За нас што не сме од Скопје и немаме ДМ во градот, која колекција за новороденче ја препорачувате? Со нормална и прифатлива цена, секако.
Мислам и Нивеа бабу не е лоша , пријателка а користеше , задоволна беше .. ама и хип е добра нема грешка ..
А летно време ги мачкате ли новороденчињата после бањање со лосион или масло на телото и лицето? Дека е многу жешко, а пак нив кожичката им е многу осетлива... Во недоумица сум што да земам зашто имам уште некои две максимум три недели до големиот ден.
Recisi nikogas go nemam mackano, edno vreme samo mu bese suva kozata od kolencata nagolu pa go namackav nekolku pati so jekoderm i so mleko od neven na Corine de farm, ama toa sè na sè dali 10tina pati vo negovite 18 meseci. Letno vreme pak ic ne e preporaclivo, samo ke mu gi zatvoris porite i ke mu ja spuriš kozata.
Само тело, кожичката им се менува и целата се лупи. Некоја полесна хидратантна крема/млеко. На лицето не мачкам.
Па и јас мислам дека со лосион ќе му ги затворам порите. Нешто полесно и не мрсно ќе барам. Фала ви женски.
Нас во зима ни рекоа да не мачкаме, во лето па ич на планирам. Ама сѐ зависи каква кожа ќе има, затоа најубаво педијатар ќе ви каже после пораѓај.
јас сум многу задоволна од алверде 2 во 1 што е за бебиња. хип користам шампон за полеано расчешлување и од хип сум исто задоволна.
Ни лице ни тело мачкам овој период, стакло и е кожата. Единствено зимоска и се суви образите па тогаш ја мачкам на лице.А газе ако се поцрвене.
Здраво на сите , јас сум 38недела сакам да прашам, за сам старт кога го донесовте дома, со што го бањавте новороденчето?дали користевте козметика и што е тоа со мачкање јекодерм корисен ли е?
Aderma гел за миење и крем за мачкање. Француска козметика за бебе, без конзерванси, не прави алергии, убаво мириса. Крем само на газето и под мишки, а ако се јави црвенило, се мачкаат креми со цинк-јас користев Цикалфат крем и сеуште го користиме, за секакви црвенила, чешање, посекотини, убоди од инсекти и слично.
Јас купив колекција weleda, купка, лосион и крем за газе ... Прашував млади мајки, повеќето имаа комбинации као купка една, оригинал павловичева за газ и лосион трет. Јас сметав дека можеби не треба да мешам брендови од сам старт. Апотекарката ме убеди дека weleda се добри, германски, органски...па ќе видиме и од газето зависи
Не си згрешила со веледа. Убава козметика е. Јас за бањање користам хип (дека од почеток имав купено, па уште дотрошуваме), а се останато ( за лице, тело, пеленска регија) од веледа.
Веледа за пелебска регија е со цинк. Мене ми рекоа педијатри не за секој ден/секоја промена. Само кога ќе видам дека е зацрвенњто газето, тогаш ставам.