Никогаш не ми било ни на дневен ред вакво нешто да земам за малата. Поводник?? Зошто? Сум сакала да го направам детето, ама не сакам да трча многу за да не се замарам јас??? Не разбирам зошто да се „ограничува“. Дете е, ТРЕБА да трча, треба да оди секаде, треба да види се`. Ние сме возрасни, треба да го пратиме во чекор, треба да го надгледуваме и да го заштитиме од опасности БЕЗ да употребуваме подводник или било какво друго слично помагало! Јас сум еве мајка нешто повеќе од 2 години, ама стварно не разбирам зошто би ми требало ова. И да, го имам дома, ми го донесоа против моја воља, ама ни на крај памет не ми падна да ја врзувам ќерка ми за јас да си го имам раатот. Ќе го имам кога ќе потпорасни, до тогаш заедно ќе си трчаме секаде
Која е разликата од тоа да си го водиш детето за раче? И така треба да одиш по него, каде тоа таму и ти, само наместо со ова си го држиш за рака. И ако е наменето за периодот кога се учи да оди па тоа не трае многу, месец-два отприлика треба дури стабилно почне да оди. Јас не гледам некаква потреба од ова...
и кога детето е ,,врзано,, со поводник и кога не е мајката пак ќе биди и ќе трча зад него. така е то ќе го врзиш со поводникот и ќе си пиуцкаш кафе!!!! и мене ми е грда сликата зато и го немам, ама неможи никој да речи дека не е корисно кога е!! и мајката, таткото безразлика кој ќе го патка ќе си биди испраен и детето нема да го тегниш за раце..
јас си знам и сите мајќи да сме искрени ,,во ниеден момент од периодот на паткање 2-3 месеци кај некои и подолго (син ми од 7 месеци патка а сега е 11) и во ниеден момент не ви идело да си пукните и да речите е неможам поќе,, невервам дека има таква мајка. и ПАК ЌЕ ПОВТОРАМ И МЕНЕ МИ Е ГЛУПО ШТО Е ВРЗАНО И ЗАТОА И ГО НЕМАМ И СУМ ЦЕЛ ДЕН ПО НЕГО И СВИТКАНА
А бе стефи, не се разбираме... И ни пукнало, и ќе ни пукнува допрва, ама јас само сакав да ти укажам дека со поводников НЕМА ДА МОЖЕШ ДА ГО ПАТКАШ, нели гледаш? Значи, ќе го ограничиш само во просторот на трчање и движење, ама ова за проодување - Јок. Ова е за после, да не случајно ти избега некаде
Јас го користев! Син ми се исправаше и одеше со придржување уште пред годината. Ама несакаше никако да се пушти сам. Го купивме поводникот и после четири дена користење се пушти сам, уствари не беше ни свесен дека е сам мислеше дека го држам.
Имаше вакви модерни направии и кога моите беа мали,не сме ги користеле. Ние само ,,Кичма Транс" користевме. Не ми се допаѓаат воопшто,како куче на ланец да држиш.
Мислам дека ова ќе биде првата работа која здравје Боже ќе ја купам... Имав 9 години кога брат ми проодуваше, ама уште не сум заборавила како боли кичма... Ај додека проодуваше, ама кога почна да реча, е тука маф ни беше работата. Моменти требаа да смета на улица, и викаше само Џиш, џиш!!! Тоа беше автобус од некои необјасниви причини. Кај што сме кумови купивме проодувалка за кумашинчето, и не плагословуваа, па после тоа купивме и ваков поводник и пак не благословуваа. Видов колку практична работа е. И да, ич нема да ми биде гајле дали ќе ме гледаат наопаку или домашните ќе речат дека е срамота...
Мене баш ми се слатки ваквите појаси што се како животинчиња, демек ремечето е опашката. Никогаш не сум помислила ништо лошо за мајките што вака ги носеле децата, во смисол како кучиња дека ги шетаат. Ама не сум планирала да користам нешто вакво за моето дете баш дека не сакам некој да ми го гледа детето како домашно милениче, а гледам дека стварно има корист од ова. Знам дека многу деца сакаат да бидат самостојни и не даваат да ги држиш за рака, а уствари за секој трет чекор се сопнува и паѓа. Искрено, после пофалбите што ги прочитав на темава можеби ќе размислам да си купам едно за моето идно дете. Па зошто да не?
Оф леле. Јас се ежам кога гледам вакви.. баш како куче да шеташ.. Разбирам претешко е. Моево еднаш ми побегна, срце ми застана не можев да го стигнам колку брзо трчаше. Вакво чудо добивме на подарок, јас не го користев, ама маж ми го користеше на друг начин . Го ставаше детето во него и си го врзуваше околу врат, како кенгур да дојде и го возеше на точак. Смешно изгледаше ама се радуваше малото.