Модата стигна и кај нас па видов шетаат дете и со поводник. Иако навистина не знам дал е тој точниот збор, бидејки поводник е каивчето со кое се шетаат кучињата, но ова е речиси идентично само кај деца. И мене ми личи како да шеташ куче, а не дете Не знам колку е практично и дал е практично, ама вака на око е грдо Си го фатил за ремче детето и како куче одиш да го прошеташ. Можеби вака размислувам зашто само го гледам а не ги знам практичните примени на подводникот за деца. Визуелно не изгледа убаво. Па мамички и идни мајки дали ви се допаѓаат овие подводници и дали би купиле и со нив би го шетале вашето дете. Ако ви се допаѓаат зошто? Ако не ви се допаѓаат пак зошто?
Детски подводник (kid keeper) Лелее сум видела дека ги шетаат со овие,како со оглавчиња. Баш како кутре да шеташ а не дете.Тие може практични се за да се шета,да не паѓа (ова кога се учи да оди валда се користи),и да не се грбавиш да го држиш ама сепак многу грдо ми изгледаат. Може би купила за мое дете ама за дома додека да се научи да оди ,но за надвор па и незнам баш дали би го шетала со ова.
Детски подводник (kid keeper) Како што гледам од сликиве ептен врши работа Е сега да, потсетува на куче зашто вакви подводници само кај кучиња се гледале, ама ако ми служи би го користела во секој случај. Се е навика.
Детски подводник (kid keeper) Да стварно како за куЧе е ама ако е корисно зашто па да не во секој слуЧај би размислила !!!
Детски подводник (kid keeper) И го шеташ детето те гледаат чудно луѓето, зимаш дрвце фрлаш и му викаш ајде трк И сите ааааааа Шема бре Или си го шеташ кучето во лева рака на подводник, детето во десна рака. Практично Не знам зашто ама многу ми се смешни и си правам во глава ситуации и споредби, како ќе ги шетам кучето и детето заедно, може и ист подводник
Детски подводник (kid keeper) Интересно. Да го модифицираат малку, нема гајле. Практично е бааги. Таман јас додека имам дете нема да биде толку чудно.
Детски подводник (kid keeper) Вакво чудо имам дома за кучето.Значи, подводник имам, сега уште дете фали ... Па, еднаш детето, еднаш кучето на шетање.И така...еднаш дете,еднаш куче...може и да се збунам,па на детето да му кажам- фуј тоа! Шала на страна, ова ми е кретенизам!
Детски подводник (kid keeper) Леле глупости живи, дечињата внатре како кутриња.....воопшто не ми се допаѓа како изгледа. а не знам ни какво е мислењето на ортопедите за ова?
Детски подводник (kid keeper) Доста практично ако имаш 5-6 деца Инаку не, имам видено и не ми се допаѓа, ме потсетува дека носат куче наместо дете, и ми дава чувство дека не им е гајле за детенцето
Детски подводник (kid keeper) Вујна ми да го имаше ова на времето кога го учевме братучед ми да оди, сигурно ќе го благословуваше тој што го измислил. Прво раце ни паѓаа кога го држевме малово, а кичми не осеќавме додека не прооде. Исто кога излегоа кенгурките викаа дека лошо изгледало, како обесено било бебето и не знам какво, ама сите ги носеа. Јас сум за подводникот. За некоја година ќе се измодернизира и пак сите ќе ги користат.
Детски подводник (kid keeper) Ова одамна го има, не е од сега. Имам јас од снаа ми, уште од првото дете пред некои си 6 години. Ама не би го користела, не ми се допаѓа воопшто. Баш како куче да шеташ, а не дете. Ма ќе се кичмам ако треба, ама не го користам. Мислам дека нема да му направам услуга на детето со ова, напротив. Само ќе си заоди, јас нема што да го врзувам. А за излегување, колички има фала Богу, има кај да го ставам кога ќе се умориме и двајцата
Детски подводник (kid keeper) Јас за син ми имав ваков каиш на Кико и да ви кажам искрено многу работа ми заврши во периодот кога син ми заодуваше.Овие каиши се многу практична работа и се одобрени од ортопедите затоа што со нивна помош децата подобро и побрзо учат и одржуваат рамнотежа.Втора позитивна работа е тоа што на мајката/таткото не им е свиткана кичмата и слободно можат да одат (оние кои не заодувале дете не знаат колку е тоа тешко и болно).Јас го благословувам тој што ги измислил каишите и здравје боже и за ќерка ми ќе ги користам и баш ми е гајле на кого како тоа ќе му изгледа!!!
