Не видов ваква тема,па сакам да ве прашам дали на децата им пуштате наши песни од златно славејче,од си-до,од поточиња...Јас му пуштам од златно славејче,но гледам дека веќе и се досадни да ги слуша
Да До ре ми фа ми до ре, ре ми фа сол фа ре ми.. песничка јас напишав,само немам стихови.. никола николааа ... никола ни е омилена ,а јас ги научив сите напамет
Слушаме секакви, и македонски и англиски, и српски. Си има некој песнички него што му се омилени и тие ги вртиме по цел ден, на памет ги знам сите и јас си ги пеам цело време, и кога се бањам и кога шетам, во глава само тие ми се вратат. Омилени македонски му се: кап кап, Никола, Боби баш ми е гајле, 5 мали мајмуни, слончето бимбо и др. Српски: змија, мали миш, учимо да бројимо, ишли смо у Африку, деда Миле има фарму и остали. Англиски: од cocomelon слуша обично тие миксовите по 1ч што се.