабајле кога и мијам очи да заборавам да и го намачкам со хип. Купката хип уште од раѓање ја користи еве 8+ месеци. Кремче за лице и купка за бањање хип, павловичева кога има црвено газе, тоа користиме од козметика.
Јас купив веледа за почеток, па се префрлив на мустела. Се иафрла на почеток, па мислев од веледата и е. Ама било нормално на почеток, "се чистеле" бебињата. По препорака на педијатар, мачкам по секое бањање млекце/лосионче. Има убава кожичка, ама сепак ми рекоа за хидрирање било добро и ја мачкам Стрлатопиа купив за трерирање на едно кругче околу устето кое и се правеше од плунка затоа што рацете и беа везден во уста. Помагаше, па после не бркаше работа. Зедов а дерма после. Е а дерма ми се виде поефикасна. Ја мачкам на лицето сега по секое бањање.
Големиов имаше такви проблеми, ама не го чешаа. Со шампонот од НатураВерде од бебешката колекција му се смири и корупките се повлекоа. Ама кај него беше од што не му ја измивав убаво главата од шампон, оти има густа коса, а не сака многу поливање на главата со вода. Со овој шампон се среди. Го купувам од маркетот во Веро Џамбо, на друго место не сум видела да го има. Инаку има уште еден шампон кој дерматолог го препорача за ваква ситуација, тоа е шампонот од ноќниче на Др.Тајс, го има мислам во Зегин. Немам искуство, ама штом дерматолог го препорачува, веројатно е добар.
Мојава има долга коса, ама темелно ѝ ја измивам секогаш. Има посува кожа и доста осетлива, па си викам може и скалпот си бара дополнителна нега. Фала ти, ќе ги побарам шампоните. А кажи ми дали некако ги отстрануваше корупките со чешел или сами паѓаа?