Детски подводник (kid keeper) Како помошник за проодување не би го користела, на пазарот има многу подобри работи за таа намена, фазата на проодување е кратка, а болките во кичмата се само потсетник дека не е лесно да се биде родител Од друга страна надвор од домот ако е син ми темпераментен (читај немирен, непослушен) би го користела без размислување, децата кога ќе си ги пронајдаат ноџињата трчаат со брзина на светлината, доволно е секунда невнимание и да ти побегне, да излета на улица, да се загуби во гужва, всушност и таа е намената на подводник да може слободно да шета детето а да не ти побегне. Живеам во 6 милионски град, често гледам деца на подводници, секогаш сум мислела дека родителите исправно постапуваат ставајќи ги децата на подводник, значи се грижаат за сигурност на своето дете. Не еднаш ми се случило да останам заглавена во некој шопинг центар, а тука се сите огромни, поради загубено дете, а вообичаена практика кога ќе се загуби дете е да се направи lockdown, додека не се пронајде детето, ете тие родители ако имале подводник немало да им се загуби детето. Споредбата со куче стварно не ми е јасна, ако е во ред да се стави подводник на куче за да не побегне, нели таа му е и намената, тогаш зошто не е во ред да се стави на мало дете кое не разбира дека ако истрча на улица ќе погине?
Детски подводник (kid keeper) Прв пат вакво нешто видов во Англија и искрено и јас го имав истото мислење. Меѓутоа газдарицата каде што живеев ми опиша дека се поголем е бројот на деца што исчезнуваат а прибидејки англичанките се доста против абортусите околу себе шетаат со рој деца, тоа е единствена шанса да ги задржат околу нив. Кога ке размислиш така изгледа практично но зависи за кого како.
Детски подводник (kid keeper) Hие имавме вакво,ама им го оставивме Mакедонија за братучед ми,инаку керка ми беше заоодена кога и го купивме,и многу го сакаше,и бараше да и го ставиме,едноставно сакаше да си трчка ваму таму,и само ке и го ставевме и си се чуствуваше џоа сама се шета,трчка никој не ја држи A кога бевме во Cингапур на аеродром,знаете ли како не гледаа лугето? Kако да сме паднати од Mарс Eден храбар дури дојде и не праша A што е ова? Kако за куче изгледа? Aбе куче не куче,важно таа си го сакаше,и за нас полесно,и за неа,а во количка некој спомна можеш да си го ставиш,камо срека нашава да седеше,воопшто не седи Tоа што го постави битерсвит многу и помогна за заооди,а овај подводник не за таа намена
Детски подводник (kid keeper) ЛЕЛЕ СЕ ИЗНАСМЕААВ И ТОА МНОГО СИ ПОЛИВ СОКОТ ОД РАКАТА иначе и мене ми изгледа тоа глупо ако скаш дететода го учиш да оди ке го држиш з рака и готоово толку ли е комплицирано?
Детски подводник (kid keeper) Ne se veli PODvodnik hahaha tuku POVODNIK.. hahaha podvodnik da be za nurkanje pod voda ha ha
Детски подводник (kid keeper) син ми е многу брз цело време трча, одвреме навреме ќе ми ги пушти рацете и прави неколку чекори сам па пак ќе ме фати за раце, едно што половината ни остана друго што рацете и раменцата мислам дека ќе му ги исчашам. јас многу сакам вакво ама мм не сака ми вели само глупости ми текнувале......и сега си паткаме така. пред неколку дена бевме на роденден во игротека и младите мајки(како и сите луѓе како по македонски обичај одма знаа што ти треба и што ти фали) не е битно тоа ама ми го пофалија многу...многу било корисно
Детски подводник (kid keeper) Сеуште немам детенце,но сепак ќе кажам од мој аспект како гледам на тоа. Со оглед на тоа внук ми е ми се чини најтемпераментното дете на свет,значи не можи ни секунда да седи на едно место и искусив колку е мачно на секое да трчаш по него посебно кога е некаде надвор,а пред се за безбедност на моето дете би се одлучила за детски подводник, но само кога сме некаде надвор и кога опасноста е поголема.Изгледа малку необично и кај нас сеуште неприфатливо но од практични причини би го употребувала само за надвор повторно ќе напоменам но само со претходна консултација со ортопед и само со негово одобрување. Доколку ми каже дека не е безбедно и практично за развојот на детенцето не би го употребила. Во секој случај пред да се одлучам на тој чекор убаво би се информирала за тоа колку е практично, а колку штетно пред се за детето.
Детски подводник (kid keeper) Дај му го на маж ти да го држи и шета неколку дена по ред, да му осети и него кичмата па ќе видиш како во експресно брз рок ќе купи. Естетски не ми се допаѓаат, но естетиката паѓа во вода кога ќе се увиди практичноста. Проодувалките ми се ОК за дома, сигурно дома нема на поводник да го шетам, но за надвор (парк, улица, маркет, трговски центар и сл.) ми се ептен по ќејф. Ем за мајката ем за детето подобро, како од здраствен аспект така и од безбедносен. Подобро на поводник да го шетам, отколку кичма да ми паѓа секојдневно како и да бидам нон-стоп на штрек да не истрча на улица, да не тресне директно на фаца, да не се изгуби. Кога проодуваат се и во таа фаза на истражување кога се им е интересно и ги интересира, а сеуште се премногу мали за да знаат дека не треба да се одвојуваат од родителот. Заклучок: големо ДА за поводнициве.